Равен е кнежеството на Св. Методиј, тврдат историч
Равен е кнежеството на Св. Методиј, тврдат историч
Maverik По 3 децении истражување историчарите Равен го посочуваат како кнежество на Св. Методиј. Првичните самоиницијативни историско-археолошки истражувања посочуваат дека овде се случувало најстарословенското вдахновение во писменоста како дел од мисијата на Св. Кирил и Методиј. Така стои и во житието на Св. Кирил. „Овој локалитет се наоѓа по течение на реката Брегалница и сите артефакти говорат дека се работи за градот Равен“, рече Славчо Деспотов историчар. Сместено по горното течение на Брегалница Равенската рамнина на прв поглед ја краси богата вегетација но тој впечаток е привиден бидејќи токму ова површина е тешко обработливо земјиште, затоа секој обид на земјоделците од Равен да направат ниви завршува со неуспех бидејќи плуговите удираат во градот од Византија, ѕидовите кои се пребогати со археолошки артефакти, градот во кој кнезувал Методиј. „Најдовме стари монети, глинени садови и алишта“, вели еден жител на Равен. Со руинираните ѕидови од Византискиот град жителите од Пијанечкиот крај сега ѕидаат куќи и помошни објекти. Локалитетот во кој се пронајдени монети со ликот на Јустин први од 4 век засега не го привлекува вниманието на археолозите. Освен во житието на Св. Кирил Равен се спомнува и во Панонските легенди, ова е местото каде настанала првата азбука Глаголицата. http://a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=31471