Пакт со Ѓаволот
Пакт со Ѓаволот
OooOo Пакт со ѓаволот Џејсон Мико При крајот на 2001 година пиев кафе со Еленор Неги, поранешен заменик-шеф на американската амбасада во Македонија, која неодамна ја напушти земјава. Расправавме за конфликтот во 2001 година, што го предизвикало и за разврската. Секако, имавме целосно различни гледишта на настаните, бидејќи таа ги претставуваше официјален Вашингтон и американската политика. Сепак, на крајот на разговорот кажа нешто што ме шокираше, бидејќи беше кажано целосно искрено и отворено, што е убава промена кога ќе го чуеш од службеник на Стејт департментот, кои обично не смеат да кажат што мислат. За таканаречениот мировен договор Еленор рече: „Ние мора да направиме пакт со ѓаволот“. Под „ние“ мислеше на меѓународната заедница, која беше вмешана во рамковниот договор, а за „ѓаволот“ секако мислеше на Али Ахмети и сличните на него. Никогаш повторно не разговаравме на таа тема. Но, сите ние, без обѕир дали веруваме дека ѓаволот постои или не, неговото име го поврзуваме со злото, лажењето и со мамењето. Ако „ние“, меѓународната заедница, сме направиле договор со Али Ахмети како со ѓаволот, нели може да се случи да го повлече ветеното. Мислам дека сме сведоци како тоа веќе се случува. По крајот на конфликтот во 2001 година г. Ахмети јавно изјави дека негова определба е унитарна и единствена Македонија. Но, всушност тоа не е неговата цел. Никогаш и не била. Мој омилен цитат од г. Ахмети, кој никогаш не го демантирал, е од „Њузвик“, објавен на 22 март 2001 година. Во текстот „Измачен сон“ новинарот Дејвид Биндер го цитира Ахмети: „Нашата единствена цел е да ги отстраниме словенските сили од територијата што историски е албанска“. Патрик Бишоп, известувач на „Телеграф“, на 13 март 2001 година во текст насловен „Македонија почна напад“ напиша: „Албанските бунтовници во Македонија бараат поделба на земјата по етничките граници и велат дека се подготвени да го втурнат Балканот во уште еден конфликт ако нивните барања не бидат исполнети. Командант на ОНА во Косово ги повика западните земји да ги поддржат нивните барања или да се соочат со последиците. Ако меѓународната заедница сака уште една војна на Балканот, ние сме подготвени“, изјави тој во првото интервју што го дала оваа група, објавено во весникот „Факти“. Питер Бумонт и Ник Вуд во „Обзервер“ на 11 март 2001 година запишаа: „Целта на герилците ја пренесува Шкљзен Малиќи, новинар за Радио Слободна Европа од Приштина и дописник за 'Институтот за воено и мирновременско известување': Познати ми се идеологијата, менталитетот и мотивацијата на силите што провоцираат оружен судир во Македонија. Ги запознав, особено нивните емигранти, во Европа. Ме убедуваа дека Македонија е вештачка творба направена за да и наштети на албанската нација. Тие тврдат дека присилната поделба на албанската нација е историска неправда, со цел да се спречи да добие рамноправен статус со своите регионални соседи. Оваа неправда ќе биде исправена, велат тие, со поделбата на Македонија на словенски и на албански делови и со спојување на албанските делови со Косово, или уште подобро, со нивно спојување во единствена албанска држава“. Али Ахмети и одредени екстремисти од неговата заедница добро се забавуваат додека насмеани цртаат граници. Бандити какви што се, тие добиваат се што сакаат, додека Македонците се караат меѓу себе. Тоа што сега се случува во Македонија, со таканаречената децентрализација, е обично етничко прекројување, во кое ние Американците сме мајстори. Во САД направивме уметничка форма од прекројувањето на изборните единици кога тоа им е од полза на републиканците или на демократите, при што Демократската партија обично добива чисти латино или црнечки населби. Се сеќавам дека пред неколку недели некои политичари во Македонија велеа дека процесот на децентрализација не е етнички мотивиран. Тоа би било исто како да се каже дека Али Ахмети е добар христијански верник, кој го љуби Исус Христос како свој спасител. Целиот процес е етнички мотивиран и е замислен како награда за Али Ахмети и неговата дружина за нивното однесување при изминатите претседателски избори, или од некои други причини. Но, процесот е се, само не отворен, транспарентен и достапен за јавноста. Ако Владата и динамичкиот двоец ЕУ-САД веруваат дека спорот со децентрализација (вака како што се прави, инаку самата децентрализација во суштина е добра идеја) е добра за Македонија, тогаш треба да излезат на улица и да ја убедат јавноста и да ги истакнат предностите на децентрализацијата. Но, тоа не се случи, а верувам и дека никогаш нема да се случи, бидејќи целиот предлог-закон е толку лошо смислен и не може никако да биде оправдан. На крајот се покажа дека кинескиот водач Мао Це Тунг бил во право: „вистинската политичка моќ извира од цевката на пушката“. Или како што американскиот гангстер Ал Капоне знаел да каже: „Може многу повеќе да постигнеш со добар збор и со пиштол, отколку само со добар збор“. Во денешно време, ОВК и ОНА покажаа дека и Мао и Капоне биле во право. Во 2012 година ќе се навршат 100 години од формирањето на денешна Република Албанија. Албанците од целиот свет ја оплакуваат 1912 година како година кога Албанците биле разделени со границите на денешните држави Албанија, Македонија и Србија и Црна Гора. Јас мислам дека 2012 година ќе биде важна година за албанските „водачи“ од Балкан до Бронкс. Тоа е само мое претчувство, но се плашам дека дебелата пејачка се уште не ни почнала да пее. <>(Џејсон Мико е независен мислител и советник што живее и работи на и околу Балканот веќе осум години, а со Балканот е веќе единаесет години. Ставовите објавени тука се лично негови) [url="http://www.vreme.com.mk/index?nid=9124"]source[/url]
kopacot dance with the devil....dm dm dm.... pa ako ne se krene svesta kaj makedonecot 2012(100 god od sozdavanje na Albanija i do togas se planira del od Makedonija Crna gora i Kosovo da se pripojat do Albanija) ke ojme ku*ban i bez decentralizacija :P
OooOo Jas neznam sho treba da se napravi, za Makedonecot da ne razmisluva za podelba na Makedonija. Namesto site da razmisluvame za ubava idnina, site se zatrueni so taa teza deka podelba na Makedonija kje ima ili Makedonija nema da postoi.
protivpropaganda Знае ли некој нешто за Руанда? Шо било тоа таму? Како се случило и зошто? А? Знае некој да каже?
DJ_SHEMA The fat lady is about to sing eh :)
fio OooOo, кога би живеел и ти тука во моментов, сигурно би бил за нијанса попреокупиран со таа “теза“ која оживува се повеќе и повеќе од ден на ден, овој пат за почеток на легален начин под друго име и маска, за на крај да се покаже правата намера на шиптарите, како и секогаш до сега, која намера може да се прочита во изјавата на Ѓаволот химселф од 2001