Articles
Articles
Thief Овој дел од форумов е во фаза на изработка и секојдневно дополнување, па ја отворив темава за ваши сугестии, но и да ве информирам за надополнувањата кои често се случуваат.

Денеска се додадени „грст нови песни“ од Блаже Конески и делот „поезија“ расте, со тенденција да стане најголемата база на македонска поезија на глобалната мрежа.

Ако има сугестии и текстови кои сакате да предложите да бидат таму ставени, слободно пишувајте и сугерирајте.
Thief Во делот „поезија“ додаден е авторот Богомил Ѓузел. Се разбира, и петоткот што измина и секој нареден - редовно неделно освежување на коментарите. Оваа недела заради службен пат, својата „домашна задача“ на ја сработи Горан Михајловски, а така ќе биде и следната недела.
Thief Додадени десетина нови песни од Петре М. Андреевски и по еден напис во Macedonia FAQ и неколку нови коментари.
Thief Додадени коментарите на Горан Михајловски и Бранко Ѓероски, како и неколку од Пејовиќ.
Thief Во делот „поезија“, додаден е авторот Петре М. Андреевски и засега се ставени 7 негови дела, а во делот „macedonian news“ пренесена е веста на интернет - порталот http://www.tugjinojabano.com , во врска со претстојниот втор македонски референдум.
Strelec Боки, пуштај фактура... плаќам веднаш!:))) А може да се претпостави какви ти се замислите за сегментот “Поезија“ и ти упатувам честитки!:)
Thief Ќе ти наплатам јас тебе во натура, ич гајле да немаш! [:D] Ако се наоѓа нешто женско на мои години, праќај! [;)] Но, да не забегуваме од темата... деновиве ќе бидат дополнети базите за Конески и Андреевски, а наскоро ќе бидат додадено овогоденешниот добитник на Браќа Миладиновци на СВП и мој драг пријател - Петко Дабески, Анте Поповски и уште еден мој драг познаник, Јован Павловски - Бутика. Тоа е накратко планот... Акцентот во скоро време ќе биде врз Андреевски и Конески. Очекувајте интересни текстови во делот „Macedonia FAQ“, однсосно делот историја, после 1 септември.
Thief Додадена најновата Трендова колумна, како и написите на Бранко Ѓероски, Михајловски и др.
Thief Стандардно неделно обновување на колумните и коментарите: Трендо, Пејовиќ...
BorisVM Dodadena e Anna Quindlen od Newsweek.