Нов скандал на НБА sвездата
Нов скандал на НБА sвездата
a-pin-dim Брајант ем лажел, ем поткупувал полицајци Откриен транскрипт на полициското испитување кое открива дека Коби Брајант обожува груб секс и дека редовно ја изневерува својата сопруга [img]http://www.vest.com.mk/images/{1A433C5E-6DA4-4C78-BE10-9F6190ABE87F}_kobi-2.jpg[/img] Коби Брајант повторно ја шокираше кошаркарската јавност со случајот за силување што пред еден месец позитивно заврши за него, откако тужителката се откажа од натамошниот процес. На Интернет се појави снимен документ, во должина од 75 минути, од сослушувањето меѓу полициските детективи и Коби Брајант, кој пред 14 месеци беше обвинет за силување на една 19-годишна девојка во Игл Каунти, Колорадо, каде што sвездата на ЛА Лејкерс се рехабилитираше од операцијата на коленото. А, во него нов скандал. НБА-sвездата редовно ја изневерувал својата сопруга. Тоа им го признал на полицајците со цел да се оправда за трагите што ги оставил на вратот на девојката, која го одведе во судница. Коби Брајант им рекол на иследниците дека некоја девојка по име Мишел може да потврди дека тој сака груб секс и кога ќе се возбуди сака да ги фаќа за вратот своите партнерки. Со тоа падна во вода веродостојноста на неговите јавни изјави упатени кон сопругата во кои и се заколна дека инцидентот во Колорадо е единственото неверство во нивниот брак. Ја излажа својата жена гледајќи ја во очи, а сето тоа го замачка со дијамантски прстен вреден неколку милиони долари. Според транскриптот кој го објави и "Спортс илустрејтид", на првото полициско сослушување Коби се обидел да ги поткупи детективите Дог Винтерс и Дејна Лоу. Им рекол дека е загрижен за штетите што ќе ги претрпат неговиот брак, кариерата и неговото име во светските кошаркарски кругови доколку заврши во затвор. - Има ли некој начин ова да го решиме?, запрашал Брајант. Доколку жена ми дознае дека некој ме обвинил за силување, таа ќе полуди. До договор воопшто не дошло. Винтерс и Лоу останале на своето. - Не сме овде да ја уништиме вашата кариера или углед, но имаме сериозен случај кој сакаме да го решиме со вашата соработка. Сакаме да ја чуеме вашата верзија на приказната, изјавиле полицајците, додека за време на овој разговор, воден на паркинг и во хотелска соба, наводно силуваната девојка била во болница на испитување. На почетокот Коби тврдел дека немал однос со девојката, но полицијата му рекла дека има физички докази дека имало секс. Тогаш Брајант признал: - Беше на обострано задоволство. Запрашан по што е сигурен дека сексот бил консензуален, Коби изјавил: "Таа почна да ме бакнува и ме допираше по половиот орган. Причина за моето однесување беше што таа се понуди да ми ја покаже својата тетоважа со музички инструменти на грбот, но се соблече малку повеќе". Брајант вели дека по бакнежот, таа орално го задоволила, по што двајцата се соблекле и имале секс. Тој одзади ја држел за вратот и, како што вели тој, во моментот кога таа рекла "не", веднаш сопрел. - Сексот беше заемно задоволство, немаше ништо чудно. Знаете на што мислам, објаснувал Коби. - Дали таа рече нешто што можеби го испровоцирало ова што се случило, го запрашале детективите, кои му рекле дека неговата сопруга нема да дознае за ова. Запрашан што се случило додека таа заминувала од собата, Брајант рекол дека не плачела како што пишуваше во печатот. Според него, таа се облекла, му побарала автограм и го бакнала. Коби бил изненаден кога чул дека девојката на детективите им изјавила дека за време на сексот повеќепати му рекла "не", а медицинскиот преглед покажал дека таа има повреди на интимните места. Една година подоцна, на првиот ден од судењето, обвинителите ја отфрлија тужбата против него на барање на наводната жртва, на која и останува преку граѓанска парница да добие парична сума за физичките и психички трауми. Во оваа ситуација ниту Коби не се покажа интелигентен. Прво ја лажеше полицијата, а потоа се обиде да ја поткупи. Дури им признал дека постојат НБА-играчи кои се нашле во слична ситуација и си поминале само со подмитување
bliznak Dlabok mu e dzebot na crncugava.... Ke se spasi od se.
StormAngel On mozda ke se spasi,ama Lakers ne.[;)]