ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА БЛАНКЕРС-КОЕН
ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА БЛАНКЕРС-КОЕН
a-pin-dim КРАТКИ ВЕСТИ АТЛЕТИКА ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА БЛАНКЕРС-КОЕН Легендарната холандска атлетичарка Фани Бланкерс Коен почина на 85-годишна возраст во Амстердам. Спринтерката постави 20 светски рекорди во текот на својата кариера и беше единствената женска спортистка со четири злата на една Олимпијада во Лондон во 1948 година. ИААФ ја прогласи Бланкерс Коен за спортистка на 20. век. Таа беше 30-годишна мајка на две деца кога во 1948 победи на 100 и 200 метри, 80 метри со пречки и 4х100 метри, предизвикувајќи вистински скандал во конзервативните кругови. БОКС ЛУИС ДОБИ КРАЕН РОК НА 15 МАРТ Ленокс Луис до 15 март мора да одлучи дали ќе ја брани својата титула во тешка категорија откако Светскиот боксерски совет (ВБЦ) му се закани со одземање на титулата. Тренерот на Луис, Емануел Стјуард, вели дека верува во Британецот и во неговата желба да боксува со Украинецот Витали Кличко. 'Тоа е единствениот меч кој тој го сака и мислам дека ќе се согласи да боксува', вели Стјуард. ГАТИ СТИГНА ДО ВБЦ КРУНАТА Американецот Артуро Гати ја освои ВБЦ титулата во лесна-велтер категорија откако со 116:111/116:111/115:112 го победи Италијанецот Џанлука Бранко, а победата е уште похеројска ако се знае дека Гати боксуваше со напукната коска во десната дланка од петтата рунда. НХЛ 'СЕНТАТОРИТЕ' ГО УНИШТИЈА ДЕБИТО НА ЈАГР Првиот натпревар на супер-ѕвездата Јаромир Јагр за Њујорк Ренџерс заврши со посрамотувачки пораз од 9:1 од Отава Сенаторс. Јагр дојде во Њујорк во петокот и во своите 20 минути на мразот успеа да упати само еден удар на голот. Ренџерс, кои го имаат пропуштено плеј-офот шест последователни сезони сега имаат четири порази по ред. РЕЗУЛТАТИ: САБОТА Филаделфија - Бафало 2:1 Бостон - Флорида 1:2 Отава - Њујорк Ренџерс 9:1 Колумбус - Чикаго 4:3 Монтреал - Торонто 1:4 Атланта - Њујорк Ајлендерс 0:3 Питсбург - Колорадо 3:5 Сент Луис - Далас 2:3 Феникс - Детроит 5:2 Калгари - Темпа Беј 2:6 Едмонтон - Нешвил 3:4 Сан Хозе - Минесота 4:0 Лос Анџелес - Анахејм 4:2 ПЕТОК Каролина - Њујорк Ајлендерс 2:1 Флорида - Вашингтон 4:1 Њу Џерси - Монтреал 2:0 Далас - Сент Луис 2:0 Анахејм - Минесота 6:2