Virtual Macedonia Archives



Virtual Macedonia > Forums > Entertainment, Fun, Humor > Вицови и Смешни работи - Jokes > "Zakoni"

"Zakoni"
dzadzev » *Максимата на Мац: Заклучокот е местото каде што си се изморил од размислувањето.

» *Дреов закон на професионалната пракса: Оној што плаќа најмалку, најмногу приговара.

» *Смитов закон: Ниеден вистински проблем нема решение.

» *Мајнеров закон: Никој не ги забележува големите грешки.

» *Сандиландов закон: Ненадејно добиеното слободно време секогаш залудно се губи.

» *Вилеов закон за предавачи: Никој не слиша додека не направиш грешка.

» *Првиот закон за лабораториска работа: Врелата епрувета изгледа исто како и студената.

» *Начелото на Шо: Направи систем што може и будала да го користи, па ќе ти се случи само будала да го користи..

» *Пригоден водич за модерни науки: 1. Ако е зелено или мрда тоа е биологија 2. Ако смрди, тоа е хемија 3. Ако не функционира, тоа е физика

» *Вилогбиев закон: Кога се обидуваш некому да му покажеш дека машината не работи, таа ќе проработи.

» *Антониев закон за силата: Немој со сила, земи поголем чекан.

» *Ханлонов закон: Подобро добар план денес, отколку совршен утре.

» *Задаров закон за биомеханика: Јачината на чешањето е обратно пропорционална на можноста да го дофатиш местото кое те чеша.

» *Харбуров закон: Краен рок е една недела по планираниот краен рок.

» *Џенингов королар: Веројатноста лебот да падне од страната намачкана со путер е правопропорционална со цената на ќилимот.

» *Вудсидеов закон за бакалници Кесата која ќе се скине е онаа во која се јајцата.

» *Џоновиот колатерален колорал: За да добиеш кредит, мораш најнапред да докажеш дека не ти е потребен.

» *Петтиот закон за недоверба Да се греши е човечки, но за стварно да се заглави потребен е компјутер.

» *Марфиева филозофија: Смешкај се... Утре ќе биде полошо

» *Боговичев закон: Кој се двоуми веројатно е во право.

» *Валтонов закон за политиката Глупакот и неговите пари обично победуваат на изборите

» *Петто правило на политиката Кога на политичар ќе му светне идеја, обично е лоша.

» *Законот на Дингл: Кога некој нешто ќе испушти, тоа никој нема да го подигне, но затоа секој ше го шутне.

» *Петеровото плацебо: Грам имиџ вреди кило вистински способности.

» *Пинтов закон: Штом некому направиш услуга, тоа ќе стане твоја работа.

» *Рукертов закон: Ништо не е толку мало за да неможе да се напумпа.

» *Сигстадов закон: Додека дојдеш на ред правилата ќе се сменат.

» *Етореовото запазување: Другата редица се движи побрзо.

» *Марфиев закон: Доколку нешто може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку.

» *Резимето на Шнатерли за последиците: Доколку нешто не може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку.

» *Парадоксот на Силверман: Доколку и Марфиевиот закон може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку.

» *Проширениот Марфиев закон: Доколку цела низа настани можат да тргнат наопаку, ќе тргнат наопаку по најлошиот можен ред.

» *Фарсндиковата последица на петтата поука: Бидејќи работите тргнале од лошо на полошо, процесот самиот ќе си се повторува.

» *Прописот на Душарме: Шансата секогаш се појавува во најнеповолниот момент.

» *Законот на Флуге: Кога ќе ти притреба да чукнеш во дрво, сфакаш дека светот е направен од алуминиум и пластика.

» *Зимургиевиот седми заклучок од Марфиевиот закон: Кога врне, тогаш истура.

» *Болингов постулат: Ако се чуствуваш добро, не грижи се ќе ти помине.

» *Законот на Штурге: 90% од се е срање.

» *Де Неверсов закон за дебата: Два монолога не чинат дијалог

» Друдмондов закон за вработување: Идеалниот кандидат се појавува еден ден по вработување на просечниот

» Робертсонов закон: Гаранцијата за квалитет ништо не гарантира.

» Сигстадов закон: Додека дојдеш на ред правилата ќе се сменат.

» Законот на Јенсен: Победуваш или губиш, секогаш губиш.

» Законот на животниот пат: Доколку се оди кон тебе, се наоѓаш во погрешна лента.

» Фанексово правило за неуспех: Ако не успееш од прва, уништи ја сета евиденција дека си се обидел

» Правило на Хелга: Кажи не а потоа преговарај.