#macedonia FAQ / Најчесто поставувани прашања
#macedonia FAQ / Најчесто поставувани прашања
n/a 1) Зошто секогаш кога пишувам нешто на #macedonia ја добивам пораката: "#macedonia Cannot send to channel" и што значи тоа? - Тоа значи дека каналот во моментот е модериран (поставено мод +m), односно само луѓето, коишто имаат "глас" (+v) можат да пишуваат на главниот прозорец на каналот. Сите корисници што имаат + пред својот прекар (nick) ја имаат таа привилегија да пишуваат на каналот. 2) Како да добијам и јас "глас" (+v)? - Многу лесно. Се што треба да поседуваш е волја и желба за зборување, да кликнеш двапати некој оператор на каналот (луѓето со @ пред својот ник) и да побараш да ти дадат "глас". 3) Сум забележал дека некои добиваат "глас" (+v) веднаш штом ќе влезат на каналот... - Точно, постои и таква можност. Тоа се, обично, оние луѓе кои никогаш не се заморуваат од зборување ја освоиле довербата кај операторите. Откако ќе бидат додадени на таа "autovoice" листа , препорачливо е да бидат активни на каналот и да не ги прекршат правилата ниту еднаш - во спротивно ќе бидат тргнати од листата за автоматско добивање "глас". 4) Што значи toa #macedonia can't join channel (address is banned)? - Тоа значи дека вие сте банирани од каналот #macedonia, односно дека вашиот пристап на тој канал е забранет. Бановите се користат како еден вид казна за прекршување на правилата на каналот. Ако сте банирани, почекајте да истече банот (ограничувањето). Во никој случај не јавувајте се кај операторите приватно за тие да го тргнат. #MKOPS е каналот на кој директно се поставуваат сите прашања до операторите. Причини за банирање има повеќе, но најчести се: а) рекламирање; б) пцуење на канал; в) користење навредливи прекари (nick-ови) (Ebam_Sve, LizamPic и слично); г) ирц вируси Доколку сте банирани, а не ја знаете причината, добредојдени сте на помошниот канал #mkops. Ако сте банирани заради ирц вирус, банот се трга откако вашиот ирц клиент (mIRC) ке биде повторно чист. 5) Кога ќе истече банот? - Тешко е да се одговори. Доколку банот е ставен на X, оние со познавање на X командите би требало да проверат сами, користејќи ја командата /msg x lbanlist #macedonia *!*@вашата.ип.адреса. Доколку банот е ставен на бот или рачно од некој оператор, треба да се праша на #mkops... како и да е, на #mkops секогаш ќе ви се излезе во пресрет. 6) Што е тоа Cannot join channel (+r)? - Тоа значи дека на каналот е поставен модот +r, односно дека пристап на каналот имаат само оние ирц корисници кои се регистрирани и логирани на ботот X. Своето корисничко име регистрирајте го на http://cservice.undernet.org/live (кликни "register"), па следете ги инструкциите на страната. Откако ќе ги извршите сите стапки од регистрацијата, конектирајте се и пишете ја следнава команда за логирање: /msg [email protected] login ТВОЕТО_КОРИСНИЧКО_ИМЕ ТВОЈАТА_ЛОЗИНКА Така логирани, имате слободен пристап на каналот, дури и кога е поставен модот +r. Една причина повеќе зошто да имате свое корисничко име е и опцијата за прикривање на вашата IP адреса, која се вклучува со командата: //mode $me +x или /mode ТВОЈОТ_НИК +x ЗАБЕЛЕШКА: Не давајте ја вашата лозинка никому и никогаш, ниту на вашите другари. 7) A, пак, #macedonia can't join channel (invite only)? - Invite only, или преведено на македонски: "само со покана" значи дека е поставен модот +i и дека пристап на каналот имаат само оние корисници кои се директно поканети на каналот од страна на операторите. Модот "само со покана" се поставува многу ретко, обично кога на каналот влегуваат преголем број на луѓе, се цел да се запре тој наплив. Доколку наидете на пораката #macedonia can't join channel (invite only) нема што друго да правите освен да побарате покана од некој оператор. Тоа ќе го сторите на помошниот канал #mkops. 8) Добро, сега ми е појасно, но уште не знам што е тоа #macedonia can't join channel (channel is full)... зарем каналот е преполн? - Па технички... да, иако тоа се прави само како превентивна мерка. Модот +l (ограничено до одреден број корисници) се користи како заштита од преголем број на join/parts (влегувања/излегувања) кои некои луѓе ги прават со цел да му наштетат на каналот и неговите корисници. Вообичаено, тие внесуваат огромен број ботови (еден вид на ирц роботи, не вистински луѓе, контролирани од луѓе) и со нивното влегување предизвикуваат закочување на вашите ирц клиенти. Операторите го поставуваат овој мод со цел да ги запрат ваквите налети, со што не им наштетуваат на обичните луѓе заинтересирани само за разговор (chat). ЗАБЕЛЕШКА: Доколку наидете на пораката #macedonia can't join channel (channel is full), обидете се повторно да влезете... во вториот или третиот обид секако ќе успеете. 9) Кои се тие "оператори на каналот" што сите ги споменуваат? - Тоа се луѓе со големо познавање од областа на компјутерите, интернетот и IRC-от. Воедно, и луѓе кои поминуваат долго време пред компјутерите и имаат желба да им помогнат на обичните муабетчии. Нив ќе ги препознаете по знакот @ пред нивниот прекар (nick) и фактот што секогаш демнат над вас, односно секогаш се на врвот на списокот со луѓе со кој што можете да се допишувате. Иако можете да се допишувате и со нив, сепак нема да се изнамуабетите... тие се зафатени луѓе и одговараат само на прашања поврзани со каналот, а кои треба да се поставуваат единствено на #mkops. 10) Дали операторите земаат пари за тоа што го прават? - Не. Тоа го прават исклучиво од добра волја. 11) Како да станам и јас оператор на каналот? - За жал (или: за среќа), се' уште нема дефиниран одговор на ова прашање, но иако по малку несфатливо, најдобри шанси за тоа имате доколку воопшто не поставувате такво прашање. Покрај тоа, потребно е да бидете активни на каналот и на форумот, да бидете во тек со сите случувања и да бидете позитивно настроена личност. Како и да е, доколку има потреба од нови оператори на каналот, тоа ќе биде објавено на нашиот форум (http://forums.vmacedonia.com) каде ќе може да се аплицира. Автор: - Лектура: - Техн. уредник: Strelec