И македонскиот џет-сет доби раскошен жур
И македонскиот џет-сет доби раскошен жур
melpomena КЛУБ "ЕЛЕМЕНТ" И македонскиот џет-сет доби раскошен жур Скопскиот клуб "Елемент" в сабота, на 24 април, ќе биде местото каде што македонскиот џет-сет ќе се забавува на ексклузивен жур - "Фешнпарти". Организатор на раскошниот настан е македонската фирма "Стим Инвент", која пред еден месец потпиша договор со светски популарната "Фешн ТВ". Вакви забави се организираат во светските метрополи, а за нив јавноста дознава преку прилозите на "Фешн ТВ". На оваа телевизија ќе се емитува и дел од македонското издание на "Фешнпарти". Настанот ќе биде најавен со фотосесија, која ќе се одржи истиот ден од 12 до 14 часот во ГТЦ. На неа ќе учествуваат девојки од македонските модни агенции. Влезниците за "Фешнпарти" веќе се пуштени во претпродажба - во "Југотон" и во сите "Блу кафеа" се продаваат по цена од 350 денари. Ако сакате да добиете и маичка од најновата колекција на "Фешн ТВ", влезницата ќе ве чини 1.000 денари. (С.К.С) www.dnevnik.com.mk p.s. Ova mi se dopagja[^]