Грчки свештеник осуден
Грчки свештеник осуден
OooOo Грчки свештеник осуден заради проповедање на македонски Грчки поп, прогласен за расколник од Грчката православна црква (ГПЦ), е осуден на три месеци казна затвор затоа што во црква, што ја отворил во северниот дел на земјата, на верниците со македонско потекло им проповедал на нивниот мајчин, македонски јазик, јави денеска агенцијата „Франс прес“. Свештеникот, чие име агенцијата не го посочува, бил осуден по сила на закон уште од времето пред Втората светска војна, според кој цркви и верски објекти во Грција можат да бидат отворени само по добиена согласност на властите и на Православната црква, која не е одвоена од државата. Свештеникот е пуштен на слобода, во очекување на одлуката на грчкиот Апелационен суд. Официјални претставници на Македонската православна црква денеска не беа достапни за коментар. Тие не можеа ниту да кажат дали се запознаени со случајот на грчкиот свештеник кој од страна на грчките црковни власти е прогласен за расколник поради проповедањето на македонски јазик. Официјална Атина не го признава официјално постоењето на македонското малцинство што живее претежно во северниот дел на земјата.