Zagina Pretsedatelot na Republika Makedonija
Zagina Pretsedatelot na Republika Makedonija
DJ_SHEMA Загина претседателот Борис Трајковски [img]http://media.a1.com.mk/media/vesti/trajkovski200x150.jpg[/img] 26.02.2004 Борис Трајковски Утрово во близина на Столац, 40 километри јужно од Мостар се урна авионот со кој патуваше претседателот Борис Трајковски. Теренот е недостапен и екипите на СФОР кои утрово се упатија кон местото на несреќата се уште не стигнале таму. Министерот за одбрана Бучковски за А1 изјави дека кон местото на несреќата поради лошото време пеш одат 70 војници на СФОР. Патници во авионот биле: претседателот Трајковски, Димка Бошковиќ, Ристо Блажевски, Анета Христова Лазаровска, Велинов Борче, Ацо Божиновски, Лиле Крстевска и двајцата пилоти Мирко Марковски и копилотот Бранко Ивановски. Шефот на кабинетот на министерот за надворешни работи Младен Иваниќ, ги демантира изјавите на претседавачот на претседателството Драган Човиќ дека се пронајдени 4 тела од 9-те загинати. Според истиот извор околу 70-80 војници се движат кон местото на несреќата, точната локација не е утврдена, а причина за нестигнувањето на војниците на СФОР се лошите временски услови. Во истрагата учествуваат припадници на федералната полиција, забранет е пристапот на телевизиските екипи кон тој терен и новинарите чекаат било каква информација. Според изјави на очевидци се кажува дека слушнале експлозија во воздухот, но официјално се уште нема ништо се е уште во рамките на шпекулациите. Можно е првите резултати да се случат некаде доцна ноќеска, поради лошите временски услови и минираноста на теренот. Aвионот се урнал во близина на Столац, 40-тина километри јужно од Мостар „Немам конкретни информации, делот каде што се случи несреќата е во надлежност на СФОР“, изјави Михајло Трпкоски амбасадор на Македонија во Босна. Портпаролот на американските сили во Босна изјави дека контролата на летот го загубила радарскиот контакт со авионот на претседателот во близина на границата на Босна и Црна Гора. Босанското МВР изјави дека временските услови во местото каде урнал авионот биле многу лоши. Според информацијата од Службата за општи и заеднички работи на на Владата на Република Македонија летот е извршен по барање на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, за што се извршени сите неопходни подготовки. Со авионот управувал капетан Мирко Марковски и копилотот Бранко Ивановски, пилоти со големо искуство и непрекинато заедничко летање во повеќе години, подвлекува Службата за општи и заеднички работи. Полетувањето е извршено во 06 часот и 48 минути, а во авионот се наоѓале вкупно 9 патници. Според последните информации од Службата авионот е загубен од радарската контрола во 08 часот и 1 минута на подрачјето околу Столац, 30 километри јужно од Мостар. Од кабинетот на Претседателот нема информации, а Претседателот на Собранието Љупчо Јордановски ја прекина седницата и одржа состанок меѓу Јордановски и претседателот на Уставниот суд Лилјана Ристова-Ингилизова, јави репортерот на А1 од Собранието, Весна Велкова. Зајакната е контролата на границата и формиран е кризен Штаб во кој партиципираат министрите за одбрана и внатрешни, претседателот на Собранието, јавниот обвинител и советникот за национална безбедност од кабинетот на претседателот. А1 дознава дека во 17 часот ќе се одржи итна седница на Владата, а во 19 часот седница ќе одржи Советот за безбедност. Кратка биографија на Трајковски МИА 26.02.2004 Борис Трајковски Борис Трајковски е роден на 25 јуни 1956 година во Струмица. Женет, сопруга Вилма, татко на две деца: ќерка Сара и син Стефан. Во 1980 година дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа специјализирал деловно право и право на работни односи. До 1997 година е раководител на правната служба во градежното претпријатие „Слобода“ од Скопје, кога е именуван за шеф на Кабинетот на градоначалникот на општина Кисела Вода. Во декември 1998 година и е избран за заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија. Бил и претседател на Комисијата за надворешно-политички односи на ВМРО-ДПМНЕ и главен политички советник за надворешна политика на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски. Бил и член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија и на Меѓународната конференција „Решавање на конфликти“ со седиште во Атланта. Учествувал на многубројни меѓународни конференции со теми од решавање на конфликти, религиозна толеранција и религиозна слобода, а бил и претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години. Трајковски беше инаугуриран како втор по ред претседател на Република Македонија на 15 декември 1999 година. МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ГО ПОТВРДИ УРИВАЊЕТО НА АВИОНОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ Заменик претседателот на Владата на Република Македонија Јован Манасиевски попладнево официјално потврди дека авионот во кој патуваа македонскиот претседател Борис Трајковски и уште осум лица изутрината се урна кај Столац во Босна и Херцеговина. Ова го потврдија, рече Манасиевски, и СФОР и Министерството за безбедност на БиХ, кои информираа дека околу 11 часот е лоцирано местото каде што се урнал авионот, на планината Рисник, во општина Љубиње. "Официјални лица се уште немаат извршено увид на местото на несреќата, поради непристапниот терен и исклучително лошите временски услови", рече вицепремиерот Манасиевски. Тој информира дека во несреќата, покрај шефот на државата, животот го загубија и Димка Илкова Бошковиќ - советник во Кабинетот на претседателот, Ристо Блажевски - советник во Кабинетот, Анита Лазаровска - член на Кабинетот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Веленов и Аце Божиновски, двајцата од обезбедувањето на Трајковски, како и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски. Владата веднаш по добивањето на првите вести формира Координативно тело составено од претставници на министерствата за внатрешни работи, за одбрана и за правда. Координативното тело формира специјално владино тело што го предводи министерот за правда Иџет Мемети. Негови претставници веќе отпатуваа за Мостар. Задача на специјалното тело е да ја утврди фактичката состојба во соработка со федералните власти на Босна и Херцеговина. Во него се вклучени 20 експерти, меѓу кои, државниот секретар во МВР, екипа на крим полицијата, двајца истражни судии, двајца јавни обвинители, претставник на Агенцијата за разузнавање, пет експерти од Управата за цивилна воздушна пловидба и петчлена екипа од Институтот за судска медицина, предводена од доктор Алексеј Дума. Вицепремиерот Манасиевски рече дека македонската државна делегација предводена од премиерот Бранко Црвенковски што денеска во Даблин требаше да ја поднесе апликацијата за членство на Република Македонија во ЕУ, поради уривањето на авионот на Трајковски, го прекина престојот во Ирска и веќе е на пат кон Скопје. Владата на Република Македонија попладнево ќе одржи вонредна седница на која ќе биде разгледана новонастанатата ситуација.
Strelec Нека му е вечна слава!
DJ_SHEMA ИЗВАДОЦИ ОД УСТАВОТ НА РМ ВО ВРСКА СО ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА ВО СЛУЧАЈ НА НЕСРЕЌА Член 82 Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието. Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност. Во случај на спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието. Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување. Член 81 Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.
DJ_SHEMA ПО ПОВОД ДЕНЕШНОТО АПЛИЦИРАЊЕ Претседателот Трајковски му посака среќа на Црвенковски Амбасадорот Кјарини рече дека подготвеноста на Македонија ќе се процени со прашалникот од 4.500 прашања Претседателот Борис Трајковски вчера ја испрати и и посака среќа на македонската делегација во Даблин со порака дека успехот понатаму ќе зависи само од нас и од нашата подготвеност да ги спроведуваме реформите. Трајковски им порача на граѓаните и на политичарите да го сменат начинот на размислување и да се ориентиаат кон европскит начин за да може Македонија што поскоро да пристапи кон членство во ЕУ. - Пред многу години, кога бевме соочени со големи проблеми, никој од нас не веруваше дека Македонија ќе направи значаен чекор напред и ќе биде подготвена за значаен исчекор кон европските интеграции. Со денешната апликација почнува формално процес во кој треба да следат значајни реформи и на крајот да резултираат со членство во ЕУ. На тој пат ќе се соочиме со многу предизвици и проблеми, но самите треба да бидеме гаранти за што поскоро пристапување во членство во ЕУ, а не тоа да го гарантира некој од надвор - изјави вчера Трајковски по потпишувањето на апликацијата заедно со премиерот Бранко Црвенковски. За разлика од претседателот, шефот на делегацијата на европската комисија во Скопје Донато Кјарини беше многу повоздржан за барањето за членство. Тој рече дека одлуката е на Владата и дека ЕУ ги поддржува реформите и напредокот што е постигнат во Македонија. За досегашните постигнувања Кјарини вели дека "чашата со реформи се уште не е наполнета", но најави дека во новиот извештај на Европската комисија за Македонија ќе биде наведено дека е постигнат напредок. Без коментар за подготвеноста на Македонија за аплицирање, Кјарини рече дека подготвеноста ќе се процени со прашалникот од 4.500 прашања за македонската Влада.
melpomena Chitav nekoj reche vo Makedonija bila proglasena vonredna sostojba... Toa se shpekulacii. Denes vo Bosna e proglasen Den na zhalost, vo Makedonija bi trebalo 3 Dena da bide den na zhalost. Utre trebashe da bide zvanichno proglasen noviot Nachalnik na General Shtab, Bojadziev, ama mislam deka kje bide odlozheno.
a-pin-dim leka mu zemja na nasiot precedatel Boris Trajkovski
StormAngel
quote:
Originally posted by melpomena
Chitav nekoj reche vo Makedonija bila proglasena vonredna sostojba... Toa se shpekulacii. Denes vo Bosna e proglasen Den na zhalost, vo Makedonija bi trebalo 3 Dena da bide den na zhalost. Utre trebashe da bide zvanichno proglasen noviot Nachalnik na General Shtab, Bojadziev, ama mislam deka kje bide odlozheno.
Jas toa od negde go procitav,no mi se cini deka sum zgresil.Izvinete za moite pogresni informacii.
ace6vel Lesna mu zemja
ozonce Sochustvo i zalam sho zamina eden MAKEDONEC Neka im e lesna zemjata.
melpomena eden? Shteta za site zaginati...:( Dali nekoj e zapoznaen kolku tela se najdeni? Mene me obavestija deka navodno 4 se najdeni, a teloto na Pretsedatelot se ushte ne e...?
ace6vel 9 tela se najdeni jas kako so citav SFOR gi nasle. <-- ne e tocna informacijava :(
Thief Ниту едно тело не е пронајдено! Наводно од хеликоптер се видени 2 тела, па 4, па пак информациите се вратија на две. Сепак, екипите не се стигнати до трупот на авионот и ниту едно тело не е идентификувано. Нормално е во вакви ситуации воената готовност да се подигне на највисоко ниво... Јас мислам дека дури и кризен штаб треба да се формира, а Генералштабот на АРМ да се повлече на сигурно место и да командува со Армијата (сепак: не е утврдено дали се рабопти за несреќен случај или за атентат?!). Владата официјално објави тридневна жалост во Македонија...
DJ_SHEMA Црвенковски по повод уривањето на претседателскиот авион 26.02.2004 Загубата е огромна, треба да жалиме, но не и да стравуваме. Македонија е цврста и стабилна држава и ќе го продолжи својот пат Република Македонија денеска претрпе огромна загуба. Се урна авионот во кој патуваше претседателот на државата Борис Трајковски заедно со уште осум членови од делегацијата и екипажот. До овој момент официјална потврда од официјалните институции на Босна и Херцеговина за преживеани нема и од нивна страна се оценува дека шансите за таков епилог се минимални. Во овие тешки моменти јас, Владата и македонските граѓани сме заедно со семејствата на претседателот и останатите настрадани и ја споделуваме нивната огромна болка. Ги изразувам нашето длабоко жалење и искрено сочувство. Ова се моменти кога е неопходно единство на нацијата. Очите на целиот свет се свртени кон нас. Уверен сум дека уште еднаш, дури и при вакви трагични околности, ќе ги потврдиме нашиот државотворен капацитет, демократската зрелост и високата општествена свест. Институиците на државата ќе продолжат да функционираат нормално и одговорно во согласнсост со Уставот и законите. Владата на Република Макеоднија вечерва ќе одржи вонредна седница на која ќе се донесат сите одлуки и ќе се преземат сите неопходни мерки во вакви околности. Веднаш потоа ќе заседава и Советот за безбедност кој ќе ги разгледа вкупните состојби на новонастаната ситуација. Во текот на утрешниот ден ќе организирам средби со лидерите на политичките партии од кои очекувам со одговорно и соодветно на ситуацијава однесување да дадат сопствен придонес за надминување на оваа состојба. Загубата е огромна, треба да жалиме, но не и да стравуваме. Македонија е цврста и стабилна држава и ќе го продолжи својот пат.
Angelaris Neka mu e lesna zemja na site sto zaginaa R.i.p
orko Nema niedno pronajdeno telo poradi nepristapnosta na terenot, trgnatite 70-80 vojnici vecherva kje logoruvaat a lociranjeto i potragata kje pochne rano nautro koga kje ima uslovi za istoto. Nepristapnosta od vozguh e poradi loshite vremenski uslovi, a kopneno poradi opasnost od minski polinja vo toj region. Pred se, Golema zaguba za semejstvata na zaginatite i za Makedonija. Neka mu e vechna slava i Bog da gi prosti Pretsedatelot na Republikata i site negovi sorabotnici/sopatnici zaginati vo nesrekjata.
MissHell R.I.P na site.. =(
ace6vel Владата прогласи тродневна жалост Скопје, 26 февруари (МИА) - Владата на РМ на вечерашната вонредна седница донесе одлука знамињата на државните институции да бидат симнати на половина копје и прогласи тродневна жалост, почнуваќи од утре. „Владата заклучи дека на РМ и е нанесена огромна загуба, меѓутоандека сите институции функционираат нормално и дека не се доведени во прашање безбедноста и сигурноста на државата“, изјави владиниот потпарол Сашо Чолаковски. Како што се наведува во соопштението од Агенцијата за информации, Владата од граѓаните побара да бидат мирни, да не веруваат на никакви дезинформации, бидејќи нема место за паника и се во земјата функционира нормално. МИА
sapeski [img]http://us.news2.yimg.com/us.yimg.com/p/afp/20040226/capt.sge.nxj31.260204200919.photo00.default-295x346.jpg[/img]
ace6vel У АВИОНСКОЈ НЕСРЕЋИ НА ЈУГУ БОСНЕ И ХЕРЦЕГОВИНЕ Погинуо Борис Трајковски Председник Македоније путовао у Мостар.–- Страдало свих осам путника и чланова посаде.–- Претпоставља се да је узрок пада авиона невреме Македонски председник Борис Трајковски погинуо је јутрос у авионској несрећи недалеко од Стоца на југу Босне и Херцеговине, у којој је страдало и свих осам чланова делегације са којом је путовао на конференцију у Мостару и посаде председничког авиона. Драма је почела јутрос у 8.30 часова, изнад Стоца, чије је подручје од јутрос под густом маглом. Шта се дешавало тих критичних тренутака откриће истрага која је покренута. „Једног тренутка чула се јака бука авионских мотора. Ништа није могло да се види због густе магле”, преносе електронски медији изјаву једног мештанина. А онда је завладала злослутна тишина, која је наговештавала најгоре. Француски Сфор, који је јутрос био на дужности у том региону, саопштио је око девет сати да је изгубио контакт са председничким авионом, који је превозио македонску државну делегацију у Мостар на међународну конференцију о улагањима у БиХ. Авион је требало да слети у тај град нешто после 8.30. Претпоставља се да је узрок пада председничког авиона густа магла која је јутрос прекрила јужне делове БиХ. Када је авион нестао са радара контроле летења, Сфор и полиција Републике Српске су у рејон између Стоца и Мостара одмах послали спасилачке екипе. Спасиоци из РС пронашли су олупину авиона и тела страдалих око 11 сати. Осим Трајковског, у несрећи су страдали његови саветници Димка Илкова Бошковић, Ристо Блажевски и Анита Лозановска, званичник министарства иностраних послова Миле Крстевски и два официра задужена за безбедност председника –- Аце Божиновски и Борис Велиновски. Копилот је идентификован као Бранко Иванковски, а пилот Мирко Марковски. На место пада македонског авиона упућене су и екипе за уклањање мина, јер је тај терен миниран током последњег рата у БиХ (1992–-1995). Село Горња Битуња, где су пронађени остаци авиона, налази се између Берковића и Љубиња, у РС, и Стоца –- који припада Федерацији БиХ. Македонска делегација, предвођена премијером Бранком Црвенковским је већ око 10 сати хитно враћена из Даблина, где је требало да поднесе пријаву за чланство у Европској унији. Због јаке кише и густе магле, лет за Мостар и учешће на конференцији отказао је премијер Албаније Фатос Нано, а после несреће и председник Србије и Црне Горе Светозар Маровић и словеначки премијер Антон Роп. „Били смо у дилеми да ли да наставимо рад или прекинемо конференцију. Одлучили смо да управо због Бориса Трајковског, који је са нама учествовао у припреми догађаја, ипак наставимо рад”, изјавио је председавајући председништва БиХ Драган Човић. Трајковски је рођен 25. јуна 1956. године у Струмици. Завршио је Правни факултет, а студирао теологију у САД, где је напустио православље и приступио методистичкој цркви. Трајковски је изабран за председника Македоније крајем 1999. године, као кандидат ВМРО. Пре тога је био заменик министра иностраних послова у влади Љупча Георгијевског. Ожењен је и има двоје деце –- сина и ћерку.
StormAngel ПО ВЕСТА ЗА ЗАГИНУВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ЗАМИНА ПРИЈАТЕЛОТ НА СПОРТОТ И СПОРТИСТИТЕ [img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1764/sliki/5137.jpg[/img] [img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1764/sliki/5136.jpg[/img] [img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1764/sliki/5135.jpg[/img] Веста за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски силно ги потресе македонските спортисти. Реакциите во нашата Редакција вчера доаѓаа од сите страни на Македонија. Покрај најавите за одложување на сите активности на федерациите, од сите страни доаѓаа изрази на жалење по човекот кој беше силно поврзан со спортот. Почнувајќи од неговата голема љубов - одбојката, па преку тенисот, каде што сакаше да ги одмери силите со своите колеги од другите земји, па преку кошарката, ракометот и фудбалот , каде што беше чест гостин и верен навивач, сй до Охридскиот пливачки маратон, кој беше под негов патронат и во голема мерка може да му заблагодари за враќање на стариот сјај, Борис Трајковски беше секогаш со спортот и спортистите. Изминатава година речиси немаше ниеден позначаен фудбалски натпревар на Градскиот стадион на кој не присуствуваше претседателот. ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО БЛИЗИНА НА МОСТAP ЗАГИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Македонскиот претседател Борис Трајковски загина вчера во авионска несреќа што се случи во близина на Мостар кај Столац. Авионот се урна во реонот на селото Битуње, во општината Берковиќи. Трајковски заедно со членови на делегацијата што го придружуваше требаше да учествува на Меѓународната конференција за инвестирање во БиХ. Во авионот покрај Трајковски се наоѓале и Димка Илкова - Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска, сите советници во Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, членовите на обезбедувањето Борис Велинов и Аце Божиновски и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски. Европската агенција за надгледување на воздушниот сообраќај ја известила македонската Влада дека претседателскиот авион 'исчезнал од радарите', а македонската делегација предводена од премиерот Бранко Црвенковски околу 10 часот итно е вратена од Даблин каде што требаше да ја предаде апликацијата за членство на Република Македонија во Европската унија. Авионот со кој се превезуваше македонскиот претседател Борис Трајковски вчераутро полета од скопскиот аеродром. Вообичаено дозвола за полетување на авионот му дала скопската контрола на летање, а потоа минувајќи низ повеќе обласни контроли во фазата на приближување на мостарскиот аеродром авионот е преземен од босанската и обласната мостарска контрола на летање. Сй уште нема информација која е причината за уривањето на авионот, а други детали не се достапни.
MaCkiCa` Sho se desi, go nashle pretsedatelot? Pishete neshto, ja tuka u Grcija nishto nemozam da razberam....
kopacot LESNA MU ZEMJA
ace6vel Пронајдени деветте тела и делови од авионот 27.02.2004 Остатоци од претседателскиот авион Владини извори потврдија дека се пронајдени сите девет тела и делови од урнатиот авион на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, во областа на селото Хусковиќи, во близина на Столац, јужно од Мостар. Информацијата од терен ја потврди заменикот јавен обвинител Роксанда Крстевска, која се наоѓа на местото на несреќата. „Се уште сме во фаза на разгледување, бидејќи сме мала екипа, сега се договараме како ќе го извадиме лешот, маркирано е целото место со жолта трака. Станува збор за опасен терен, кој единиците на СФОР го деминираат од тие причини многу е тешко да дојдат екипите и да ги превземат потребните мерки“. [img]http://media.a1.com.mk/media/vesti/nesreka-trajkovski.jpg[/img] „Колку можам да видам има седум, останатите две се во авионот, пронајдена е црната кутија што е најважна. Таа ќе биде испратена во Париз. Таа не може да се отвара и не смее да се отвара. Дел од лентата што го поседуваат единиците на СФОР, на која биле снимани последните разговори ми беше ветено дека денеска ќе ми биде дадено“. „Се е јагленисано, освен еден леш, по се изгледа се работи за пад на авионот. Имаме цела екипа од судска медицина, претпоставувам определбата ќе биде идентификација да се изврши во Скопје, доколку успееме во тоа но не сум сигурна, затоа што ова се наоѓа во туѓа земја и таа ќе ги превземе“, изјави за А1 Крстевска. [img]http://media.a1.com.mk/media/vesti/avion200x150.jpg[/img] Очевидците кои можеле да се приближат кон местото велат дека Авионот е преполовен и цела е само опашката, а другиот дел е целосно распарчен Известувачот на А1 е во местото Ротиње околу километар од местото каде што се урнал авионот. Пристапот понатаму не е дозволен, со образложение дека теренот е миниран. Министерот Мемети кој се вратил во Ротиње од местото на падот на авионот и официјално соопшти дека нема преживеани. Се очекува до вечер телата да бидат префрлени во Мостар. Очевидците кои можеле да се приближат кон местото велат дека авионот е преполовен и цела е само опашката, а другиот дел е целосно распарчен. Жителите од ова место се постари лица и велат дека не слушнале ништо, но потврдуваат дека и вчера надлетувале хеликоптери, но најверојатно од густата магла не успеале ништо да забележат. Местото на несреќата е многу блиску до Мостар и на терен кој е релативно пристапен. Од СФОР тврдат дека лошите временски услови ги спречиле порано да дојдат на местото на несреќата. СФОР вчера акцијата ја изведувале 11км подалеку од ова место, на спротивната страна. Инаку денеска е дена на жалост во БиХ за смртта на Трајковски. Постојано во медиумите се упатуваат пораки со сочувство до семејствата на загинатите и до целата македонска јавност. Се одржа и комеморативна седница на Претседателството на БиХ во знак на сеќавање на смртта на претседателот Трајковски. Претседателот на претседателството на БиХ, Драган Човиќ, изјави дека „Смртта на Трајковски не е губиток само за Македонија туку и за целиот регион и светот“. Денеска во медиумите се многу попретпазливи со информациите и постојано се нагласува дека новинарите немаат пристап до местото на настанот. Информациите неколку пати се проверуваат пред да бидат објавени, нема медиум кој не го следи овој настан, јави дописникот на А1 од Сараево. Според информациите од Одделот на службата за потрага и спасување при Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ, во 8 часот и 30 минути спасувачката хеликоптерска единица успеала да го лоцира местото каде што се урнал македонскиот авион.
f9 СВЕДОШТВО „СФОР не прави будали и вас и нас!“ Контролорите на летот од составот на СФОР се одговорни за уривањето на авионот со македонскиот претседател, а стабилизациските сили сега лажат и се обидуваат да ја префрлат одговорноста врз други, изјави хрватски воздухопловен експерт во саботата, во интервју на централните вести на босанската телевизија. - На никого не му е јасно зошто авионот летал по воздушната линија 365, која е многу опасна, зашто минува меѓу планини што тешко се заобиколуваат. Зошто авионот не летал по линијата 360, која се користеше и пред војната, која е сосема безбедна и на која нема никакви пречки? Сите знаеме дека во контролната кула на мостарскиот аеродром беа француски војници од СФОР. Кога авионот ќе се приближи 30 километри до аеродромот, контролната кула ги има сите податоци за леталото и за неговото движење, односно за височината и за локацијата. Докажано е дека авионот се движел 500 до 600 метри под дозволената височина. Зошто никој не му јавил на пилотот да го крене авионот? Се знае дека авионот го управувал еден од најискусните пилоти во Македонија. Како СФОР воопшто можеше по трагедијата да пребарува локација 30 до 40 километри подалеку од местото на уривањето на несреќата, кога контролата на летот веќе имаше прецизни податоци за локацијата и височината на авионот во последните моменти пред уривањето? Можеби сакаат да ги прикријат своите грешки и да наведат дека причина за несреќата е дефект на авионот. Не знаеме и веројатно нема да дознаеме. А неслужбено дознаваме дека навигаторите веќе се дома во Франција, со семејствата. Ова е нешто нечуено! Дами и господа, СФОР ве прави будали и вас и нас, босанската Влада и македонската Влада и кого уште не - му изјавил хрватскиот експерт на водителот на дневникот, Сенад Хаџифејзовиќ.
f9 СИНОТ НА ПИЛОТОТ МАРКОВСКИ ПРАШУВА Зошто контролорот не го коригирал летот? Човечкиот фактор не е исклучен во секоја трагедија, но ако мојот татко Марко Марковски згрешил, а истото го направил и копилотот Бранко Ивановски, голема загатка е зошто контролорот не ги коригирал, а трагичниот инцидент се случил кога леталото било во процедура за слетување, прашува Зоран Марковски, син на пилотот на авионот на претседателот Трајковски. Не сакајќи да биде сфатен субјективно, Зоран, вработен во скопската контрола на летање, со овие зборови ги коментира пишувањата на босанскиот весник "Дневни аваз" кој виновникот за авионската несреќа го лоцираше во пилотите на авионот. Според него, виновникот ќе биде познат по целосно завршување на истрагата и анализата на информациите од црната кутија. - Секундарниот радар на мостарскиот аеродром ја имал регистрирано точната географска позиција на авионот, како и висината и брзината со која летал. Остатоците на авионот беа најдени 26 часа по уривањето, а тој паднал на десетина километри од пистата, кога бил во фаза на слетување. Зошто босанскиот спасувачки тим кој за време на војната за 17 минути успеал да лоцира паднат пилот и да го спаси не бил активиран, навистина е чудно - огорчено прашува Зоран. Според неговите кажувања, засега нема информација дали надлежните експерти побарале репродукцијата на радарската слика. Сите македонски летачи тврдат дека пилотот Марковски бил еден од најискусните македонски активни пилоти. Инструктор по летање и латач со пилотски стаж од триесет години. Летал на сите поранешни југословенски и европски аеродроми, а зад себе имал и редица интерконтинентални летови.
rbarulz Ljuge , edno ne mi e jasno.. kako moze vo avionot vnatre da e crno.. a odnadvor, da ne e crno? zaso.. SFOR,denta koga avionot.. padna.. prvi gi spustija,znaminjata.. Nikola Gruevski e vo pravo,ne trebase da kazuvaat,deka se pocinata dodeka ne gi pronajdat,ili posle 24h, da se proglasi deka ne se mrtvi.. kako prvo,sfor morase da znaat kade se posto koga e na dalecina.. od 700 metri,sfor moze da go locira kade i kolku patnici ima vo avionot.. i sve ne samo sfor, site.. kako i da e steta.. za Precedatelot. Neka mu e lesna zemja...
zArE Rest In Peace !
Impolite Lesna mu zemja