Македонија денес
Македонија денес
fio Министерот за одбрана Владо Бучковски им се заканил на Никола Груевски и на Ганка Самоиловска - Цветанова дека "ќе им ги исече главите" откако протестната колона поминала покрај неговиот дом, изјави Александар Бичиклиски. ---------------------------------------------------------------- Решението на Владата кон Скопје да се приклучи оваа општина со што градот станува двојазичен, освен ресорниот министер Александар Гештаковски, не се обиде да го одбрани ниту еден пратеник од СДСМ или ЛДП кои молчеа на дискусиите на опозицијата. Хусеин Хусеинџевад од ДУИ смета дека опозицијата е против можноста Албанците да говорат на мајчиниот јазик во главниот град, со што им се негираат уставно загарантираните права. На тоа Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ побара од ДУИ да оди и да ги врати Македонците во Арачиново и да им овозможи да си ги остварат своите права, со што таа партија ќе покаже дека е за соживот. ------------------------------------------------------------------- Државната Комисија за борба против корупцијата не е задоволна од соработката со државните органи и смета дека кај нив исчезнува политичката волја за борба против корупцијата, оцени претседателот на Комисијата Јован Трпеновски. Членовите на Комисијата ги посочија Јавното правобранителство, Министерството за транспорт и врски и Министерството за финансии како државни институции кои најмалку соработуваат. Работата на Комисијата најмалку ја отежнувало Министерството за внатрешни работи. ------------------------------------------------------------------- Речиси две третини, односно 72,9 отсто од анкетираните граѓани не се согласуваат со новата територијална организација на земјата, покажало неодамнешното истражување на Институтот за социолошко и политичко правни истражувања во Скопје. Мнозинство граѓани сметаат дека предлогот за нова територијална организација требале да го дадат самите единици на локалната самоуправа, а не Владата. Дури 84 проценти од граѓаните сметаат дека клучниот критериум за новите општини требало да биде успешно спроведување на пренесените надлежности, а не етничкиот принцип. ------------------------------------------------------------------- Власта повеќе сака Струшките вечери на поезијата да ги пресели во Скопје, отколку да создаде поволна клима поетите од светот поезијата да ја чествуваат во поетската престолнина, оцени градоначалникот на Струга Ромео Деребан по средбата со министерот за култура Благој Стефановски и членовите на СВП одржана вчеравечер во Скопје. Во Струга, на идејата за преселба на СВП, се смета како на обид на власта да организира паралелни Струшки вечери на поезијата. "Дневник" неофицијално дознава дека ако тоа се случи стружани ќе го организираат поетскиот фестивал на своето изворно место. ------------------------------------------------------------------- ВМРО-ДПМНЕ вчера остро ги обвини СДСМ и ДУИ, но и МВР дека договориле "мрачно сценарио и класична заседа" во која кај "Јаја-паша" во Скопје биле нападнати граѓани кои прексиноќа протестираа против новата поделба на општините. Најголемата опозициска партија тврди дека зад нападот, во кој биле повредени четворица лица и оштетени повеќе возила, стојат поранешни команданти на УЧК. Тој ја обвини полицијата дека намерно не поставила обезбедување и дека со тоа станала соучесник во сценариото. - Кога побаравме помош од еден полицаец Албанец тој ни одговори: "Што барате тука, одете во вашиот дел од градот". Друг полицаец пред "Мавровка" ни рече : "Јас ништо не видов". Двете полициски возила што ја предводеа колоната не напуштија кога напаѓачите не раздвоија од нив со поставените контејнери - истакна Бичиклиски. ------------------------------------------------------------------- Парламентарното мнозинство вчера го отфрли пакетот од седум амандмани со кои се бараше Струга и околните општини да останат во постојните граници, поднесени од пратеници од владината коалиција и од опозицијата. ------------------------------------------------------------------- ТЕТОВО - Двата стадиона во Тетово, новиот и стариот, се дадени за користење за 350 евра месечно на приватното друштво "Евромилениум° од Скопје, чиј управник е Ѓулер Сулејмани од тетовското село Порој. Тоа било договорено со писмен документ склучен со ТСЦ "Тетово°, на кој двата стадиона му биле дадени под концесија на 30 години. Според извори на МВР, Сулејмани за директор го именувала Изаир Самии-Баци. Дали оваа и ваква трансакција е законита и дали концесионер може да даде во подзакуп е прашање за кое треба да се произнесат надлежните органи. Агенцијата за млади и спорт, под чија ингеренција се стадионите во Тетово, засега молчи. ------------------------------------------------------------------- Ако државната власт не ги испочитува барањата на стружани за останување во постојните општински граници, тие ќе преземат чекори за конституирање на Струга со самостоен статус од типот на Монако, Сан Марино, Андора и Лихтеншајн. ------------------------------------------------------------------- "На 26 август 2004 година ќе поставиме камен - темелник за новиот угостителско- рекреативен центар во месноста Бриони, кај селото Челопек, Тетовско, во ист ден и на истото место каде поранешниот мотел Бриони пред три години беше кренат во воздух со експлозив, со неговите вработени Боге Илиевски и Светислав Трајковски, врзани за столбови. Заради одбележување на нивното загинување ќе ставиме и спомен- плоча на објектот. Ако градоначалникот на Општина Брвеница Насуф Синани не го потпише за неколку дена урбанистичкиот акт за целото населено место, со кој е веќе овозможена градбата на новиот центар Бриони, ние сета подготвена документација, која е комплетирана и валидна, ќе ја поднесеме в понеделник на 9 август во Министерството за транспорт и врски и независно од се ќе започнеме со градежните активности" - изјави вчера Владо Мартиновски. Како што беше речено вчера, на таа седница од 15 советници во Општинскиот совет, советниците Албанци, сите од Челопек, ја напуштиле седницата, но актот бил донесен со полноважен кворум од мнозинството на присутните советници, сите Македонци. Градоначалникот Насуф Синани одбил да го потпише актот, а вчера била одржана и нова седница на Општинскиот совет, овој пат со присуство на 8 советници, сите Албанци, без присуство на ниту еден Македонец. Тие донеле нивна одлука за поништување на, според нив, спорната урбанистичка одлука. ------------------------------------------------------------------- На Косово, но и во Македонија се уште постои опасност дека караниците околу децентрализацијата и другите технички прашања сврзани околу неа, би можеле да доведат до нови воени судири, пишува лондонскиот неделник “Економист” во текстот посветен на најновиот развој на настаните во овој дел од регионот. Неделникот наведува дека на југот од Балканот ривалството меѓу локалните и централните власти не се однесуваат само на надлежностите околу училиштата или комуналиите. Во етнички поделените држави децентрализацијата може да биде и чекор напред кон суштинска поделба, па оттаму и кон поделба на една држава или една територија или пак алтернативно на тоа, да биде оној минимум потребен за смирување на националистичкиот притисок за да се сочува единството на државата, па макар и врз лабава основа. ------------------------------------------------------------------- И како после чоек да иде надвор, глејте што ни е интересно у државава [|)] Шок ми бејбе [;)]
dejan STRUGA DENES http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?pBroj=2527&stID=37759 kade go ima toa! Dali ima nekoja partija vo Makedonija sto i misli dobro? LDP? Citav deka nova partija ke se pravi?