Francuska Liga
Francuska Liga
StormAngel ФРАНЦИЈА - 25. КОЛО БЕЗ ПРОБЛЕМИ ЗА ФАВОРИТИТЕ Фаворитите за титулата во францускиот шампионат викендов немаа проблеми да забележат победа на дуелите со далеку послабите противници. Лидерот Монако со фуриозна игра во второто полувреме го декласираше Монпеље со 4:0. Својот најдобар меч во кариерата го одигра Адрбајор, кој со хет-трик беше најзаслужен што 'кнезовите' ја задржаа предноста од четири бода во однос на шампионот Лион. И избраниците на Пол ле Гвен без проблеми дојдоа до трите бода славејќи со 2:0 над Ле Ман. Ле Гвен реши да го одмори Џоване Елбер за првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите против Реал Сосиедад, но и без помошта на бразилскиот голгетер францускиот шампион ја забележа својата петнаесетта победа сезонава. Сепак, проблем за тренерот на Лион ќе претставува повредата на бразилскиот дефанзивец Сасапа, кој најверојатно нема да биде во комбинација за гостувањето во Сан Себастијан. Даниел Љубоја трет натпревар по ред постигнува гол за ПСЖ, и 'светците' третпат победуваат. Овој пат 'жртви' на избраниците на Вахид Халилхоџиќ беа фудбалерите на Ле Ман, кои загубија со 2:0. Љубоја беше стрелец на вториот гол за 'светците' во последните десетина минута откако Мбами со вистински проектил од дваесетина метри го отвори резултатот уште во првото полувреме. РЕЗУЛТАТИ МОНАКО - МОНПЕЉЕ 4:0 Адебајор 47', 55', 75', Мориентес 48' ЛИОН - ЛЕ МАН 2:0 Малуда 21', Гову 60' БАСТИЈА - ОКСЕР 0:0 БОРДО - ЛЕНС 0:0 ЛИЛ - НИЦА 1:2 Ачимовиќ 74' (п) - Памарот 33', Екуафни 81' МЕЦ - ТУЛУЗ 0:2 Форе 8', Фернандао 72' ПСЖ - ГИНГАМП 2:0 Мбами 23', Љубоја 81' СТРАЗБУР - СОШО 0:2 Фро 6', Изабеј 28' РЕН - АЈАЧИО 4:1 Фреј 51', Верел 64', Калстром 73', 84' ОЛИМПИК М. - НАНТ Синоќа ТАБЕЛА 1. Монако 25 16 6 3 43:17 54 2. Лион 25 15 5 5 43:19 50 3. ПСЖ 25 14 7 4 36:18 49 4. Оксер 25 14 3 8 42:20 45 5. Сошо 25 13 6 6 37:27 45 6. Олимпик М. 24 13 2 9 32:25 41 7. Ница 25 9 11 5 27:22 38 8. Нант 24 11 4 9 27:21 37 9. Бордо 25 10 7 8 25:26 37 10. Ленс 25 11 3 11 22:37 36 11. Рен 25 8 8 9 31:26 32 12. Лил 25 8 7 10 26:28 31 13. Стразбур 25 8 6 11 36:36 30 14. Бастија 25 7 8 10 25:33 29 15. Мец 25 6 6 13 17:27 24 16. Ајачио 25 6 6 13 22:37 24 17. Гингамп 25 7 3 15 21:38 24 18. Монпеље 25 6 4 15 29:49 22 19. Тулуз 25 5 6 14 18:33 21 20. Ле Ман 25 4 8 13 18:38 20 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 17 гола - Сисе (Оксер); 14 гола - Фро (Сошо), Дрогба (Олимпик М.); 13 гола - Лујиндула (Лион) ИДНО КОЛО (28.2.2004) Нант - Стразбур; Гингамп - Мец; Ле Ман - Рен; Ленс - Лион; Монпеље - Лил; Тулуз - Монако; Ајачио - Бордо; Оксер - ПСЖ; Ница - Олимпик М.; Сошо - Бастија
StormAngel ФРАНЦИЈА - 27. КОЛО 'СВЕТЦИТЕ' ГУБАТ ЗДИВ Екипата на ПСЖ уште повеќе си ги намали шансите за освојување на шампионската титула откако одигра само 1:1 пред своите гледачи против Сошо. По ова реми избраниците на Вахид Халилхоџиќ сега заостануваат дури седум бода зад лидерот Монако и четири зад шампионот Лион. Педро Паулета од пенал го отвори резултатот на Паркот на принцовите откако еден од дефанзивците на Сошо играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Сепак, само пет минути подоцна Сошо дојде до израмнување, и тоа преку Сантос, кому ова му беше прв меч по обвинувањата за користење допинг-средства за време на Купот на африканските нации. Иако Гингамп прв поведе на Луј Втори, фудбалерите на Монако брзо се освестија и до крајот на првиот дел се изборија за водство од 3:1, кое го задржаа до финишот од средбата. Како по обичај, најзаслужен за триумфот на 'кнезовите' на овој натпревар беше Фернандо Мориентес, кој двапати успеа да го матира голманот на Гингамп. 'Мориентес е голем фудбалер, и тоа им е познато на сите во фудбалска Европа. Пресреќни сме што го имаме во нашиот тим сезонава бидејќи ако станеме шампиони, токму шпанскиот голгетер ќе биде најзаслужен за таа титула', изјави Дидие Дешамп по натпреварот. Фудбалерите на Ајачио со два автогола му помогнаа на Лион да дојде до шеснаесеттата победа сезонава и да ја задржи разликата со лидерот Монако на 'подносливи' четири бода. По триумфот над Монако пред неколку недели фудбалерите на Лил го зедоа 'скалпот' на уште еден фаворит. Овој пат против Лил 'падна' Оксер, а најзаслужен за тоа е домашниот голман Вимбе, кој одлично интервенираше при обидите на Сисе, Лашуер и Калу да ја затресат неговата мрежа. РЕЗУЛТАТИ МОНАКО - ГИНГАМП 3:1 Мориентес 24', 37', Пршо 27' (п) - Дагано 18' ЛИОН - АЈАЧИО 4:0 Терие 43' (а.г.), Родриго 48' (а.г.), Елбер 50', Лујиндула 73' ЛИЛ - ОКСЕР 1:0 Мусилу 53' БОРДО - ЛЕ МАН 2:0 Селадес 29', Беда 58' МЕЦ - ЛЕНС 0:2 Утака 26', Диоп 70' (п) МОНПЕЉЕ - ТУЛУЗ 0:1 Емана 14' ПСЖ - СОШО 1:1 Паулета 49' (п) - Сантос 54' РЕН - НАНТ 0:3 Молдован 50', 74', Квинт 52' СТРАЗБУР - НИЦА 2:2 Ле Пен 61' (п), 63' - Пито 33', Екуафни 39' БАСТИЈА - ОЛИМПИК М. Синоќа ТАБЕЛА 1. Монако 27 17 7 3 47:19 58 2. Лион 27 16 6 5 48:20 54 3. ПСЖ 27 14 9 4 38:20 51 4. Сошо 27 14 7 6 40:29 49 5. Оксер 27 14 4 9 43:22 46 6. Олимпик М. 26 13 4 9 33:26 43 7. Нант 27 12 6 9 32:23 42 8. Ница 27 9 13 5 29:24 40 9. Бордо 27 11 7 9 27:27 40 10. Ленс 27 12 4 11 25:38 40 11. Лил 27 10 7 10 29:28 37 12. Рен 27 8 9 10 33:31 33 13. Стразбур 27 8 8 11 39:39 32 14. Бастија 26 7 8 11 26:35 29 15. Ајачио 27 7 6 14 23:41 27 16. Тулуз 27 6 7 14 20:34 25 17. Мец 26 6 6 14 17:29 24 18. Гингамп 26 7 3 16 22:41 24 19. Монпеље 27 6 4 17 29:52 22 20. Ле Ман 27 4 9 14 20:42 21 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 18 гола - Сисе (Оксер); 15 гола - Фро (Сошо), Дрогба (Олимпик М.); 14 гола - Лујиндула (Лион) ИДНО КОЛО (13.3.2004) Ајачио - Лил; Оксер - Монако; Гингамп - Монпеље; Ле Ман - ПСЖ; Ленс - Бастија; Олимпик М. - Стразбур; Нант - Мец; Ница - Рен; Сошо - Лион; Тулуз - Бордо
StormAngel ФРАНЦИЈА - 38. КОЛО ГИНГАМП 'ИЗВИСИ' Екипата на Гингамп во идната сезона ќе се натпреварува во втората француска лига. Иако многумина очекуваа овој тим да го договори дуелот со Олимпик Марсеј, Гингамп доста неочекувано загуби на Велодром со 2:1. Хозе Аниго го започна овој меч без Дидие Дрогба, но во негово отсуство во глава улога беше Стив Марле, кој двапати ја затресе мрежата на Гингамп и ја испрати оваа екипа во понизок ранг на натпреварување. 'Киксот' на Гингамп го искористи Ајачио, кој со триумф од 3:1 (со хет-трикот на екс-фудбалерот на Ливерпул, Бернард Диомед) над Мец си го обезеди опстанокот во француската фудбалска елита. ПСЖ идната сезона директно ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, откако 'светците' славеа со минимални 1:0 на гостувањето на Корзика против Бастија. Лион со триумф ја прослави својата трета титула по ред, совладувајќи го Лил со убедливи 3:0. Дидие Дешамп направи мало изненадување решавајќи се мечот со Бордо да го започне со својот најсилен тим, така што Монако успеа да слави на ова гостување со 3:1. Фернандо Мориентес настапи од 1. минута, но не успеа да се запише во листата на стрелците, но тоа им појде од рака на Адебајор, Бернарди и Нонда. РЕЗУЛТАТИ БОРДО - МОНАКО 1:3 Риера 14' - Адебајор 18', Бернарди 76', Нонда 78' АЈАЧИО - МЕЦ 3:1 Диомед 38', 44', 54' - Маулида 31' БАСТИЈА - ПСЖ Паулета 52' ЛЕ МАН - ЛЕНС 3:0 Бонант 19', Томас 54', Панкрат 71' ЛИОН - ЛИЛ Гову 40', Диара 51' (п), Лујиндула 79' ОЛИМПИК М. - ГИНГАМП Марле 13', 40' - Талауи 75' НАНТ - СОШО 3:1 Да Роша 3', Јапи 33', Савино 70' - Диавара 63' НИЦА - ОКСЕР 1:1 Ларби 70' - Матис 83' РЕН - МОНПЕЉЕ 4:0 Фреи 13', 63', Диата 27', Брианд 87' СТРАЗБУР - ТУЛУЗ 0:0 ТАБЕЛА 1. Лион 38 24 7 7 64:26 79 2. ПСЖ 38 22 10 6 50:28 76 3. Монако 38 21 12 5 59:30 75 4. Оксер 38 19 10 11 60:34 65 5. Сошо 38 18 9 11 54:42 63 6. Нант 38 17 9 12 47:35 60 7. Олимпик М. 38 17 6 15 51:45 57 8. Ленс 38 15 8 15 34:48 53 9. Рен 38 14 10 14 56:44 52 10. Лил 38 14 9 15 41:41 51 11. Ница 38 11 17 10 42:39 50 12. Бордо 38 13 11 14 40:43 50 13. Стразбур 38 10 13 15 43:50 43 14. Мец 38 11 9 18 34:42 42 15. Ајачио 38 10 10 18 33:55 40 16. Тулуз 38 9 12 17 31:44 39 17. Бастија 38 9 12 17 33:49 39 18. Гингамп 38 10 8 20 36:58 38 19. Ле Ман 38 9 11 18 35:57 38 20. Монпеље 38 8 7 23 41:74 31 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 26 гола - Сисе (Оксер); 20 гола - Фреи (Рен); 19 гола - Дрогба (Олимпик М.); 18 гола - Паулета (ПСЖ); 17 гола - Фро (Сошо), Лујиндула (Лион) ЛИГА НА ШАМПИОНИ Лион Директен Пласман ПСЖ Директен Пласман Монако КУП НА УЕФА Оксер Сошо Лига-Куп на Франција Шатеру Куп на Франција ИСПАЃААТ ОД 1. ЛИГА Монпеље Ле Ман Гингамп НОВИ ЧЛЕНОВИ НА 1. ЛИГА Сент Етјен Каен Истрес
StormAngel ФРАНЦИЈА-29.КОЛО ШАМПИОНОТ СЕ ВРАТИ НА ВРВОТ МориентесводуелсоДиавараИако пред пет-шест кола заостануваше десетина бода зад Монако, шампионот Лион викендов успеа да се искачи на првото место на табелата во француското првенство. Избраниците на Пол ле Гвен успеаја да дојдат до минимален триумф на натпреварот со Нант, и трите бода од оваа средба им беа сосема доволни за според бројот на бодовите да се израмнат со Монако. Џоване Елбер беше стрелец на единствениот гол на овој меч, но бразилскиот голгетер по натпреварот ги разбранува страстите со изјавата дека погрешил кога по заминувањето од Баерн Минхен се преселил во Лион. 'Мислам дека мојот трансфер во Франција беше голема грешка. Едноставно, тука не можам да ги истакнам своите квалитети на најдобар можен начин и сега сфаќам дека за мене подобро ќе беше ако останев во Германија', изјави Елбер. Во прилог на Лион одеше и резултатот од стадионот Луј Втори каде Монако одигра само1:1 против Сошо. Интересно е што 'кнезовите' до самиот финиш имаа предност од 1:0, кога Пажис од слободен удар од триесетина метри го фати заспан Флавио Рома и ја смести топката во мрежата на домаќините. Претходно, Монако поведе преку пеналот на Мориентес откако Адебајор беше соборен од Диавара во шеснаесетникот на Теди Ришер. ПСЖ заостанува само три бода зад водечките две екипи откако викендов 'светците' славеа со минимални 1:0 на натпреварот со Ајачио. По многуте нереализирани шанси, избраниците на Вахид Халилхоџиќ конечно ја затресоа мрежата на Ајачио по пеналот на Паулета што беше направен врз Даниел Љубоја. 'Можеби не играме убаво за око, но најважно е што редиме победи. Ако продолжиме во ист стил, можеме да се надеваме на титулата', истакна тренерот на ПСЖ. Многу страсти имаше на натпреварот меѓу Бордо и Ница, кој заврши без победник (1:1). Двата погодоци на овој меч беа постигнати уште во првото полувреме, а во вторите 45 минути судијата покажа дури три црвени картони, и тоа на Селадес и Жемали кај домаќините и Траоре во таборот на Ница. РЕЗУЛТАТИ ЛИОН-НАНТ 1:0 Елбер23' ТУЛУЗ-ГИНГАМП 0:0 БАСТИЈА-ЛЕМАН 0:0 БОРДО-НИЦА 1:1 Жемали40' - Ласланд10' ЛИЛ-ЛЕНС 1:1 Мусилу29' - Коридон6' МЕЦ-СТРАЗБУР 1:0 Мерини17 МОНАКО-СОШО 1:1 Мориентес 57' (п) - Пажис 0' МОНПЕЉЕ-ОКСЕР 1:0 Мезаже 47' (п) ПСЖ-АЈАЧИО 1:0 Паулета 67' (п) РЕН-ОЛИМПИК(М) Синоќа ТАБЕЛА 1.Лион 29 18 6 5 51:21 60 2.Монако 29 17 9 3 48:20 60 3.ПСЖ 29 16 9 4 40:20 57 4.Сошо 29 14 8 7 42:32 50 5.Оксер 29 14 5 10 43:23 47 6.ОлимпикМ. 28 14 4 10 38:30 46 7.Ница 29 10 14 5 33:26 44 8.Нант 29 12 7 10 34:26 43 9.Ленс 29 12 6 11 26:39 42 10.Лил 29 11 8 10 33:29 41 11.Бордо 29 11 8 10 28:29 41 12.Бастија 29 8 10 11 30:36 34 13.Рен 28 8 9 11 34:34 33 14.Стразбур 29 8 8 13 39:44 32 15.Тулуз 29 7 8 14 21:34 29 16.Мец 28 7 7 14 20:31 28 17.Гингамп 28 8 4 16 26:44 28 18.Ајачио 29 7 6 16 23:45 27 19.Монпеље 29 7 4 18 33:56 25 20.ЛеМан 29 4 10 15 20:43 22 ЛИСТАНАСТРЕЛЦИ: 18 гола - Сисе (Оксер); 17гола - Дрогба (ОлимпикМ.); 15гола -Фро (Сошо); 14гола - Лујиндула (Лион) ИДНО КОЛО (27.3.2004) Ле Ман - Монако; Ајачио - Бастија; Гингамп - Лил; Нант - Монпеље; Ница - Лион; Сошо - Мец; Стразбур - Рен; Оксер - Тулуз; Ленс - ПСЖ; ОлимпикМ. - Бордо ЖДРЕБ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ ВО КУПОТ НА ФРАНЦИЈА НАНТ-ПСЖ ШАТОРУ-ДИЖОН Средбитесезакажаниза27и28април
StormAngel ФРАНЦИЈА - 26. КОЛО САМО ПО БОД ЗА МОНАКО И ЛИОН Монако застана во обидите да ја освои шампинската титула откако не успеа да дојде до максимален ефект во дуелот со нископласираниот Тулуз. Но добра вест за Дидие Дешамп и неговите фудбалери е услугата која има ја направи Ленс играјќи истотака 1:1 со нивниот најголем ривал Лион, па по 26. коло разликата меѓу двете првопласирани екипи остана 4 бода. 'Требаше да ја добиеме средбата, но од друга страна па добро е и тоа што Лион истотака ремизираше, па не е направена никаква штета викендов. Загубивме многу енергија на средбата со Локомотив. Тешко е да се одговори на предизвиците во Лигата на шампиони, а воедно и да се бориш за победа и во првенството ', изјави по средбата со Тулуз, тренерот на 'кнезовите' Дидие Дешамп. На стартот од вториот дел домаќините ја затресоа мрежата на Флавио Рома благодарение на голот со глава на Дидот. 'Кнезовите' до бод дојдоа во 70. минута кога по центаршутот на Зикос со глава прецизно биеше Живе. Како гостин само до бод дојде и Лион иако тие први го отворија резултатот на мечот со Ленс. Шампионот поведе откако по двојната комбинација со Кариер во листата на стрелци се запиша Викаш Дорасо, на што Ленс одговори преку Елуа. 'На 1:0 пропуштивме неколку изгледни панси да ја зголемиме предноста и да ја осигураме победата, но тоа не се случи. Уште повеќе разочарува тоа што пропуштивме шанса да ја намалиме бодовната предност на Монако, но не се предаваме, има уште доста до крајот на првенството', рече тренерот на Лион Пол Ле Гвен. На трендот нерешени средби на фаворитите се приклучи и Олимпик Марсеј кој играше без голови на гостувањето кај Ница. Сошо пак и без услугите на дос Сантос дојде до три бода против Бастија. Победата која ги искачи на 4. позиција на табелата ја остварија со помош на 14. гол сезонава на нивниот најдобар стрелец Пјер Алан Фро. РЕЗУЛТАТИ ГИНГАМП - МЕЦ Одл. НАНТ - СТРАЗБУР 1:1 Да Роша 24' - Јепес 90' (а.г.) ЛЕ МАН - РЕН 2:2 Пејрелад 40', 73' - Пикион 13', Диата 90' ЛЕНС - ЛИОН 1:1 Елуа 70' - Дорасо 33' МОНПЕЉЕ - ЛИЛ 0:2 Мусилу 13', 69' ТУЛУЗ - МОНАКО 1:1 Дидот 47' - Живе 70' АЈАЧИО - БОРДО 1:0 Багајоко 17' НИЦА - ОЛИМПИК М. 0:0 СОШО - БАСТИЈА 2:1 Лонфат 34', Фро 58' - Морис 51' ОКСЕР - ПСЖ Синоќа ТАБЕЛА 1. Монако 26 16 7 3 44:18 55 2. Лион 26 15 6 5 44:20 51 3. ПСЖ 25 14 7 4 36:18 49 4. Сошо 26 14 6 6 39:28 48 5. Оксер 25 14 3 8 42:20 45 6. Олимпик М. 26 13 4 9 33:26 43 7. Нант 26 11 6 9 29:23 39 8. Ница 26 9 12 5 27:22 39 9. Бордо 26 10 7 9 25:27 37 10. Ленс 26 11 4 11 23:38 37 11. Лил 26 9 7 10 28:28 34 12. Рен 26 8 9 9 33:28 33 13. Стразбур 26 8 7 11 37:37 31 14. Бастија 26 7 8 11 26:35 29 15. Ајачио 26 7 6 13 23:37 27 16. Мец 25 6 6 13 17:27 24 17. Гингамп 25 7 3 15 21:38 24 18. Тулуз 26 5 7 14 19:34 22 19. Монпеље 26 6 4 16 29:51 22 20. Ле Ман 26 4 9 13 20:40 21 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 17 гола - Сисе (Оксер); 15 гола - Дрогба (Олимпик М.), Фро (Сошо); 13 гола - Лујиндула ИДНО КОЛО (7.2.2004) Лион - Ајачио; Монако - Гингамп; Лил - Оксер; Бордо - Ле Ман; Мец - Ленс; Монпеље - Тулуз; ПСЖ - Сошо; Рен - Нант; Стразбур - Ница; Бастија - Олимпик М.
StormAngel ПО РЕМИТО НА ГОСТИ КАЈ ОКСЕР 'СВЕТЦИТЕ' ОСТАНАА ТРЕТИ Екипата на ПСЖ пропушти да се искачи на втората позиција на табелата откако во последната средба од 26. коло одигра 1:1 на гостувањето кај Оксер. Домашната екипа поведе преку најдобриот стрелец сезонава Џибрил Сисе, а бодот на ПСЖ му го донесе Кана со гол на 10. минути пред крајот. Тренерот на 'светците' Вахид Халилхоџиќ по средбата рече дека е задоволен од своите играчи и освоениот бод. 'Тактички одигравме очајно прво полувреме. Со измените кои ги направив по паузата се виде вистинското лице на ПСЖ, покажавме желба за победа и игравме поагресивно. Ризикувајќи дојдовме до бод, а позитивен резултат на гости кај Оксер е голема работа. Важно е што не заостанавме во трката по титулата со Монако и Лион', рече Халихаџиќ
StormAngel ФРАНЦИЈА - 28. КОЛО САМБА ВО СОШО Бразилските интернационалци Џоване Елбер и Едмилсон се најзаслужни за големата победа што Лион ја забележа на гостувањето против Сошо. Овие три бода им беа од пресудно значење на избраниците на Пол ле Гвен за да продолжат со притисокот врз лидерот Монако и токму затоа радоста на Лион по овој триумф беше толку голема. Триумфот на актуелниот француски првак беше најавен уште во 2. минута, кога Елбер се снајде најдобро по центаршутот на сонародникот Жунињо и ја смести топката во мрежата на домаќините. До крајот на првиот дел домаќините успеаја да се вратат во игра преку Сантос (постигна прекрасен гол од дваесетина метри), но херој на Лион беше Едмилсон, кој ја 'закачи' топката по еден слободен удар и го измами домашниот голман затресувајќи на неговата мрежа. Чекорот со водечките екипи го задржа и ПСЖ откако 'Светците' славеа со 1:0 на гостувањето во Ле Ман. Даниел Љубоја уште еднаш се покажа како извонредно засилување за тимот од Паркот на принцовите постигнувајќи го единствениот погодок на овој натпревар по големата грешка на домашниот дефанзивец Јаник Фишер. Лил се стабилизираше на средината од табелата по убедливиот триумф од 3:0 на гостувањето на Корзика против Ајачио. Интересно е што Шалме беше стрелец на сите три погодоци за Лил на овој натпревар, а претходно овој играч ја немаше затресено противничката мрежа на последните триесет средби на кои настапи. Хет-трик во ова коло постигна и голгетерот на Гингамп, Џером Лерој, кој трипати успеа да ја затресе мрежата на Монпеље и му донесе значајни бодови на својот тим во борбата за опстанок. Нант заостана во трката за висок пласман откако оваа екипа одигра само 2:2 на домашен терен против Мец. 'Канаринците' имаат за што да жалат на овој меч бидејќи по првото полувреме имаа предност од 2:0, но им дозволија на гостите да се вратат во игра и да освојат бод. РЕЗУЛТАТИ ЛЕ МАН - ПСЖ 0:1 Љубоја 66' АЈАЧИО - ЛИЛ 0:3 Шалме 45', 61', 68' ГИНГАМП - МОНПЕЉЕ 4:3 Лерој 45', 60', 78', Чомого 54' - Мулег 31', Бамого 44' (п), Лафуркад 87' ЛЕНС - БАСТИЈА 0:0 НАНТ - МЕЦ 2:2 Молдован 12', Арманд 38' - Марини 49', Маулида 73' НИЦА - РЕН 3:1 Меслин 41', Ласланд 49', Еверсон 89' - Пикион 54' СОШО - ЛИОН 1:2 Сантос 31' - Елбер 2', Едмилсон 61' ОЛИМПИК М. - СТРАЗБУР ТУЛУЗ - БОРДО ОКСЕР - МОНАКО Синоќа ТАБЕЛА 1. Монако 27 17 7 3 47:19 58 2. Лион 28 17 6 5 50:21 57 3. ПСЖ 28 15 9 4 39:20 54 4. Сошо 28 14 7 7 41:31 49 5. Оксер 27 14 4 9 43:22 46 6. Нант 28 12 7 9 34:25 43 7. Ница 28 10 13 5 32:25 43 8. Олимпик М. 27 13 4 10 34:30 43 9. Ленс 28 12 5 11 25:38 41 10. Лил 28 11 7 10 32:28 40 11. Бордо 27 11 7 9 27:27 40 12. Рен 28 8 9 11 34:34 33 13. Бастија 28 8 9 11 30:36 33 14. Стразбур 27 8 8 11 39:39 32 15. Гингамп 27 8 3 16 26:44 27 16. Ајачио 28 7 6 15 23:44 27 17. Мец 27 6 7 14 19:31 25 18. Тулуз 27 6 7 14 20:34 25 19. Монпеље 28 6 4 18 32:56 22 20. Ле Ман 28 4 9 15 20:43 21 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 18 гола - Сисе (Оксер); 16 гола - Дрогба (Олимпик М.); 15 гола - Фро (Сошо) ИДНО КОЛО (20.3.2004) Бастија - Ле Ман; Бордо - Ница; Лил - Ленс; Лион - Нант; Мец - Стразбур; Монако - Сошо; Монпеље - Оксер; ПСЖ - Ајачио; Рен - Олимпик М.; Тулуз - Гингамп;
StormAngel ФРАНЦИЈА - 31. КОЛО НОНДА ГИ ВОСКРЕСНА 'КНЕЗОВИТЕ' Во својот прв официјален меч по осуммесечна пауза Шабани Нонда покажа дека за него мора да има место во тимот на Монако. Овој голгетер влезе во игра на паузата од средбата Монако - Ајачио при резултат 0:3 и веднаш потоа придонесе 'кнезовите' да освојат бод со кој се искачија на првото место на табелата. Само пет минути по влегувањето во игра Нонда постигна гол за да намали на 3:1, а во самиот финиш овој фудбалер му асистираше на Дадо Пршо при израмнувачкиот погодок за Монако. 'Многу ми е мило за Нонда. Тој долго чекаше да се врати на терените и заслужи да има еден ваков кам-бек. Сигурен сум дека со него во составот ќе бидеме далеку поопасни за противничките дефанзивци', изјави Дидие Дешамп по натпреварот. Лион го загуби првото место на табелата откако неочекувано загуби пред своите гледачи од Олимпик Марсеј со 1:2. Фабијан Бартез имаше неколку одлични интервенции за Олимпик при резултат 1:1, а казната за нереализираните шанси на Лион стигна во 84. минута, кога Мерием по еден прекрасен соло-продор со удар од работ на шеснаесетникот ја затресе мрежата на гостинската екипа. По подолга пауза гледачите на Паркот на Принцовите можеа да проследат дури пет гола на еден меч на ПСЖ. 'Светците' во многу интересен натпревар успеаја да го совладаат Нант со 3:2 иако 'канаринците' први поведоа со голот на Пужол уште во 16. минута. За одбележување е дека Педро Паулета при резултат 1:1 не реализираше пенал за ПСЖ, но овој фудбалер се 'извади' во 75. минута, кога успеа да го совлада голманот на Нант. 'Многу сум горд на моите фудбалери. Се плашев од нивната реакција по поразот од Ленс минатиот викенд, но тие покажаа дека заслужуваат да се најдат на самиот врв на табелата. Има уште многу да се игра до крајот на сезонава и мислам дека ние имаме еднакви шанси со Монако и Лион во трката за титулата', истакна тренерот на ПСЖ, Вахид Халилхоџиќ. РЕЗУЛТАТИ МОНАКО - АЈАЧИО 3:3 Нонда 50', Плашил 65', Пршо 90' - Локо 25', Робин 36', 42' ЛИОН - ОЛИМПИК М. 1:2 Лујиндула 18', Дрогба 4', Мерием 84' БАСТИЈА - НИЦА 2:1 Диара 27', Морис 36' - Меслин 40' БОРДО - СТРАЗБУР 1:1 Коста 87' - Ле Пен 80' (п) ЛИЛ - РЕН 1:0 Ачимовиќ 57' МЕЦ - ЛЕ МАН 5:0 Борбичони 5', Маулида 18', 51', 66', Тиав 87' МОНПЕЉЕ - ЛЕНС 1:0 Бамого 31' ПСЖ - НАНТ 3:2 Арманд 35' (а.г.), Бошковиќ 68', Паулета 75' - Пужол 16', Зиани 90' ТУЛУЗ - СОШО 0:0 ГИНГАМП - ОКСЕР Синоќа ТАБЕЛА 1. Монако 31 18 10 3 52:23 64 2. Лион 31 19 6 6 53:23 63 3. ПСЖ 31 17 9 5 43:23 60 4. Сошо 31 15 9 7 44:32 54 5. Оксер 30 15 5 10 46:25 50 6. Олимпик М. 31 15 5 11 44:36 50 7. Нант 31 13 7 11 39:31 46 8. Ленс 31 13 6 12 27:40 45 9. Ница 31 10 14 7 34:29 44 10. Лил 31 12 8 11 35:31 44 11. Бордо 31 11 10 10 30:31 43 12. Рен 31 10 9 12 41:38 39 13. Бастија 31 9 10 12 32:38 37 14. Стразбур 31 8 9 14 40:48 33 15. Мец 30 8 7 15 25:33 31 16. Гингамп 29 9 4 16 28:45 31 17. Ајачио 31 8 7 16 27:48 31 18. Тулуз 31 7 9 15 23:37 30 19. Монпеље 31 8 4 19 36:59 28 20. Ле Ман 31 4 10 17 20:49 22 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 20 гола - Сисе (Оксер); 19 гола - Дрогба (Олимпик М.); 15 гола - Фро (Сошо), Лујиндула (Лион); 14 гола - Паулета (ПСЖ), Фреи (Рен) ИДНО КОЛО (10.4.2004) Ајачио - Монпеље; Оксер - Мец; Ле Ман - Тулуз; Ленс - Монако; Олимпик М. - Лил; Нант - Бастија; Ница - ПСЖ; Рен - Бордо; Сошо - Гингамп; Стразбур - Лион
StormAngel ФРАНЦИЈА - 32. КОЛО ПСЖ СО 10 ИГРАЧИ ДО ПРЕСВРТ Најинтересниот натпревар минатиот викенд во Франција се одигра во Ница, каде истоимената екипа загуби од ПСЖ со 2:1. Подвигот на 'светците' е дотолку поголем ако се знае дека до 80. минута резултатот гласеше 1:0 за Ница, а од 55. минута гостите играа и со фудбалер помалку откако на голманот Алонсо заслужено му беше покажан патот кон соблекувалните. Сепак, одбраната на Ница двапати 'киксираше' по нафрлените топки на гостите и Фан-Фан и Сорин успеаја да направат целосен пресврт и да ги задржат шансите за освојување на титулата на 'светците'. Монако го загуби првото место на табелата откако одигра без голови на гостувањето против Ленс. 'Секогаш е тешко да се одигра натпревар непосредно по меч од Лигата на шампионите и токму тоа беше нашиот проблем и овој пат. Ленс се покажа како одличен ривал и овој освоен бод е голем успех за нас', истакна Дидие Дешамп. Шампионот Лион повторно е на врвот по минималниот триумф од 1:0 на гостувањето во Стразбур, забележан најмногу благодарение на голот на Лујиндула на стартот од второто полувреме. 'Сега кога сме повторно на врвот, немаме намера да се откажеме од него. Преостанатите шест меча ќе бидат вистински финалиња за нас', изјави капитенот на Лион, Патрик Милер. РЕЗУЛТАТИ ЛЕНС - МОНАКО 0:0 АЈАЧИО - МОНПЕЉЕ 0:0 ОКСЕР - МЕЦ 2:1 Сисе 51', Калу 64' - Маулида 59' ЛЕ МАН - ТУЛУЗ 2:1 Дао 12' (а.г.), Панкрат 55' - Форе 76' НАНТ - БАСТИЈА 1:1 Жил 88' - Гувернек 79' НИЦА - ПСЖ 1:2 Ласланд 17' - Фан-Фан 80', Сорин 87' СОШО - ГИНГАМП 2:0 Педрети 57', Фериер 81' (а.г.) СТРАЗБУР - ЛИОН 0:1 Лујиндула 47' ТАБЕЛА 1. Лион 32 20 6 6 54:23 66 2. Монако 32 18 11 3 52:23 65 3. ПСЖ 32 18 9 5 45:24 63 4. Сошо 32 16 9 7 46:32 57 5. Оксер 32 16 6 10 50:28 54 6. Олимпик М. 31 15 5 11 44:36 50 7. Нант 32 13 8 11 40:32 47 8. Ленс 32 13 7 12 27:40 46 9. Лил 31 12 8 11 35:31 44 10. Ница 32 10 14 8 35:31 44 11. Бордо 31 11 10 10 30:31 43 12. Рен 31 10 9 12 41:38 39 13. Бастија 32 9 11 12 33:39 38 14. Стразбур 32 8 9 15 40:49 33 15. Гингамп 31 9 5 17 30:49 32 16. Ајачио 32 8 8 16 27:48 32 17. Мец 31 8 7 16 26:35 31 18. Тулуз 32 7 9 16 24:39 30 19. Монпеље 32 8 5 19 36:59 29 20. Ле Ман 32 5 10 17 22:50 25 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 21 гол - Сисе (Оксер) 19 гола - Дрогба (Олимпик М.), Лујиндула (Лион); 15 гола - Фро (Сошо); 14 гола - Фреи (Рен), Паулета (ПСЖ) ИДНО КОЛО (24.4.2004) Оксер - Сошо; Бастија - Бордо; Гингамп - Ленс; Лил - Стразбур; Лион - Рен; Мец - Ница; Монако - Нант; Монпеље - Ле Ман; ПСЖ - Олимпик М.; Тулуз - Ајачио
StormAngel ЛИГА-КУП НА ФРАНЦИЈА - ФИНАЛЕ РИШЕР, ХЕРОЈ НА СОШО Фудбалерите на Сошо го освоија Лига-купот на Франција откако во финалето од ова натпреварување по подобро изведување пенали го совладаа Нант (по 120 минути игра резултатот гласеше 1:1). Голманот Теди Ришер беше вистински херој на Сошо на оваа средба бранејќи два 'зицери' на Нант во второто продолжение. Шоуто на Ришер продолжи и во пенал-рулетот, кога прво маестрално го прочита обидот за лоб на Ландро за во дополнителната серија да го одбрани и ударот од белата точка на Деломо и да му го донесе на својот тим првиот трофеј по шампионската титула во 1938 година. 'Сакав да оставам нешто зад себе пред да заминам од овој клуб. Мило ми е што успеавме да го освоиме овој трофеј, кој им го посветувам на нашите верни навивачи', изјави капитенот на Сошо, Беноа Педрети, кој летово ќе ги смени клупските бои. ЗАОСТАНАТИ СРЕДБИ ОД 32. КОЛО РЕЗУЛТАТИ: ОЛИМПИК (М) - ЛИЛ 2:1 Марле 45', Батл 78' - Бодмер 11' РЕН - БОРДО 3:1 Сорлин 4', Калстром 57', Фреј 68' - Чамак 75' ТАБЕЛА 1. Лион 32 20 6 6 54:23 66 2. Монако 32 18 11 3 52:23 65 3. ПСЖ 32 18 9 5 45:24 63 4. Сошо 32 16 9 7 46:32 57 5. Оксер 32 16 6 10 50:28 54 6. Олимпик (М) 32 16 5 11 46:37 53 7. Нант 32 13 8 11 40:32 47 8. Ленс 32 13 7 12 27:40 46 9. Ница 32 10 14 8 35:31 44 10. Лил 32 12 8 12 36:33 44 11. Бордо 32 11 10 11 31:34 43 12. Рен 32 11 9 12 44:39 42 13. Бастиа 32 9 11 12 33:39 38 14. Стразбур 32 8 9 15 40:49 33 15. Гингамп 32 9 6 17 31:50 33 16. Мец 32 8 8 16 27:36 32 17. Ајачио 32 8 8 16 27:48 32 18. Тулуз 32 7 9 16 24:39 30 19. Монпеље 32 8 5 19 36:59 29 20. Ле Ман 32 5 10 17 22:50 25
StormAngel ФРАНЦИЈА - 35. КОЛО ШАМПИОНОТ ПРЕЖИВЕА ВО МЕЦ Лион е на најдобар пат да ја одбрани титулата во францускиот шампионат откако актуелниот првак успеа да слави на тешкото гостување против Мец со 1:2. ИЗбраниците на Пол ле Гвен премногу бавно го почнаа овој меч, а домаќините знаеја како да го искористат тоа и преку Маулида поведоа со 1:0 уште во 9. минута. Сепак, само 13 минути подоцна Жунињо со еврогол од слободен удар го врати Лион во игра за во второто полувреме актуелниот првак целосно да доминира на оваа средба. Ваквата доминација даде плод удир во 74. минута, кога по центаршутот на Малуда Џоване Елбер го искористи истрчувањето на домашниот голман за да ја затресе празната мрежа на Мец. Негативата од три бода во однос на Лион ја задржува тимот на ПСЖ откако 'светците' славеа со минимални 1:0 над Рен. Фредерик Деу беше стрелец на единствениот гол по скратениот корнер што Сорин го изведе од десната страна. Веднаш по овој гол Љубоја имаше одлична шанса, но ударот на голгетерот на ПСЖ заврши само во гредата од домашниот гол. 'Добро е што забележавме триумф бидејќи и дефинитивно си го обезбедивме пласманот во Лигата на шампионите идната сезона. Ни останува само да ги одиграме максимални преостанатите три средби и да се надеваме на 'кикс' на Лион ако би можеле да се искачиме дури и на првото место на табелата', изјави Вахид Халилхоџиќ. РЕЗУЛТАТИ ПСЖ - РЕН 1:0 Деу 61' ОКСЕР - АЈАЧИО 1:1 Калу 1' - Демонт 88' БАСТИЈА - СТРАЗБУР 0:0 ГИНГАМП - ЛЕ МАН 2:4 Шерени 66', Лерој 67' - Кузин 18', Панкрат 25', Еген 57', Откур 90' ЛИЛ - БОРДО 2:1 Ачимовиќ 32' (п), Манчев 50' - Аликарт 73' (п) МЕЦ - ЛИОН 1:2 Маулида 9' - Жунињо 22', Елбер 74' МОНПЕЉЕ - НИЦА 2:2 Бамого 36', Лафукрад 69' - Ба 23', Годемеш 81' (а.г.) СОШО - ЛЕНС 0:3 Коридон 29', Мориера 40', Томерт 61' ТУЛУЗ - НАНТ 0:1 Пујол 79' МОНАКО - ОЛИМПИК М. Синоќа ТАБЕЛА 1. Лион 35 22 7 6 60:25 73 2. ПСЖ 35 20 10 5 48:25 70 3. Монако 34 19 11 4 54:25 68 4. Сошо 35 17 9 9 50:38 60 5. Оксер 35 17 7 11 54:32 58 6. Нант 35 16 8 11 44:32 56 7. Олимпик М. 34 16 5 13 47:40 53 8. Ленс 35 14 8 13 31:42 50 9. Лил 35 13 8 14 38:37 47 10. Бордо 35 12 11 12 35:37 47 11. Рен 35 12 9 14 48:43 45 12. Ница 35 10 15 10 38:36 45 13. Бастија 35 9 12 14 33:45 39 14. Стразбур 35 9 11 15 41:49 38 15. Мец 35 10 8 17 30:38 38 16. Гингамп 35 10 7 18 34:54 37 17. Тулуз 35 8 10 17 28:42 34 18. Ле Ман 35 8 10 17 31:53 34 19. Ајачио 35 8 10 17 29:52 34 20. Монпеље 35 8 6 21 39:67 30 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 23 гола - Сисе (Оксер); 19 гола - Дрогба (Олимпик М.); 17 гола - Фреи (Рен), Лујиндула (Лион); 16 гола - Паулета (ПСЖ), Фро (Сошо) ИДНО КОЛО (12.5.2004) Ленс - Оксер; Бордо - ПСЖ; Ајачио - Сошо; Ле Ман - Лил; Лион - Бастија; Олимпик М. - Монпеље; Нант - Гингамп; Ница - Тулуз; Рен - Мец; Стразбур - Монако КОЈ СО КОГО ДО КРАЈОТ ЛИОН Бастија (д) ПСЖ (г) Лил (д) МОНАКО Стразбур (г) Рен (д) Бордо (г) ПСЖ Бордо (г) Лион (д) Бастија (г)
StormAngel КУП НА ФРАНЦИЈА - ФИНАЛЕ ПАУЛЕТА МУ ДОНЕСЕ ТРОФЕЈ НА ПСЖ Екипата на ПСЖ дојде до својот прв трофеј по пауза од шест години откако во финалето од францускот куп го совлада членот на Втората дивизија Шатору. Јунак на финалето е напаѓачот на парижаните Педро Паулета, чиј гол во второто полувреме го реши победникот. Иако беа сметани за аутсајдери, фудбалерите на Шатору одлично се бореа и им зададоа многу маки на избраниците на Вахид Халихоџиќ. Нивната сигурна одбрана потклекна само во 65. минута кога Паулета со глава ја затресе мрежата. По водството на противникот второлигашот се обидуваше да дојде до израмнување, но нивните обиди завршија со неуспех. Како утеха им останува пласманот во Купот на УЕФА со оглед на тоа што ПСЖ преку пласманот на втората позиција во првенството се избори за место во Лигата на шампиони. Сепак, и самиот пласман во финалето е голем успех за Шатору и се првата екипа по Ле Авр во 1959 која како второлигаш влегла во финалето (Ле Авр и го освои трофејот). Инаку, ова е шести трофеј во Купот за ПСЖ со што се најдоа на втората позиција на вечната листа, зад Олимпик Марсеј, кој има десет титули.
StormAngel Rezultatite od novata sezona: 12/09/2004 Sochaux 2 - 0 Marseille » 11/09/2004 Rennes 1 - 2 Lyon » 11/09/2004 Caen 1 - 0 Lens » 11/09/2004 Istres 1 - 1 Paris-SG » 11/09/2004 Lille 1 - 0 Nice » 11/09/2004 Metz 0 - 0 Bordeaux » 11/09/2004 Monaco 3 - 1 Strasbourg » 11/09/2004 Saint-Etienne 0 - 0 Nantes » 11/09/2004 Toulouse 3 - 1 Ajaccio » 11/09/2004 Bastia 1 - 0 Auxerre » I plasmanot na ekipite: 1 Toulouse 11 5 3 2 0 11 5 6 2 Metz 11 5 3 2 0 7 3 4 3 Bastia 11 5 3 2 0 6 3 3 - Lyon 11 5 3 2 0 6 3 3 5 Monaco 10 5 3 1 1 7 4 3 6 Auxerre 9 5 3 0 2 6 5 1 7 Bordeaux 8 5 2 2 1 7 2 5 8 Lens 8 5 2 2 1 6 2 4 9 Caen 8 5 2 2 1 5 4 1 10 Marseille 7 5 2 1 2 6 6 0 - Sochaux 7 5 2 1 2 5 5 0 12 Rennes 7 5 2 1 2 6 7 -1 - Lille 7 5 2 1 2 3 4 -1 14 Paris-SG 3 5 0 3 2 7 9 -2 - Nantes 3 5 0 3 2 3 5 -2 16 Istres 3 5 0 3 2 4 7 -3 17 Saint-Etienne 3 5 0 3 2 3 7 -4 18 Strasbourg 2 5 0 2 3 5 11 -6 - Nice 2 5 0 2 3 3 9 -6 20 Ajaccio 1 5 0 1 4 3 8 -5