Spanski Fudbal
Spanski Fudbal
StormAngel ПРИМЕРА ДИВИЗИОН - 25. КОЛО Ь ТРГНА НА БАРСЕЛОНА Барселона може да се пофали со неверојатна за нив серија од пет победи од кои особено е значајна последната на Местаља во големото шпанско дерби. Каталонците со ови три бода се вратија во игра за пласман во Лигата на шампиони, додека, пак, Валенсија полека губи чекор со Реал Мадрид кој по 25. коло им бега пет бода. На средбата на која и двете екипи ставија акцент на одбраната не ни можеше да се очекува убав фудбал, а во ваквата игра подобро се снајдоа гостите. Резервистот Жерард во 78. минута по ударот од аголот на Чави беше највисок во петерецот на Валенсија и ја смести топката зад грбот на Виктор Валдес. Надежите на Валенсија да дојде до израмнување ги сруши вториот жолт картонза Карбони неколку минути подоцна. Иако н ја донесе победата на својата екипа Жерард не се радуваше за постигнатиот гол бидејќи ги постигна против својата поранешна екипа. Кај Валенсија, пак, очигледно беше отсуството на повредениот Аимар без кого средниот ред на Ел Че речиси и да не постоеше. Единствената шанса за која може да жалат домаќините ја имаше Рикардо Оливеира, кој биеше над голот по двојната комбинација со Миста. И без помошта на суспендираните Гути и Бекам, каки и повредениот Фиго 'кралевите' немаа проблеми во освојувањето на бодовите во дуелот со Еспањол. Како и против Валенсија повторно имаше сомнителен пенал над раул кој во гол го претвори Роналдо, но затоа судијата компензираше со исто така сомнителниот пенал за домаќините кој го релизираше Тамудо. 'Бомбата' на Роберто Карлос го врати водството на Реал за на 3:1 да зголеми Раул Браво со првиот негов гол сезонава. Роналдо со мала мајсторија во 69. минута кога си поигра со голманот на Еспањол дојде и до својот втор гол на средбата ( вкупно 20. сезонава). Дојде крај и на успешната серија на Радомир Антиќ. Поразот на Селта во мечот со Малага го наговести црвениот картон на Серџо веќе во 12. минута по што гостите немаа проблеми да дојдат до победата. Ударот на Герман Хорнос со глава во судиското продолжение н ја донесе победата на Севиља оставајќи го Реал Сосиедад со празни раце. Иако играше против противник кој се наоѓаа 11 позиции над нив на табелата Сарагоса убедливо го порази гостинскиот Виљареал. Во мечот кој двете екипи го завршија со по 10 играчи во поле (исклучени беа Квартеро и Алварез) Сарагоса беше доминантна во целата средба и сосема заслужено дојде до високата победа, а единственото што успеаја да го сторат гостите беше голот од белата точка на Рикелме. РЕЗУЛТАТИ: АТЛЕТИКО (М) - ЛА КОРУЊА 0:0 ЕСПАЊОЛ - РЕАЛ (М) 2:4 Тамудо 32' (п), Лопо 85' - Роналдо 26' (п), 69', Роберто Карлос 52', Раул Браво 67' СЕЛТА - МАЛАГА 0:2 Салва 15' (п), Алонсо 89' СЕВИЉА - Р. СОСИЕДАД 1:0 Хорнос 90' ВАЛЕНСИЈА - БАРСЕЛОНА 0:1 Жерард 78' АЛБАСЕТЕ - МУРСИА 1:0 Куарадо 8' (а.г.) ОСАСУНА - МАЈОРКА 1:1 Алоиси 16' - Делибашиќ 6' Р. САНТАНДЕР - ВАЉАДОЛИД 1:0 Диаз 67' САРАГОСА - ВИЉАРЕАЛ 4:1 Понзио 4', Кани 20', Дани 38', Виља 79' - Рикелме 62' (п) АТЛЕТИК (Б) - БЕТИС синоќа ТАБЕЛА 1 Реал (М) 25 17 5 3 50:27 56 2. Валенсија 25 15 6 4 46:18 51 3. Ла Коруња 25 15 5 5 41:17 50 4. Барселона 25 12 7 6 39:28 43 5. Атлетик (Б) 24 10 7 7 31:28 37 6. Атлетико 25 10 7 8 31:31 37 7. Виљареал 25 10 6 9 36:34 36 8. Бетис 24 9 8 7 32:26 35 9. Осасуна 25 8 11 6 25:22 35 10. Севиља 25 9 7 9 35:27 34 11. Малага 25 10 2 13 35:40 32 12. Р. Сантандер 25 9 6 10 33:38 32 13. Р. Сосиедад 25 8 7 10 30:36 31 14. Ваљадолид 25 7 8 10 28:36 29 15. Мајорка 25 8 5 12 29:43 29 16. Селта 25 6 9 10 34:43 27 17. Албасете 25 7 5 13 24:34 26 18. Сарагоса 25 7 5 13 27:36 23 19. Еспањол 25 6 2 17 24:47 20 20. Мурсиа 25 2 10 13 22:41 16 ИДНО КОЛО (29.02.2004) Бетис - Севиља; Ла Коруња - Барселона; Еспањол - Валенсија; Реал (М) - Селта; Р. Сосиедад - Албасете; Ваљадолид - Сарагоса; Мајорка - Атлетико (М); Виљареал - Атлетик (Б); Малага - Р. Сантандер ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 20гола - Роналдо (Реал М.); 14 гола - Салва Балеста (Малага); 13 гола - Миста (Валенсија); 12 гола - Фернандо Торес (Атлетико М.)
StormAngel ПРИМЕРА ДИВИЗИОН - 27. КОЛО ВАЛЕНСИЈА ОСТАНУВА ВО ТРКА ЗА ТИТУЛАТА Во големото дерби на Примерата Валенсија триумфираше на Местаља со 3:0 над Ла Коруња, по што стана јасно дека избраниците на Рафа Бенитез ќе продолжат да се борат со Реал за титулата, додека шансите на гостите за такво нешто се сведоа на минимум. Средбата може да се каже дека беше решена по првите 20. минути, во кои имаше два пенали за домаќините, а воедно и црвен картон заработи Мауро Силва. Првиот удар од белата точка на Рубен Бараха (за старт над Висенте) го одбрани Молина, но во 21. минута од втората шанса домаќините не згрешија. Андраде и Молина се обидуваа да го сопрат Миста, но топката им побегна, на неа налетаа Аимар и Мауро Силва, а епилог од оваа мешаница беше нов удар од белата точка и црвен картон за фудбалерот на Ла Коруња. Овојпат од белата точка не греши Висенте и Валенсија се најде во водство. Со предноста од играч повеќе Ел Че безуспешно се обидуваше да ги реши дилемите околу победникот, а Ла Коруња преку контри бараше шанса за евентуален бод. Сепак мрежите мируваа до последната минута кога Хуан Санчез (влезе на местото на повредениот Аимар) и Висенте по втор пат го поставија конечниот резултат. Низ малерозен викенд мина лидерот Реал. Одиграа само 1:1 на гости кај Сантандер, со што им се стопи предност пред Валенсија на шест бода, а воедно го загубија поради повреда и најдобриот стрелец Роналдо. По акцијата на Зидан и Бекам, Сантијаго Солари го отвори резултатот, а 4. минути подоцна израмни Бенајун. Тежок дебакл на домашен терен доживеа Селта и тоа од конкурентот за опстанок Еспањол. Предводени од расположениот Раул Тамудо гостите од Барселона дојдоа до високата победа од 5:1 и се доближија на само бод до тимот од Виго. Иако до финишот водеше со 3:0 малку недостигаше Барса да ја прокоцка оваа предност и да загуби бодови на Ноу Камп. Мајорка се пробуди во финишот и преку Делибашиќ и Ето намали на 3:2, но немаше време да дојде до бод. На оваа средба кај каталонците одлично се снајде младиот напаѓач Луис Гарсија кој беше стрелец на два гола. РЕЗУЛТАТИ: СЕЛТА - ЕСПАЊОЛ 1:5 Еду 90' - Тамудо 29', 65' (п), Хаџи 43', Серџо 81' (а.г.), Вињал 88' ОСАСУНА - Р. СОСИЕДАД 1:1 Вебо 15' - Ковачевиќ 85' Р. САНТАНДЕР - РЕАЛ (М) 1:1 Бенајун 32' - Солари 28' ВАЛЕНСИЈА - ЛА КОРУЊА 3:0 Висенте 22' (п), 90', Санчез 90' АЛБАСЕТЕ - БЕТИС 1:0 Пачеко 27' АТЛЕТИК (Б) - ВАЉАДОЛИД 1:4 Гвереро 80' - Лосада 2', 75', Гонзалес 14', Жапон 37' БАРСЕЛОНА - МАЈОРКА 3:2 Луис Гарсија 3', 58', Луис Енрике 16' - Делибашиќ 90', Ето 90' САРАГОСА - МАЛАГА 1:0 Виља 72' СЕВИЉА - ВИЉАРЕАЛ 2:0 Карлитос 57', 77' АТЛЕТИКО (М) - МУРСИА синоќа ТАБЕЛА 1. Реал (М) 27 18 6 3 55:30 60 2. Валенсија 27 16 6 5 50:20 54 3. Ла Коруња 27 15 5 7 43:23 50 4. Барселона 27 14 7 6 45:32 49 5. Атлетик (Б) 27 11 8 8 34:33 41 6. Атлетико (М) 26 11 7 8 32:31 40 7. Осасуна 27 9 12 6 27:23 39 8. Севиља 27 10 8 9 38:28 38 9. Бетис 27 9 10 8 34:29 37 10. Виљареал 27 10 6 11 36:37 36 11. Малага 27 11 2 14 36:41 35 12. Ваљадолид 27 8 8 11 33:39 32 13. Р. Сантандер 27 9 7 11 34:40 33 14. Р. Сосиедад 27 8 8 11 31:38 32 15. Сарагоса 27 9 5 13 30:37 32 16. Албасете 27 9 5 13 26:34 32 17. Мајорка 27 8 5 14 31:47 29 18. Селта 27 6 9 12 37:52 27 19. Еспањол 27 8 2 17 31:49 26 20. Мурсиа 26 2 10 14 22:42 16 ИДНО КОЛО (14.03.2004) Реал (М) -Сарагоса; Р. Сосиедад - Атлетико (М); Ваљадолид - Севиља; Мајорка - Ла Коруња; Виљареал - Албасете; Еспањол - Р. Сантандер; Малага - Атлетик (Б); Бетис - Осасуна; Мурсиа - Барселона; Селта - Валенсија ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 21 гол - Роналдо (Реал М.); 13 гола - Миста (Валенсија); Салва Балеста (Малага), 12 гола - Фернандо Торес (Атлетико М.)
StormAngel ПРИМЕРА ДИВИЗИОН - 28. КОЛО БЕЗ РОНАЛДО И РАУЛ, ТОЛКУ ОД 'КРАЛЕВИТЕ' Во тмурна атмосфера Реал Мадрид пред своите гледачи одигра само 1:1 со екипата на Сарагоса, со што и овозможи на Валенсија со евентуална победа синоќа против Селта да намали на 4 бода негатива. Тренерот на 'кралевите' Карлос Квеироз одлучи дека му е поважна претстиојната средба со гостите во финалето на купот, па шанса им даде на фудбалери од клупата, а особено се чувствуваше отсуството на повредениот напад Роналдо и Раул. Токму фудбалерите кои добија ретка шанса се заслужни за голот на Реал. Хуанфран нафрли од десната страна, а во петерецот на топката налета Портиљо и со прецизен удар со глава го совлада немоќниот Лаинез. Но водството на домаќините траеше само 4. минути. По ударот од аголот и лошата проценка на Касиљас во листата на стрелци се запиша дефанзивецот Толедо. Квеироз во вториот дел се обиде со уфрлањето во игра на Луис Фиго и Гути да дојде до трите бода. Но наместо три бода малку недостигаше да бидат поразени по неколкуте опасни контри на Сарагоса во кои Галети и Друлиќ не успеаа да го совладаат по вторпат Касиљас. По шест 'посни' кола конечно и Реал Сосиедад се потсети што е тоа победа и тоа на средбата пред своите гледачи со Атлетико Мадрид. Валери Карпин од белата точка ги донесе баскијците во водство кое седум минути подоцна беше удвоено благодарение на автоголот на Симеоне. Гостите од Мадрид до крајот успеаа само да се изборат за почесен гол преку Вељко Пауновиќ. По еуфоријата од елиминацијата на Јуве во Лигата на шампиони, екипата на Ла Коруња беше 'спуштена на земја' од страна на Мајорка. Домаќините ја искористија слабата вечер на гостинскиот голман Молина и го натераа четирипати да ја вади топката од мрежа. Со овој убедлив пораз избраниците на Хавиер Ирурета направија голем чекор назад во шансите да се вмешаат во борбата за титулата. Последнопласираната Мурсиа немаше никакви шанси во дуелот со Берселона која веќе деветто коло по ред реди победи во Примерата. Истиот состав кој беше поразен од Селтик во Купот на УЕФА (само на местото на Мота се најде Давидс) славеше со 2:0 со што и ја презеде 3. позиција на Ла Коруња. Савиола веќе во 4. минута ја најави победата за каталонците, за во 63. минута Роналдињо по акцијата со Овермарс и Габри да го постави конечниот резултат. РЕЗУЛТАТИ: РЕАЛ (М) - САРАГОСА 1:1 Портиљо 28' - Толедо 32' Р. СОСИЕДАД - АТЛЕТИКО (М) 2:1 Карпин 35' (п), Симеоне 42' (а.г.) - Пауновиќ 72' ЕСПАЊОЛ - Р. САНТАНДЕР 0:1 Моран 57' МАЛАГА - АТЛЕТИК (Б) 2:1 Луке 47', Салва 90' - Ларазабал 38' МАЈОРКА - ЛА КОРУЊА 4:2 Кореа 6', Рамис 35', Ето 59', Перејра 86' - Мунитис 22', Џалмиња 80' БЕТИС - ОСАСУНА 1:1 Бензамин 41' - Алоиси 47' ВАЉАДОЛИД - СЕВИЉА 2:0 Џонатан 52', Хезус 63' (п) ВИЉАРЕАЛ - АЛБАСЕТЕ 2:1 Колочини 50', Сони Андерсон 58' (п) - Пачеко 5' МУРСИА - БАРСЕЛОНА 0:2 Савиола 4', Роналдињо 63' СЕЛТА - ВАЛЕНСИЈА синоќа ИДНО КОЛО (21.03.2004) Атлетик (Б) - Реал (М); Атлетико (М) - Бетис; Ла Коруња - Мурсиа; Севиља - Малага; Албасете - Ваљадолид; Сарагоса - Еспањол; Осасуна - Виљареал; Валенсија - Мајорка; Барселона - Р. Сосиедад ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 22 гола - Роналдо (Реал М.); 14 гола - Миста (Валенсија), Салва Балеста (Малага); 13 гола - Фернандо Торес (Атлетико М.) ТАБЕЛА 1. Реал (М) 28 18 7 3 56:31 61 2. Валенсија 27 16 6 5 50:20 54 3. Барселона 28 15 7 6 47:32 52 4. Ла Коруња 28 15 5 8 45:27 50 5. Атлетико (М) 28 11 8 9 34:34 41 6. Атлетик (Б) 28 11 8 9 35:35 41 7. Осасуна 28 9 13 6 28:24 40 8. Виљареал 28 11 6 11 38:38 39 9. Севиља 28 10 8 10 38:30 38 10. Бетис 28 9 11 8 35:30 38 11. Малага 28 12 2 14 38:42 38 12. Р. Сантандер 28 10 7 11 35:40 36 13. Ваљадолид 28 9 8 11 35:39 35 14. Р. Сосиедад 28 9 8 11 33:39 35 15. Сарагоса 28 9 6 13 31:38 33 16. Албасете 28 9 5 14 27:36 32 17. Мајорка 28 9 5 14 35:49 32 18. Селта 27 6 9 12 37:52 27 19. Еспањол 28 8 2 18 31:50 26 20. Мурсиа 28 2 11 15 23:45 17
StormAngel КУП НА ШПАНИЈА - ФИНАЛЕ ЈУНАЦИТЕ ОД САРАГОСА Во извонредно возбудлив натпревар Сарагоса, иако во финалето влезе како аутсајдер, со гол во продолжнието го совлада големиот Реал Мадрид и дојде до шестиот трофеј во Кралскиот куп. Избраниците на Виктор Муњоз одлично се бореа со сите пречки на патот кон титулата, не се откажаа ни по почетното водство на 'кралевите', а издржаа и во услови кога 30 минути играа со играч помалку. Возбудувањата почнаа со прекрасниот гол на Дејвид Бекам од слободен удар, но по само 6. минута Сарагоса возврати преку Дани. Екс-напаѓачот на Барселона одлично ја исконтролира добиената топка и со силен удар го совлада Цезар. Резултатскиот превсрт се случи во финишот на првиот дел, Виља беше соборен од Гути, а напаѓачот самиот се погрижи за реализацијата. Но Реал со втор гол од слободен удар, овој пат во изведба на Роберто Карлос израмни на 2:2, резултатот кој остана до крајот да регуларниот дел. Реал во овој период не успеа да ја искористи предноста од играч повеќе по црвениот картон на Кани. Во првото продолжение црвениот картон на Гути ги израмни силите на теренот. И двете екипи се обидуваа да дојдат до победоносниот гол, а тоа му појде од нога на резервистот Галети, кој со силен удар од околу 20 метри успеа да го измами Цезар и да н ја донесе титулата на Сарагоса. 'Двата тима дадоа сй од себе за да дојдат до победата. Разочаран сум затоа што многу ја посакувавме победата, но, за жал, останавме без трофеј', изјави стратегот на Реал , Карлос Квеироз. Сосем различно беше расположението кај неговиот колега од Сарагоса, Виктор Муњоз: 'Покажавме дека сме квалитетен тим. Во Купот ги совладавме Барселона и Реал Мадрид, што на нашата титулата н дава уште поголемо значење'. ЌЛУЧИЈАНО ГАЛЕТИ: ГОЛ ОД СОНИШТАТА 'Се разбира дека секој фудбалер посакува да даде гол за својата екипа, но да се постигне решавачкиот гол во едно финале против извонредниот Реал Мадрид е нешто неверојатно. Ова дефинитивно беше мојот гол од соништата, гол кој секогаш ќе го паметам. Ја заслуживме победата бидејќи одлично се боревме и во услови кога бевме со играч помалку. Ова беше средба на кариерата за мене и моите соиграчи', изјави јунакот на финалето. РАУЛ: САРАГОСА ЈА ЗАСЛУЖИ ТИТУЛАТА 'Морам да н честитам на екипата на Сарагоса за големата желба која ја прикажа. Ми се чини дека повеќе ја посакуваа титулата од нас. Во моментите кога беа со 10 играчи во поле постојано трчаа и ги покриваа сите делови од теренот. Ние, пак, не знаевме да ја искористиме предноста која ни се укажа по црвениот картон на Кани и бевме казнети', изјави напачот на 'кралевите'. РЕАЛ (М) - САРАГОСА 2:2 (2:3 прод.) Стадион: Монжуик (Барселона) Стрелци: Бекам 23', Р. Карлос 47' - Дани 28', Виља 44' (п), Галети 111' РЕАЛ (М): Цезар, Салгадо, Елгера, Раул Браво, Роберто Карлос, Фиго, Бекам, Гути (Портиљо), Зидан, Раул САРАГОСА: Лаинез, Квартаро, Милито, Алваро, Толедо, Кани, Понзио ( Џенерело), Савио (Хуанеле), Дани (Галети), Виља ПОСЛЕДНИТЕ ДЕСЕТ ФИНАЛИЊА 1995: Ла Коруња - Валенсија 2:1 1996: Атлетико (М) - Барселона 1:0 1997: Барселона - Бетис 3:2 1998: Барселона - Мајорка* 1:1 1999: Валенсија - Атлетико (М) 3:0 2000: Атлетико (М) - Еспањол 0:2 2001: Сарагоса - Селта 3:1 2002: Ла Коруња - Реал (М) 2:1 2003: Мајорка - Рек. Хуелва 3:0 2004: Сарагоса - Реал (М) 3:2
StormAngel ПРИМЕРА ДИВИЗИОН - 29. КОЛО 'КРАЛЕВИТЕ' НА КОЛЕНА Кризата во таборот на Реал Мадрид што ја најави Сарагоса со триумфот во финалето на кралскиот куп ја потврди и Атлетик Билбао со убедливата победа од 4:2. Кај 'кралевите' се повторија старите болки со порозната одбрана, а кога во нападот го нема феноменот Роналдо неминовни се поразите. По грешката на Елгера напаѓачот на баскијците Јесте го отвори резултатот, а три минути подоцна Урзаис ја зголеми предноста на Атлетик. Во отсуство на Роналдо во нападот се разбуди Раул и со два гола во вториот дел го израмни резултатот. Но слабата одбрана на 'кралевите' му овозможи на Асиер дел Хорно да ги истакне своите реализаторски квалитети и за само две минути на двапати да го матира Касиљас. Валенсија го искористи 'подарокот' од Реал и со декласирањето на Мајорка се доближи на само еден бод со што ја заостри борбата за титулата. За извонредната партија на Ел Че заслужни се сите избраниви на Рафа Бенитез, но особено за истакнување е играта на Миста кој дури трипати го натера Лео Франко да ја вади топката од мрежата. Во 83. минута Самуел Ето од белата точка барем малку ја ублажи катастрофата на гостите. По трите последоветелни порази конечно вкусот на победата го почувствува и екипата на Ла Коруња славејќи со минимални 1:0 против Мурсиа. Дефанзивецот Јоан Капдевиља најдобро се снајде пред голот на гостите по центаршутот на Виктор и со глава ја испрати топката во мрежата. Сепак останува впечатокот дека избраниците на Хавиер Ирирета се далеку од формата која би им овозможила триумф над Милан во Лигата на шампиони. Иако според играта заслужи да слави поубедливо сепак и резултатот од 2:1 и беше доволен на екипата на Атлетико да забележи три бода на дуелот со Бетис. По акцијата во која учествуваше Торес, Пауновиќ им донесе предност на домаќините. Жоакин во 68. минута израмни за Бетис, но веќе во следниот напад одличната игра Торес ја круниса со погодок за триумф на неговата екипа. Вистинска драма се случуваше во Сантандер каде Расинг и Селта ги поделија бодовите играјќи 4:4. При резултат 1:1 домаќините останаа без поцрвенетиот Регвеиро, но тоа не им пречеше 4. минути подоцна да поведат преку Гвереро. Селта максимално ја искористи предноста и со погодоците на Мостовој и Милошевиќ направи пресврт поведувајќи со 4:2. Но во финишот Расинг направи вистински подвиг и преку Алварез и Гвереро се избори за голем бод. РЕЗУЛТАТИ: АТЛЕТИК (Б) - РЕАЛ (М) 4:2 Јесте 41', Урзаис 44', Дел Хорно 75', 77' - Раул 49', 62' ЛА КОРУЊА - МУРСИА 1:0 Капдевиља 40' АТЛЕТИКО (М) - БЕТИС 2:1 Пауновиќ 51', Торес 69' - Жоакин 68' АЛБАСЕТЕ - ВАЉАДОЛИД 2:0 Аранда 10', Микел 56' ОСАСУНА - ВИЉАРЕАЛ 2:1 Реина 33' (а.г.), Алварез 72' (а.г.) - Рикелме 77' Р. САНТАНДЕР - СЕЛТА 4:4 Алварез 17', 83', Гвереро 38', 86' - Милошевиќ 28', 72', Мостовој 46', 61' СЕВИЉА - МАЛАГА 0:1 Салва 77' САРАГОСА - ЕСПАЊОЛ 1:1 Виља 20' - Фредсон 29' ВАЛЕНСИЈА - МАЈОРКА 5:1 Миста 43', 66', 68', Бараха 56', Ангуло 59' - Ето 83' (п) БАРСЕЛОНА - Р. СОСИЕДАД синоќа ТАБЕЛА 1. Реал (М) 29 18 7 4 58:35 61 2. Валенсија 29 18 6 5 57:21 60 3. Ла Коруња 29 16 5 8 46:27 53 4. Барселона 28 15 7 6 47:32 52 5. Атлетик (Б) 29 12 8 9 39:37 44 6. Атлетико (М) 29 12 8 9 36:35 44 7. Осасуна 29 10 13 6 30:25 43 8. Малага 29 13 2 14 39:42 41 9. Виљареал 29 11 6 12 39:40 39 10. Севиља 29 10 8 11 38:31 38 11. Бетис 29 9 11 9 36:32 38 12. Р. Сантандер 29 10 8 11 39:44 37 13. Ваљадолид 29 9 8 12 35:41 35 14. Р. Сосиедад 28 9 8 11 33:39 35 15. Албасете 29 10 5 14 29:36 35 16. Сарагоса 29 9 7 13 32:39 34 17. Мајорка 29 9 5 15 36:54 32 18. Селта 29 6 10 13 41:58 28 19. Еспањол 29 8 3 18 32:51 27 20. Мурсиа 29 2 11 16 23:46 17 ИДНО КОЛО (28.03.2004) Бетис - Барселона; Селта - Сарагоса; Еспањол - Атлетик (Б); Малага - Албасете; Мурсиа - Мајорка; Р. Сантандер - Валенсија; Реал (М) - Севиља; Р. Сосиедад - Ла Коруња; Ваљадолид - Осасуна; Виљареал - Атлетико (М) ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 22 гола - Роналдо (Реал М.); 20 гола - Миста (Валенсија); 17 гола - Салва Балеста (Малага); 14 гола - Фернандо Торес (Атлетико М.); 13 гола - Саво Милошевиќ; 12 гола - Раул Тамудо (Еспањол), Давид Виља (Сарагоса)
StormAngel ПРИМЕРА ДИВИЗИОН - 26. КОЛО КОЛО ВО ЗНАКОТ НА ГОСТИТЕ Викендов во шпанска Примера мина во знакот на гостите кои дури на пет средби дојдоа до максимален ефект (од тоа дури четири средби завршија со идентичен резултат од 0:1). Изненадувањето на колото е тоа што во групата на гостинските екипи кои славеа не се најде Валенсија иако се чинеше дека нема да има поголеми проблеми против слабиот Еспањол. Сепак Ел Че не можеше против расположениот Раул Тамудо кој со два гола и ја донесе победата на екипата од Барселона. Првиот гол најдобриот стрелец на Еспањол го постигна 38. минута по добрата акција на Иван Де Ла Пења. И во вториот гол учествуваше Де Ла Пења иако своја заслуга имаше и несигурната интервенција на Кањизарес. Избраниците на Рафа Бенитез по само две минути игра ја намалија негативата преку Циско, но неговиот гол не беше доволен да го избегнат 5. пораз сезонава со што заостанаа во трката со Реал по титулата. На дебаклот на домашните екипи не им се приклучи Реал мадрид иако на паузата на мечот со Селта замина со негатива од еден гол (првенецот на Саша Илиќ). Сепак преполовениот состав на Селта потклекна во вториот дел и дома си замина со убедлив пораз. По една мешаница пред голот Роналдо израмни, а целосен пресврт направи првиот гол на Зидан. Најубавиот потег на средбата се случи во 71. минута кога Бекам преку половина терен го најде слободниот Фиго, а португалецот со удар од мртов агол зголеми на 3:1. Во судиското надополнување Милошевиќ намали, за конечниот резултат да го постави Зидан во следниот напад. Иако полусезоната ја започнаа со добра серија која му ги подгреа шансите за излез во Европа вицешампионот Реал Сосиедад беше непријатно изненаден на Аноета од Албасете. Пабло Редондо е човекот на одлука кој во 48. минута го совлада Алберто. Рејнолд Денуа се обиде да дојде до пресврт со уфрлањето во игра на Ковачевиќ и Ли, но не успеа да дојде барем до израмнување. Како и што доликува на едно градско дерби екипите на Бетис и Севиља прикажаа одличен фудбал на средбата која заврши со резултат 1:1. По само 2. минути игра Алфонсо ги донесе домаќините во водство од белата точка откако Алвес играше пред сопствениот гол. И покрај црвениот картон на Антонито Севиља успеа да израмни и да освои бод. Прекрасниот гол на Фернандо Торес во судиското продолжение му ја донесе победата на Атлетико Мадрид на гости кај Мајорка. РЕЗУЛТАТИ: ВАЉАДОЛИД - САРАГОСА 1:2 Оскар 33' - Џенерело 8', Галети 82' БЕТИС - СЕВИЉА 1:1 Алфонсо 2' (п) - Наваро 27' ЕСПАЊОЛ - ВАЛЕНСИЈА 2:1 Тамудо 38', 75' - Циско 77' МАЛАГА - Р. САНТАНДЕР 1:0 Салва 39' МАЈОРКА - АТЛЕТИКО (М) 0:1 Торес 90' МУРСИА - ОСАСУНА 0:1 Вебо 30' Р. СОСИЕДАД - АЛБАСЕТЕ 0:1 Редондо 48' ВИЉАРЕАЛ - АТЛЕТИК (Б) 0:1 Гарсиа 44' РЕАЛ (М) - СЕЛТА 4:2 Роналдо 55', Зидан 64', 90', Фиго 71' - Илиќ 18', Милошевиќ 90' ЛА КОРУЊА - БАРСЕЛОНА синоќа ТАБЕЛА 1. Реал (М) 26 18 5 3 54:29 59 2. Валенсија 26 15 6 5 47:20 51 3. Ла Коруња 25 15 5 5 41:17 50 4. Барселона 25 12 7 6 39:28 43 5. Атлетик (Б) 26 11 8 7 33:29 41 6. Атлетико (М) 26 11 7 8 32:31 40 7. Осасуна 26 9 11 6 26:22 38 8. Бетис 26 9 10 7 34:28 37 9. Виљареал 26 10 6 10 36:35 36 10. Севиља 26 9 8 9 36:28 35 11. Малага 26 11 2 13 36:40 35 12. Р. Сантандер 26 9 6 11 33:39 32 13. Р. Сосиедад 26 8 7 11 30:37 31 14. Сарагоса 26 8 5 13 29:37 29 15. Ваљадолид 26 7 8 11 29:38 29 16. Албасете 26 8 5 13 25:34 29 17. Мајорка 26 8 5 13 29:44 29 18. Селта 26 6 9 11 36:47 27 19. Еспањол 26 7 2 17 26:48 23 20. Мурсиа 26 2 10 14 22:42 16 ИДНО КОЛО (07.03.2004) Албасете - Бетис; Атлетик (Б) - Вљадолид; Атлетико (М) - Мурсиа; Барселона - Мајорка; Селта - Еспањол; Р. Сантандер - Реал (М); Севиља - Виљареал; Валенсија - Ла Коруња; Сарагоса - Малага; Осасуна - Р. Сосиедад ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 21 гол - Роналдо (Реал М.); 14 гола - Салва Балеста (Малага); 13 гола - Миста (Валенсија), Фернандо Торес (Атлетико М.)
Angelaris slabo slabo
StormAngel ПРИМЕРА ДИВИЗИОН - 31. КОЛО КЛАЈВЕРТ СЕ ВРАТИ, БАРСА ЗАСТАНА По долгата пауза поради повреда во таборот на Барселона се врати Патрик Клајверт (влезе во игра во вториот дел), но холанѓанецот се покажа малерозен за каталонците. Неговиот кам-бек беше одбележан со завршувањето на импресивната серија од девет победи по ред откако на Ноу Камп одиграа само 0:0 со Виљареал. Со ова реми каталонците се чини се простија од ионака малите шанси дека би можеле да се замешаат во борбата за титулата и им оставија оваа дилема да ја разрешат Реал и Валенсија. Каталонците беа подобар противник во првиот дел (Савиола биеше во пречката), но не успеаа да ги финализираат неколкуте поволни прилики. Роналдињо речиси и да не си виде на оваа средба која беше негова најлоша откако минатото лето го облече дресот на Барса. Гостите пак кои во својот состав имаатчетири екс-играчи на Барса имаа одличен финиш и немаше да биде незаслужено доколку од Ноу Камп си заминеа со полн плен. Кога Роберто Карлос е во голгетерски елемент на противникот му нема спас. Тоа и се покажа на мечот со Албасете, на кој 'кралевите' славеа благодарение на двете бомби на Бразилецот (иако за вториот гол топката го закачи Фиго доволно за нема да му биде запишан). Домашната екипа се погрижи за мала драма во финишот со прекрасниот гол од далечина на Пари кој се пак не беше доволен да се сопре лидерот. 'Тешка средба за двете екипи. Кога ние напаѓавме тие одлично се бранеа и обратно. Не одигравме добро, но важно е што бодовите завршија кај нас', изјави тренерот на 'кралевите' Квеироз. Ла Коруња на Риазор дојде само до бод иако по 16. минута игра со Бетис имаше сигурна предност од два гола (стрелци беа Луке и Виктор). Но гостите од Севиља не се предаваа и преку Асунсао и Есоно ја достигнаа предноста на Ла Коруња. Во мноштвото нерешени вчерашни средби беше вклучена и Селта која одигра без голови на Сан Мамеш со Атлетик. Со овој бод тимот од Виго и понатаму останува сериозен кандидат за испаѓање. Во слична ситуација како Селта е и Мајорка која одигра мирољубиво со Реал Сосиедад. РЕЗУЛТАТИ: СЕВИЉА - ЕСПАЊОЛ 1:0 Антонито 51' АЛБАСЕТЕ - РЕАЛ (М) 0:2 Пари 81' - Р. Карлос 19', Фиго 70' БАРЕЛОНА - ВИЉАРЕАЛ 0:0 АТЛЕТИК (Б) - СЕЛТА 0:0 ЛА КОРУЊА - БЕТИС 2:2 Луке 13', Виктор 16' - Асунсао 33', Есоно 75' МАЈОРКА - Р. СОСИЕДАД 1:1 Переира 59' - Габилондо 33' ОСАСУНА - МАЛАГА 1:1 Моралес 23' - Инсуа 90' САРАГОСА - Р. САНТАНДЕР 2:2 Дани 38', Виља 49' - Касар 53', Моран 81' АТЛЕТИКО (М) - ВАЉАДОЛИД 2:1 Торес 23', Пауновиќ 45' - Рикети 65' ВАЛЕНСИЈА - МУРСИЈА синоќа ТАБЕЛА 1. Реал (М) 31 20 7 4 65:37 67 2. Валенсија 30 19 6 5 60:21 63 3. Ла Коруња 31 17 6 8 50:30 57 4. Барселона 30 16 8 6 48:32 55 5. Атлетико (М) 31 13 9 9 38:36 48 6. Атлетик (Б) 31 12 9 10 40:39 45 7. Осасуна 31 10 15 6 32:27 45 8. Малага 31 13 4 14 41:44 43 9. Севиља 31 11 8 12 40:36 41 10. Виљареал 31 11 8 12 39:40 41 11. Бетис 30 9 12 9 38:34 39 12. Сарагоса 31 10 8 13 36:41 38 13. Р. Сантандер 31 10 9 12 41:49 38 14. Ваљадолид 31 9 9 13 37:44 36 15. Албасете 31 10 6 15 31:39 36 16. Р. Сосиедад 31 9 9 13 35:43 36 17. Мајорка 31 9 6 16 37:57 33 18. Еспањол 31 9 3 19 34:53 30 19. Селта 31 6 11 14 41:60 29 20. Мурсиа 30 3 11 16 25:46 20 ИДНО КОЛО (11.04.2004) Бетис - Мајорка; Малага - Атлетико М.; Сарагоса - Валенсија; Реал М. - Осасуна; Р. Сосиедад - Мурсиа; Еспањол - Албасете; Селта - Севиља; Виљареал - Ла Коруња; Ваљадолид - Барселона; Р. Сантандер - Атлетик (Б); ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 24 гола - Роналдо (Реал М.); 17 гола - Миста (Валенсија), Салва Балеста (Малага); 14 гола - Раул Тамудо (Еспањол), Фернандо Торес (Атлетико (М.)
StormAngel ПРИМЕРА ДИВИЗИОН - 32. КОЛО ОД ЛОШО ПОЛОШО ЗА 'КРАЛЕВИТЕ' Гигантот Реал Мадрид минува низ кошмарна недела која долго ќе ја памети. По шокантната елиминација во Лигата на шампиони за комплетирање на кралскиот очај се погрижи Осасуна, која со убедливи 3:0 славеше на Сантијаго Бернабе. Ова воедно беше прв пораз на 'кралевите' дома сезонава (прв и по пауза од 11 месеци), кој ги симна од врвот бидејќи Валенсија ја совлада Сарагоса и сега има два бода предност. Ваквиот развој на настаните крајно ги искомплицира надежите на Реал дека ќе ја одбрани титулата затоа што во преостанатите шест кола ги чекаат неколку тешки дуели, кои стартуваат идната недела во градското дерби со Атлетико, а потоа следуваат и оние со Барселона и Ла Коруња. Како 'капак' на проблемите е и повредата на Роналдо, без кого 'кралевите' ниту еднаш не успеаја да го совладаат голманот на Осасуна. 'Многу сум разочаран. Првиот пораз на домашен терен сезонава не можеше да дојде во полош момент. Ја загубивме самодовербата по поразите од Монако и Сарагоса. Но играчите се професионалци и сигурен сум дека бргу ќе се соземат. Не сум зборувал со управата околу идните планови. Мој приоритет се играчите', изјави Карлос Квеироз, кој е пред сигурен отказ, а не би било изненадување да му биде врачен и пред претстојното градско дерби. Како и многупати сезонава се покажа дека одбраната е најслабиот дел од тимот на 'кралевите' и токму нивните грешки се заслужни за поразите. Многу конфузија имаше пред голот на Касиљас, која им овоможи на расположените гости да дојдат до убедливата победа. Валенсија со стрплива игра на гости кај незгодната Сарагоса успеа да дојде до полн плен и да се искачи на врвот. Сигурната одбрана на домашната екипа попушти само во 67. минута кога по слободниот удар на Хорхе Лопез на вистинското место се најде Ангуло и ја затресе мрежата на Лаинез. Барса веќе 13. кола не знае за пораз и е на добар пат да си обезбеди место во Лигата на шампиони. Овој пат каталонците славеа со 3:1 на гости кај Ваљадолид. Проблеми на Франк Рајкард му создаде црвениот картон на Роналдињо, кој нема да смее да настапи на утрешната заостаната средба со Бетис. Ако за Реал ова беше кошмарна недела, тогаш истата за Ла Коруња е недела од соништата. По извонредната победа над Милан во Лигата на шампиони славеа и над Виљареал, со што си ја повратија 3. позиција. За нереализираниот пенал Пандијани се извади со голот во 37. минута, а печат на нивната победа стави Тристан. РЕЗУЛТАТИ: ВАЉАДОЛИД - БАРСЕЛОНА 1:3 Оскар 65' - Савиола 2', Роналдињо 31', Иниеста 81' МАЛАГА - АТЛЕТИКО (М) 3:1 Леко 32', Алонсо 45', 50' - Нано 45' СЕЛТА - СЕВИЉА 0:0 ЕСПАЊОЛ - АЛБАСЕТЕ 1:1 Макси 70' - Редондо 21' Р. САНТАНДЕР - АТЛЕТИК (Б) 1:2 Гвереро 76' - Ираола 40', Јесте 90' БЕТИС - МАЈОРКА 0:2 Ето 14', Перера 50' Р. СОСИЕДАД - МУРСИА 2:0 Нихат 64', 88' ВИЉАРЕАЛ - ЛА КОРУЊА 0:2 Пандиани 37', Тристан 90' САРАГОСА - ВАЛЕНСИЈА 0:1 Ангуло 67' РЕАЛ (М) - ОСАСУНА 0:3 Валдо 2', Гарсија 44', Моха 61' ТАБЕЛА 1. Валенсија 32 21 6 5 63:21 69 2. Реал (М) 32 20 7 5 65:40 67 3. Ла Коруња 32 18 6 8 52:30 60 4. Барселона 31 17 8 6 51:33 59 5. Осасуна 32 11 15 6 35:27 48 6. Атлетик (Б) 32 13 9 10 42:40 48 7. Атлетико (М) 32 13 9 10 39:39 48 8. Малага 32 14 4 14 44:45 46 9. Севиља 32 11 9 12 40:36 42 10. Виљареал 32 11 8 13 39:42 41 11. Бетис 31 9 12 10 38:36 39 12. Р. Сосиедад 32 10 9 13 37:43 39 13. Сарагоса 32 10 8 14 36:42 38 14. Р. Сантандер 32 10 9 13 42:51 38 15. Албасете 32 10 7 15 32:40 37 16. Ваљадолид 32 9 9 14 38:47 36 17. Мајорка 32 10 6 16 39:57 36 18. Еспањол 32 9 4 19 35:54 31 19. Селта 32 6 12 14 41:60 30 20. Мурсиа 32 3 11 18 25:50 20 ИДНО КОЛО (18.04.2004) Албасете - Селта; Атлетик (Б) - Сарагоса; Атлетико (М) - Реал (М); Барселона - Малага; Ла Коруња - Вљадолид; Севиља - Р. Сантандер; Валенсија - Р. Сосиедад; Мајорка - Виљареал; Осасуна - Еспањол; Мурсиа - Бетис ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 24 гола - Роналдо (Реал М.); 18 гола - Миста (Валенсија); 17 гола - Салва Балеста; 15 гола - Фернандо Торес (Атлетико М.); 14 гола - Раул Тамудо (Еспањол)
StormAngel ПРИМЕРА ДИВИЗИОН - 36. КОЛО ВАЛЕНСИЈА Е НОВИОТ ШАМПИОН! На две кола пред крајот Валенсија и официјално е новиот шампион на Шпанија откако синоќа ја совлада Севиља со 2:0 и направи недостижна предност од седум бода пред Реал Мадрид. Шампионскиот танц на Ел Че на Рамон Санчез Пицуан стадионот започна во 12. минута кога Висенте по еден продор по левата страна биеше неодбранливо во голот на домаќините. Малку неочекувано, но по голот избраниците на Рафа Бенитез се решија да го бранат резултатот и се повлекоа на својата половина. Но ваквата нивна игра вроди со плод и успеаа да го сочуваат голот на Кањизарес, а потврда на втората титула во последните три години стави Рубен Бараха со голот во последната минута. Пофалби за прикажанато заслужува и Севиља која создаде неколку шанси, имаше и поништен гол (на Карлитос поради офсајд), но на крајот мораше да му честита на новиот шампион. Реал не ни можеше да се надева на одбрана на титулата по катастрофалната серија од четири порази на последните пет средби. Ако претходните два порази ги доживеаа во дерби средби со Барселона и Ла Коруња, овојпат 'кралскиот скалп' го зеде екипата на Мајорка и тоа на Сантијаго Бернабе. Гостите до победата од 3:2 беа водени од својот извонреден напаѓач Самуел Ето, кој ги постигна првите два гола за својата екипа. Камерунецот го отвори резултатот во 11. минута, но водството на Мајорка траеше само 6. минути бидејќи дефанзивецот Павон беше прецизен по корнерот на Бекам. Сезонава очајната форма на последната линија на Реал Ето ја искористи и во 37. минута кога 'нанижа' тројца фудбалери и го совлада по вторпат Касиљас. Капак на импресивната претстава на Мајорка стави одличниот гол од слободен удар на Кампањо во финишот од првиот дел. 'Кралевите' негативата ја намалија од белата точка преку Луис Фиго, по еден сомнителен прекршок на Делибашиќ над португалецот. Нови контроверзи предизвика поништениот гол на Роналдо за според главниот арбитар Ибањез играњето со рака од страна на 'феноменот'. За да не биде ова коло целосно фијаско за 'кралевите' се погрижи Селта која во Виго ја совлада Барселона и ги остави на 3. позиција. Со ова се стави крај на импресивната серија од 17. средби без пораз на каталонците, додека за домашната екипа ова беа и тоа како важни бодови во очајничките обиди да обезбедат опстанок. Во натпревар без убавина победоносниот гол Селта го постигна во 43. минута. Веласко од десната страна упати центаршут, Мостој ја врати назад топката до слободниот Еду, а бразилецот ја препрати до голот на Валдез. Во 67. минута домашните пропуштија да ги разрешат дилемите околу победникот. За фаулот на Олегуер над Еду оправдано беше досудена најстрога казна, но ударот на Лусин беше успешно скротен од Валдез. Казната за малку не ги стигна во финишот од средбата по ударот на Савиола, но од самата гол линија опасноста ја отстрани Хуанфран. Без поголеми дилеми во однос на пласманот сезонава Ла Коруња си дозволи луксуз да биде поразена на Монжуик од Еспањол со 2:0. Незалагањето на галицијците ја искористија домашните фудбалери кои преку Покетино и Де Ла Пења дојдоа до мошне важни бодови кои ги искачија на 17. позиција и до можен опстанок во Примера. РЕЗУЛТАТИ СЕЛТА - БАРСЕЛОНА 1:0 Еду 43' РЕАЛ (М) - МАЈОРКА 2:3 Павон 17', Фиго 51' (п) - Ето 11', 37', Кампањо 43' АТЛЕТИК (Б) - АЛБАСЕТЕ 1:1 Ираола 87' (п) - Пачеко 54' (п) ЕСПАЊОЛ - ЛА КОРУЊА 2:0 Покетино 8', де ла Пена 74' МАЛАГА - МУРСИА 1:0 Анхел 65' ВАЉАДОЛИД - Р. СОСИЕДАД 2:2 Салес 21', 74' - Габилондо 18', Кахвечи 44' ВИЉАРЕАЛ - БЕТИС 1:0 Хозе Мари 67' САРАГОСА - ОСАСУНА 1:0 Алваро 90' СЕВИЉА - ВАЛЕНСИЈА 0:2 Висенте 12', Бараха 90' Р. САНТАНДЕР - АТЛЕТИКО (М) синоќа ТАБЕЛА 1. Валенсија 36 23 8 5 70:24 77 2. Реал (М) 36 21 7 8 70:48 70 3. Барселона 36 20 9 7 61:37 69 4. Ла Коруња 36 19 8 9 56:34 65 5. Атлетик (Б) 36 14 11 11 48:44 53 6. Виљареал 36 14 9 13 45:45 51 7. Атлетико (М) 35 14 9 12 44:46 51 8. Малага 36 15 5 16 47:51 50 9. Севиља 36 13 10 13 51:44 49 10. Осасуна 36 11 15 10 37:34 48 11. Бетис 36 11 13 12 42:41 46 12. Мајорка 36 13 6 17 48:63 45 13. Албасете 36 12 8 16 38:44 44 14. Р. Сосиедад 36 10 12 14 44:51 42 15. Сарагоса 36 11 9 16 42:53 42 16. Р. Сантандер 35 11 9 15 46:59 41 17. Еспањол 36 12 4 20 44:60 40 18. Ваљадолид 36 9 11 16 43:55 38 19. Селта 36 9 12 15 47:63 39 20. Мурсиа 36 4 11 21 27:54 23 ИДНО КОЛО (16.05.2004) Ла Коруња - Селта; Р. Сосиедад - Малага; Албасете - Севиља; Атлетико (М) - Сарагоса; Виљареал - Валенсија; Мурсиа - Реал (М); Мајорка - Еспањол; Бетис - Ваљадолид; Барселона - Р. Сантандер; Осасуна - Атлетик (Б) ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 24 гола - Роналдо (Реал М.); 19 гола - Миста (Валенсија); 18 гола - Баптиста (Севиља)
StormAngel Rezultatite od prvoto kolo vo novata sezona: 12/09/2004 Albacete Balompiй 0 - 2 Atlйtico de Madrid » 12/09/2004 Betis 1 - 4 Espanyol » 12/09/2004 Getafe C.F 1 - 2 Mallorca » 12/09/2004 Levante U.D 3 - 1 Racing Santander » 12/09/2004 Villarreal 0 - 0 Real Sociedad » 12/09/2004 Mбlaga 0 - 0 Zaragoza » 12/09/2004 Deportivo 1 - 3 Osasuna » 11/09/2004 Barcelona 2 - 0 Sevilla » 11/09/2004 Real Madrid 1 - 0 C.D Numancia » 11/09/2004 Athletic Bilbao 2 - 2 Valencia » Plasmanot na ekipite posle prvoto kolo: 1 Atlйtico de Madrid 6 2 2 0 0 4 0 4 - Barcelona 6 2 2 0 0 4 0 4 3 Real Madrid 6 2 2 0 0 2 0 2 4 Espanyol 4 2 1 1 0 5 2 3 5 Levante U.D 4 2 1 1 0 4 2 2 - Osasuna 4 2 1 1 0 4 2 2 - Zaragoza 4 2 1 1 0 3 1 2 8 Valencia 4 2 1 1 0 4 3 1 9 Mallorca 3 2 1 0 1 2 2 0 10 Sevilla 3 2 1 0 1 1 2 -1 11 Athletic Bilbao 2 2 0 2 0 3 3 0 - Real Sociedad 2 2 0 2 0 1 1 0 13 C.D Numancia 1 2 0 1 1 1 2 -1 -Villarreal 1 2 0 1 1 1 2 -1 15 Deportivo 1 2 0 1 1 2 4 -2 - Mбlaga 1 2 0 1 1 0 2 -2 17 Betis 1 2 0 1 1 2 5 -3 18 Getafe C.F 0 2 0 0 2 2 5 -3 - Albacete Balompiй 0 2 0 0 2 0 3 -3 20 Racing Santander 0 2 0 0 2 1 5 -4