Словенија главоболка на Брисел
Словенија главоболка на Брисел
OooOo Фајненшл тајмс: „Словенија нова балканска главоболка на Брисел“ Словенија би можела за прв пат, откако стана членка на Европската унија (ЕУ), да му предизвика „балканска главоболка“ на Брисел, пишува во денешниот број лондонскиот весник „Фајненшл Тајмс“, коментирајќи ја победата на десницата на неделните парламентарни избори. „Се чини дека Словенија е на пат да му ја предизвика на Брисел својата прва главоболка во балкански стил, откако во мај, годинава, и се приклучи на Унијата“, наведува весникот, додавајќи дека бирачите на изборите ја отфрлиле партијата на либерални демократи во корист на партијата на десниот центар на Јанез Јанша. Според истиот извор, Јанша водел успешен и краток отпор во Југословенската војска во 1991 година и не е радикален, но речиси сигурно „ќе им го загорчи животот на имигрантите, посебно на оние од страшните балкански држави кои бараат работа или други привилегии“. На коалицијата на Јанша и недостасува еден мандат за да може да формира парламентарно мнозинство, поради што би можел да биде принуден да и отвори место на екстремно десната Словенечка национална партија на Змаго Јелинчиќ. Јелинчиќ, речиси сигурно, би ги зголемил тензиите со Хрватска околу граничните спорови. Тој знае да го именува хрватскиот полуостов Истра за „словенечки“, пишува „Фајненшл тајмс“. Лидерот на националистите веќе предизвика проблеми во ЕУ бидејќи помогна во противењето за изградба на првата џамија во Словенија. „Алпска држава? Да, по моделот на Јерг Хајдер.“, заклучува колумнистот во најновиот број на „Фајненшл тајмс“.