Канадски Пошти ДА или НЕ?
Канадски Пошти ДА или НЕ?
OooOo Таип Јакупи: „Поштата не смееме да им ја дадеме на Канаѓаните“ „Овие загуби за брзо време ќе бидат поминати“ Не смееме да им ја препуштиме нашата Пошта на Канаѓаните вели директорот на поштата Таип Јакупи. Преговорите за преземање на македонски од канадски пошти треба да продолжат во септември, но сите контакти изминатава година во која договорот беше во мораториум се неуспешни. „Ебитот т.е. добивката, создавањето на новата локална оперативна компанија и постапката за вработените не успеавме да ја расчистиме“, вели Таип Јакупи. Јакупи тврди дека договорот е штетен за државата. „Ние за тоа управување на Канадски пошти требаше да платиме како компанија околу 225 милиони денари“, рече Јакупи. Пред околу една недела во Скопје беше канадскиот амбасадор во Белград надлежен за Македонија во обид да ги поттурне преговорите. „Канадска пошта е многу активна во регионот и мислам дека тие сметаат дека би биле одличен партнер за македонската пошта“, вели Доналд Мекленан. И додека двете страни се се подaлеку од договор поштата остварува загуби. Лани - 2 милиони евра. Директорот Јакупи се надева дека со предложената трансформација во која ќе се бараат доброволци за предвремена пензија, и со воведувањето нови услуги загубите ќе се намалат. „Овие загуби за брзо време ќе бидат поминати затоа што ние за брзо ќе почнеме да размислуваме за профитот“, истакна Јакупи. Професорот на економскиот факултет Љупчо Кекеновски неодамна изјави дека Пошта е типичен пример на колатерална штета од македонскиот политички неуспех, алудирајќи токму на прекинатите преговори со канаѓаните. „Ако тоа го немате, а ги имате овие комесари во јавните претпријатија кои се менуваат циклично тоа е исто како да го оставите стадото да го чува волкот“, потенцира Љубомир Кекеновски. „Јас ќе му препорачам на Кекеновски дека јас и мојата политичка провиненција воопшто не сме волци што сакаме да уништиме нечии стада туку дојдовме тие стада да ги направиме што поголеми“, рече Јакупи. Поштата е едно од јавните претпријатија во земјава која со години не може да застане на нозе. Наспроти сугестиите на некои стручњаци дека спас се Канаѓаните владата остана на ставот дека нивниот влез во Пошта е штетен за државата.
Strelec OooOo... ме интересира твојот став за оваа работа... ама не ми се јавувај на телефон, бидејќи сакам јавно да го кажеш твоето мислење!:)
OooOo Искрено немам мислење околу ова прашање. Колку што прочитав во еден весник, Србите потпишале договор со Канадски пошти, али никакви детали не беа изнесени. Така да незнам што да кажам.
kopacot kolku so znam pregovorite megu Kanadska posta i Makedonska posta zavrsija neuspesno i kanaganive se povlekoja.....
OooOo Situacijata e status quo do septemvri kolku shto znam jas.
kopacot da go zaprasame cicko Strelec kako najkompetenten...toj imat involvirano brk vo ova i e navremeno informisan ali neso mi apstinirat :))