Со скенирани прсти до американска виза
Со скенирани прсти до американска виза
melpomena АМБАСАДАТА НА САД ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРОМОВИРАШЕ БИОМЕТРИЧКИТЕ МЕРКИ ЗА НЕИМИГРАНТСКИТЕ ВИЗИ Амбасадата на САД во Скопје вчера ја презентираше новата биометричка методологија на скенирање на прстите од раката, при поднесувањето документи за американски визи. Со новата метода, која веќе се употребува во повеќе од 100 американски амбасади и конзуларни одделенија во светот, предвидено е електронско скенирање на показалците од двете раце, без употреба на мастило. Процесот, беше речено на презентацијата, не трае повеќе од десетина секунди и ќе се прави додека апликантите за виза разговараат со конзуларниот службеник. Овие податоци влегуваат во централизираната датотека со која се користат службениците на американската државна служба за внатрешна безбедност, кои вршат инспекции и на влезот на територијата на САД и имаат информации за поединците кои ги прекршиле имигрантските закони на САД. Скенирањето на прстите, објаснија во амбасадата, од 24 март се применува на сите апликанти за американска виза, додека оние што веќе имаат важечки визи нема потреба да ги обновуваат додека овие не истечат. Од постапката на скенирање на показалците се исклучени и децата помали од 14 години, лицата постари од 79 години и службениците од Владата и вработените во меѓународните организации кои патуваат службено во САД. На почетокот на годинава, пак, и на самите влезови во САД почнаа да се земаат отпечатоци, но и дигитални фотографии на патниците кои пристигнуваат во оваа земја. Во амбасадата новите процедури ги објаснуваат со забрзување на легитимното патување во САД и олеснување на трговијата, со одржување на интегритетот на американските граници и со осигурување дека лицата што доаѓаат се истите што поседуваат виза. (Л.Ј.) www.vest.com.mk Ushte shto nema da izmislat-aman dosadni se:) Jes da mene sega vo Januari na vlez mi zemaa odpechatoci i me iznaslikaa[:D]