Интернет навики на државната администрација
Интернет навики на државната администрација
a-pin-dim ИНТЕРНЕТ НАВИКИ НА ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Гурманска и порно манија во Министерството за економија Вработените во Министерството за економија место за работа, компјутерот најмногу го користеле за симнување рецепти за готвење, а имало и случаи на сурфање по порносајтови [img]http://www.vest.com.mk/images/{332110EF-00D3-411A-BC75-A62087009B96}_web-2.jpg[/img] Министерството за економија со посебен правилник го ограничило користењето на Интернетот во компјутерската мрежа на институцијата за да се заштити системот од евентуални оштетувања. Одговорните во Министерството дошле до сознанија дека вработените во Министерството за економија место за работа, компјутерот најмногу го користеле за симнување рецепти за готвење, а имало и случаи на сурфање по порносајтови, тврдат извори од Министерството. Најчесто посетувана адреса била официјалната веб страница на емисијата "Храна и вино", а потоа следеле посетите на 'јаху', 'хотмејл', 'гугл' и дури потоа се појавувале адресите на кои се пристапува до порносајтовите. Во Министерството за економија потврдуваат дека до неодамна вработените во текот на работното време посетувале Интернет адреси што не се поврзани со нивните работни задолженија. "Поради посетата на Интернет адреси надвор од работните задолженија, воведовме рестрикции за користење на Интернет мрежата за приватни потреби", вели портпаролот на Министерството за економија Гоце Пачемски. "Точно е дека најчесто симнувани содржини од Интернет се рецепти за готвење, а најпосетувана страница беше Интернет страницата на 'Храна и вино', како и проверка на приватни и-мејли или игри. Имаше посети и на страници со порносодржини, но тоа беше многу помалку отколку, да речеме, 'Храна и вино', а се случуваше и некој да симнува филм, што го забавуваше системот за вршење на работата", вели Пачемски. Воведените ограничувања се со намера да го заштитат системот од симнување на содржини од Интернет кои можат да предизвикаат оштетувања на мрежата во Министерството. Пачемски потврдува дека точно се знае од кој компјутер кои адреси се посетувани, но тогаш се уште не постоел Интернет правилник - кориснички документ за Интернет сурфање.