Avionska Nesreka!?
Avionska Nesreka!?
dbk Vo vrska so tragicnata smrt na Pretcedatelot Trajkovski i negovite sorabotnici, spored izjavite na ocevidci se slusnala EKSPLOZIJA vo VOZDUHOT. Dadete gi vasite mislenja za toa dali toa sto se sluci bese
dbk Jas licno mislam deka na nasiot Boris mu ja svarija corbata , zalno ali ne mozeme da barame od MECKA remeni koga sme plaslivi ZAJACI!
ozonce batki bre ne ja tupite u kurac... koi sme nie da kazeme shto e.. na sekoja shpekulacija ni se pishe po edna negativna recka, kaj ne znaeme kaj ni e glavata sea ke izigravame Babi Vangi od Bugarija ta ke se pravime vidovite da pogoduvame sho e kako e. Ima instituciii koi ke go otkrijat toa sho bilo tamu.
dbk
quote:
Originally posted by ozonce
batki bre ne ja tupite u kurac... koi sme nie da kazeme shto e.. na sekoja shpekulacija ni se pishe po edna negativna recka, kaj ne znaeme kaj ni e glavata sea ke izigravame Babi Vangi od Bugarija ta ke se pravime vidovite da pogoduvame sho e kako e. Ima instituciii koi ke go otkrijat toa sho bilo tamu.
batka be tocno e toa deka ima institucii sto ke otkrijat sto i kako se sluci ama sepak za zal nie nema da doznaeme sto tocno se sluci ili mozebi ke doznaeme mnogu mnougu docna!
f9 Став - Ферид Мухиќ Не шпекулирајте, Македонци! Можам на господинот од СФОР да му порачам дека и покрај тоа што не сум особено брз ни опак, има во мене нешто од што е умно да се плаши. Ах, да ми е да го сретнам некаде, сам в шума, па да му порачам што тој да прави, кого да погребува, кого да избира, каде да гледа и каде да не гледа! Главниот проблем на целата историја доаѓа од расчекорот во брзината со која се случуваат општествените промени и брзината на адаптацијата кон нив. Класична илустрација на овој факт претставуваат анализите на агресивноста. Технолошките промени илјадници пати го зголемија деструктивниот потенцијал на луѓето, а нивната способност за контролирање афекти ни најмалку не порасна. Истиот овој расчекор со историјата се случува и во сферата на темелните општествени вредности. Драстична илустрација претставува радикалната измена во сфаќањето на поимот на рамноправноста на државите. Физиолошките и психолошки измени не може да се забрзаат. Но свесната адаптација на новите околности е можна. Па сепак, луѓето и тука се робови на сопствената инертност. Само затоа што илјадници години работеле заеднички, луѓето наивно веруваат дека ни сега не треба да бидат експлоатирани; заради небитната вистина дека некогаш живеело слободно, остатоците од изворното население на САД и денес страда од заблуда дека не е во ред да биде напикано во резерватите. Крај нема на тие наивности. Нова формула Постсоцијалистичкиот период во државите кои се најдоа во транзиција, ги соочи со најтравматичното искушение во целата нивна историја. Конституирани врз темелите на тезата за рамноправноста меѓу државите без оглед на нивната моќ и големина, тие имаат огромна, поточно непремостлива тешкотија да разберат дека тој принцип веќе не важи. Нивните граѓани, воспитувани во духот на овој потполно застарен и одамна отфрлен принцип, сиуште тврдоглаво и заслепено инсистираат, меѓудржавните односи, со сите други, па и со најмоќните држави, да се регулираат врз целосна рамноправност и почитување на заемниот интегритет и суверенитет. Мора, колку поскоро, толку подобро, јасно и гласно да им се каже: Таа приказна заврши! Анахронизмот на таа закоравена заблуда, дека рамноправноста не зависи, дека не треба да зависи и дури дека никако не смее да зависи од реалните разлики во силата и големината на државите, е најголема пречка за нивното побрзо и поуспешно вклучување во новите стандарди на меѓународните односи. Проблемот е заеднички за сите држави на постсоцијализмот. За нас, граѓаните на Република Македонија, бездруго најургентно и најневралгично е како самите ќе се справиме со овој предизвик. Значи, треба да разбереме дека стоиме пред најважниот проблем: како да го смалиме расчекорот меѓу политички изменетата реалност и инерцијата на старите предрасуди за рамноправноста меѓу државите. Кога тоа ќе го решиме, ќе знаеме и како да излеземе од летаргијата и час поскоро да се адаптираме на новите и повисоки вредносни и правни норми. Во тоа, од особена помош можат да ни бидат неколку клучни нови правила и два-три конкретни примери. Првото е: Рамноправноста на секоја држава денес е правопропорционална со нејзината моќ и големина. Општата важност на секое правило најдобро се тестира со екстремните инстанци. Ако важи овој аксиом, тогаш би требало да важи и следното: најсилната земја ќе биде вистински рамноправна само ако има повеќе права од било која друга земја. Најслабата земја ќе биде рамноправна само доколку има најмалку права. Еве и неколку примери кои длабоката мудрост на оваа нова, прогресивна регулатива недвосмислено ќе ја поткрепат и како концепт и како практика. Основниот став, на овој нов, демократски и прогресивен принцип на рамноправноста, колку и да звучи парадоксално, е дека вистинската рамноправност е обезбедена кога помоќниот има поголеми права, најмоќниот најмногу права, а најслабиот најмалку права. Бидејќи најсилниот објективно е толку силен што може кому сака да му направи што сака, тогаш е логично другите земји тоа право и формално да му го признаат. Затоа судските органи на една таква земја, со полно право бараат: (а) во случај на нивен граѓанин, имот или интерес, било каде да им се нанесе штета, тие го имаат ексклузивното право да ја водат процедурата во сите фази, од гонење до судење на сторителите, без оглед од која земја се тие; (б) во случај нивниот граѓанин да направи каков било прекршок, вклучително и геноцид, послабите држави мора да се откажат од правото да го гонат сторителот. Зашто не само рамноправноста, туку и непристрасноста, објективноста, имуноста на грешките и чувството на праведност, одат пропорционално со силата и големината на една држава. ЛекциЈа Токму затоа вистински рамноправни се државите кои овој нов аксиом го разбираат и го почитуваат. Некои македонски граѓани и денес имаат сериозни тешкотии да разберат дека токму од името на рамноправноста, мораше да се почитува правото на матичната земја на сторителот на тешката сообраќајна несреќа кај Катланово, во кој загина еден министер на Македонија, со своето семејство. Фактот што сторителот направил евидентен и практично најтежок сообраќаен престап возејќи со голема брзина во спротивна насока, на непрегледна делница, по едносмерно насочен дел од автопатот, не е спорен. Но токму заради евидентноста на прекршокот и смртта на висок владин функционер и неговото семејство, опасноста од ирационалниот гнев и пристрасноста на локалното судство на една толку мала земја, претставуваше сериозна закана од кршење на правната процедура. Обземени од слепиот гнев, примитивните домородци би можеле да го линчуваат или обесат сторителот. Во далеку поразвиената и посилната држава на сторителот, таквата опасност автоматски е исклучена. Затоа беше и праведно и вистински рамноправно, што на Македонија не и се даде никаква можност таа да го суди сторителот, ниту да влијае на процесот таму каде што е одржан. Ако е одржан. Оттука, второто правило: Слабиот е а приори пристрасен. Силниот е а приори објективен. Иста тешкотија да ги разберат новите принципи на рамноправноста меѓу државите, базирани врз доследно почитувањето на разликите во нивната моќ и големина, имаа и граѓаните на Косово кога сторителот на силување и убиство на малолетно девојче, (инаку офицер на една силна и развиена држава) сосема логично беше веднаш префрлен во неговата матична земја. Кој знае каква беља ќе го снајдеше ако беше оставен на анахроното и глупаво правило за реципроцитетот меѓу државите без оглед на разликите во нивната воена сила, економска моќ или големина на територија. И во најтрагичниот настан, авионската несреќа во која животите ги загубија Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, со своите соработници, членовите на обезбедување и пилотите, повторно нашата јавност и граѓаните битно доцнат во своето адаптирање на новиот концепт на рамноправноста. Психолошки заложници на социјалистичката предрасуда дека државите треба да ги регулираат своите односи врз рамноправна основа, тие се уште бараат некакви истраги, извештаи, експертизи, што ти се не! Со своите несовесни и неоправдани барања, тие го доведоа во неблагодарна ситуација и извесен господин што се одгласи од името на СФОР (во Мостар или во Сараево) на сите нас да ни даде една јавна, педагошки отрезнувачка и дотолку заслужена шлаканица. Но, очигледно, заради онаа клета инерција, по која упорно веруваме дека имаме исти права како и секоја друга држава, ние и не разбравме колку таа шлаканица беше нужна и колку беше за наше добро. Имено, заведени од безначајните и сосема неважни контрадикторности, нејасности и фактографски противречности во првите извештаи за паѓањето на авионот, почнавме. (замислете, дури и јавно, преку ТВ, весници и на радио!?) да се интересираме што навистина станало со авионот во кој патувал нашиот Претседател и неговите луѓе, каде се случило и како дошло до трагедијата? Нашата јавност почна да шпекулира! Гревот смртен, дрскоста нечуена од страна на некој кој не си ја знае мерката на рамноправноста во новиот светски поредок! И само затоа што најнапред се јави дека настанот се случил на 40, па на 30, па на 15, за на крај да се утврди дека е на само 7 км од аеродромот во Мостар!? На помалку од 1,5 минута, ако авионот летал само со 300 км/час! Што се плеткате, вие Македонците? Не шпекулирајте! И само затоа што авионот (на само 7 км од аеродромот) не бил најден цели 25 часа!? И поради таквата ситница каква што е фактот дека на сите други хеликоптери, освен тие на СФОР, им било забрането да учествуваат во потрагата? Па тој џган не сфаќа дека тоа беше за нивно добро! Какви се неорганизирани и глупави, уште ќе се судруваа еден со друг во воздух! И кој ви дава за право, вам Македонците, да прашувате на кој јазик контролорите на СФОР го воделе авионот на вашиот Претседател и по која рута? Како се осмелувате да помислите дека ние можеме да направиме грешка!? Се разбира дека моравме веднаш да ги префрлиме дома нашите контролори. Од вашите гнасни сомнежи уште ќе се исфрустрираа! Но и тоа не е ваша работа да прашувате каде се! И уште околу тие црни кутии и лентата со последниот разговор меѓу пилотот и контролата! Неверојатно колку не си ги знаете правата. Лекцијата не ја научивте, а со даскалите ќе се карате! Разберете веќе еднаш дека апсолутното право да земе црната кутија што ќе ја посака и да ја носи каде сака го има само најсилниот - значи, најрамноправниот! Што ќе ви е црната кутија, зошто ви се лентите!? Не оти би знаеле да ги преслушате како што треба. Нели ви рековме: пристрасни сте вие, малите и слабите! И што ве интересира кога веднаш јавивме дека авионот е паднат и дека нема преживеани, иако дури 25 часа подоцна дозволивме и вие да го најдете авионот. Не би јавиле ако не бевме сигурни. А како бевме сигурни, тоа е наша, а не ваша работа! Уште ќе се посомневате дека купувавме време за да ја аранжираме доказната евиденција!? воспитуваЧи од СФОР Не шпекулирајте, Македонци! порачува добронамерниот воспитувач на лошите деца, господинот од СФОР, а ние пак си шпекулираме! Дури се прашуваме што барала во 8,30 изутрина болничката кола и џипот на СФОР на местото на несреќата, и истиот ден, одвај дваесетина минути по настанот? И зошто за тоа никој не бил известен? И дали воопшто ќе се знаеше за тоа, ако не се огласи сведок-очевидец од селото Хусковиќи, (кого, патем речено, војниците веднаш го избркаа од местото на настанот). Па шпекулираме, глуви за добронамерните упреци од господинот од СФОР, зошто е најнапред кажано дека е најден авионот и четири тела, па е демантирано. И кој јавил дека временските услови се подобриле, кога абер немало од подобрување; и како е можно во рацете на еден од загинатите да се најде гранка, вејка - од кого тоа сакал да се одбрани; и кому му беа потребни 25 часа да не се најде авионот и зошто му беа потребни? По сите овие невкусни прашања и плеткања кај што не ни е место (тоа што се во прашање нашиот Претседател и нашите сограѓани не може да биде оправдување: рамноправноста оди со силата и големината, а ние сме малечки и не многу силни) оној фин господин, воспитувачот од СФОР, едноставно немаше избор. Мораше, како на толпа инфантилни и недоветни, да ни соопшти каде ни е местото, порачувајќи ни: "Не шпекулирајте, Македонци! Погребајте си го овој Претседател. Изберете си нов. И не плеткајте се во тоа што не ви е работа. Гледајте напред, а не назад." Признавам дека јас сум тврдокорен заложник на анахроната предрасуда дека рамноправноста меѓу државите не е во никаква релација со разликите во нивната моќ и големина. И затоа, во парафраза на една Хамлетова реплика, можам на господинот од СФОР да му порачам дека и покрај тоа што не сум особено брз ни опак, има во мене нешто од што е умно да се плаши. Ах, да ми е да го сретнам некаде, сам в шума, па да му порачам што тој да прави, кого да погребува, кого да избира, каде да гледа и каде да не гледа! А за истрагата во врска со околностите на смртта на нашиот Претседател и нашите сограѓани, ќе ги бараме истите права кои ги има и најсилната и најголемата држава. Оти смртта е апсолутен факт. Таа сите ги изедначува
ozonce f9 mi gi vhita mislite, denes ja chitav negovata kolumna u dnevnik i u pravo e!!