Starosta na Makedonskata crkva
Starosta na Makedonskata crkva
Maverik Два документи земени од архивите на Ватикан, Париз и Будимпешта фрлаат нова светлина за староста на македонската црква и втемеленоста на христијанството на овие простори. Документите според преведувачот Миле Богески од Прилеп потврдуваат дека пред Охридската постоела Скопска Архиепископија, а Струга била седиште на Архиепископија уште од 5 век кога на овие простори немало ваква црква. „Најзначаен документ е оној од 448 година кој говори за постоење на Скопска архиепископија каде се спомнува архиепископот Усинус. Друг документ е оној за постоење на архиепископија во Струга, кој не им беше познат ниту на историчарите ниту на археолозите“, рече Богески. Филологот Миле Богески до документите дошол вршејќи превод за едицијата „Црковна историја на Црна Гора“. Според него ова е силен аргумент за МПЦ, во овие за неа турболентни времиња. „Сето тоа говори за постоењето на христијанството на овие простори уште пред доаѓањето на словените“, вели Богески. Копија и превод од документите филологот уште во 2002 година доставил до Битолската Митрополија но од таму се уште нема одговор. Izvor A1