Pauza Vo Rakometot
Pauza Vo Rakometot
StormAngel ПРВЕНСТВЕНИТЕ КОЛА, НАЈВЕРОЈАТНО, ЌЕ БИДАТ ОДЛОЖЕНИ ВИКЕНДОВ БЕЗ РАКОМЕТ Првенствените кола во машка, женска и младинска конкуренција кои беа планирани да се одиграат викендов, најверојатно, ќе бидат одложени. Причината за ова е трагичната смрт на претседателот на републиката Борис Трајковски. Веста официјално не е потврдена затоа што за синоќа беше предвидена седница на владата. Се чекаше нивната одлука, околу тоа кои денови ќе бидат прогласени за 'ден на жалост', Потоа и Ракометната Федерација на Македонија, формално ќе соопшти дека првенствените кола ќе бидат одложени. Термините во кои ќе се преигруваат натпреварите ќе бидат дополнително соопштени.
StormAngel ПРВА МАШКА РАКОМЕТНА ЛИГА ИЗЕДНАЧЕНА ТРКА По 12 одиграни кола во Првата машка ракометна лига Колтовски од екипата на Пелагонија во моментот е најдобар стрелец со вкупно 85 гола. Заири од екипата на Ринија е втор на листата, но поради три неодиграни натпревари, неговиот тим е исклучен од лигата. Колтовски е со мала предност пред другите, но во продолжение на листата е навистина 'густо'. Разликата на постигнати голови меѓу ракометарите е 2-3 гола, што ветува и поголеми промени на листата во наредните натпревари. Сепак, предноста на Колтоски е поосетна и неговата позитива од 11 гола од Наумов може да се одржи. Интересен е фактот што Колтовски има постигнато дури 25 гола од пенал, додека ракометарот на Овче Поле само четирипати поентирал од шестте метри. ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 1. Колтовски (Пелагонија) 85 (25) 2. Заири (Ринија) 83 (35) 3. Наумов (О. Поле) 74 (4) 4. Јанчиќ (Куманово) 72 (12) 5. Стојановски (Преспа) 71 (19) 6. Стојчевски (Вардар) 71 (22) 7. Сенев (Текстилец) 68 (8) 8. Наќов (Неготино) 66 (19) 9. Грозданов (Тиквеш) 65 (10) 10. Танчев (Неготино) 64 (3) ПРВА ЖЕНСКА РАКОМЕТНА ЛИГА МАРКОВСКА СУПЕРИОРНА Анита Марковска од екипата на Ел Коритон е најдобриот стрелец во Првата женска ракометна лига со недостижни 112 гола по 10 одиграни кола. Процентуално гледано, Марковска на секој натпревар постигнува по 11 гола. На последниот натпревар со Преспа ракометарката на Ел Коритон постигна дури 12 гола. Со речиси триесет гола помалку на листата се Алими, Петрушевска, Стефанова ..., и веќе предвреме може да се каже дека нивната трка за најдобар стрелец е загубена. Но, во продолжение на листата е навистина неизвесно и борбата за втората, третата позиција може да продолжи. ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 1. Марковска (Ел Коритон) 112 (26) 2. Алими (Преспа) 74 (16) 3. Петрушевска (Кратово) 70 (17) 4. Стефанова (Стрела) 67 (17) 5. Петкова (Тиквеш) 63 (8) 6. Антониеска (Кале) 58 (18) 7. Попова (Антигона) 57 (29) 8. Пешевска (Кратово) 56 (8) 9. Грујоска (Кале) 54 (2) 10. Георгиевска (Еуролинк) 52 (15) ВТОРА МАШКА РАКОМЕТНА ЛИГА ЃОРЃИЕВСКИ НЕДОСТИЖЕН Ѓеорѓиевски од екипата на второпласираната Паланка во Втората ракометна лига е прв на листата на стрелците. По 11 одиграни натпревара ракометарот на Паланка има постигнато 85 гола, кои се речиси недостижни за останатите ракометари. Дури 26 гола од 85-те се постигнати од пенал, додека Везенковски има двојно помалку голови од пенал. Везенковски е со 23 гола во негатива (62), споредено со Ѓорѓиевски, но веднаш зад петици му е ракометарот на Климент Охридски, Андоновски со 59 гола. Итересен е фактот што првите пет ракометари од листата на стрелците доаѓаат од петте различни екипи кои се натпреваруваат во Втората машка ракометна лига. ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 1. Ѓорѓиевски (Паланка) 85 (26) 2. Везенковски (Младост) 62 (13) 3. Андоновски (Кл. Охридски) 59 (7) 4. Куснаков (Радишани) 52 (13) 5. Величковски (Романовце) 51 (7)