Ем бивша, ем словенска Македонија
Ем бивша, ем словенска Македонија
Maverik ни ја е*** мамицата овија Европјаните, нија како слепи кучиња и трчиме само да стигнеме во Европа, а они и име и наследство со еден документ ќе ни сменат. Еве го текстот од денешно Време -------------------- Детално упатство за начинот на официјално обраќање кон Македонија со референци за името на јазикот, националноста, традицијата и за културата издаде Советот на Европа. Во нотата од 2 март се наложува за земјата да се користи терминот „бивша југословенска Република Македонија“, за националноста/припадноста „лице од бившата југословенска Република Македонија“ (на пример: влада или полиција на „бившата Република Македонија“ и граѓанин на „бившата Република Македонија). Се препорачува кога се пишува за јазикот, традицијата и за културата да се користат термините - „македонски (словенски) јазик“, „македонска (словенска) култура“, „македонска (словенска) традиција“. Доколку пак станува збор лице/лица од нашата земја кои живеат во странство, упатството воведува дополнителна компликација, па се препорачува да се употребува терминот Македонец/Македонци, но тој да биде проследен со фуснота во која ќе пишува „термин за самоидентификација кој го употребува лицето/лицата за кои станува збор“! Во дописот, потпишан од директорот на канцеларијата на генералниот секретар се вели дека оваа терминологија треба да се употребува со сите документи што ги подготвува Секретаријатот на Советот на Европа. Истовремено, „силно се охрабруваат“ овие референци да ги користат и Парламентарното собрание, Конгресот на локалните и на регионалните власти на Европа, Европскиот суд за човекови права и „независните набљудувачки механизми“. Не се наведува причината за инсистирањето на употребата на преференциите. Јасно е дека тоа може да се должи на желбата за сообразување со „состојбата на теренот“, односно да не се зазема страна во спорот околу името кој се уште трае. Од друга страна, со додавката „словенски/а“ како да се сака да се направи дистинкција, прво, меѓу античка и „оваа“ Македонија и, второ, да се потенцира постоењето на друга култура, традиција и јазик во земјава. Ваквото упатство од Советот на Европа доаѓа само неколку месеци по сличниот документ што за интерна употреба се појави во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) .
јузер шо да ти кажам пријател, после Рамковниов тешко ни се пишува, Грците се во предност... Ама крајниот резултат се уште е отворен.
Maverik Може да е отворен, ама ни бегааааат цели години и векови за да испадне на крајот резултатот во наша полза.
SLaCk Ova e "uspeh" na nasite diplomati,ministri za nadvoresni i tn. bez razlika na partija.I ova doaga samo nedela dena posle pogrebot na Boris Trajkovski "pocituvan i cenet vo Evropa i svetot".
OooOo Pak izede burek pred vreme .. ali aj neka ti bide [;)]
Советот на Европа го повлекува скандалозниот документ
18.03.2004 Советот на Европа го повлекува документот со скандалозната препорака за употребата на префиксот словенски при означување на македонските граѓани и нивниот јазик. Според портпаролот на Советот на Европа. Никој во Стразбур не издал официјален документ за името или терминологија за граѓаните и културата на Македонија. За Советот на Европа единствен документ со кој се регулира прашањето за името и јазикот на нашата земја е донесен во октомври 1995. Сите 45 членки на Советот на Европа го признааваат именувањето на државава само согласно со договорот од пред 9 години. „Постигната е целта на дипломатската офанзива, тоа е помогнато се медиумите во РМ“, изјави Ѕвонко Јанкуловски, амбасадор од РМ во Советот на Европа. Извори на А1 од Стразур велат дека на повлекувањето на сега веќе непостоечкиот документот предходела жестока расправа помеѓу водечките функционери на Советот на Европа. Дел од нив признале дека се работи за документ које во спротивност со основните начела на најстарата европска институција. Во Стразбур се очекува политичка одговорност за генералниот секретар Валтер Швимер, кој стои зад скандалозниот документ.
SLaCk Toj dokument ne ni trebase da se pojavi,a da vidime kako ke ni se obrakaat taka da i ti ne gi brani pred vreme.Prviot den ambasadorot nas rece nema veze ovoj dokument ne sluzi za nisto za drugiot den da upati protest do EU.Jas izbrzuvam?
OooOo izbrza so toa shto reche "uspeh" :)