АРМ ќе импровизира напад на Прилеп
АРМ ќе импровизира напад на Прилеп
OooOo ПРОСЛАВА НА 11 ОКТОМВРИ АРМ ќе импровизира напад на Прилеп Со огномет, утре во 19 часот, во Прилеп ќе почне одбележувањето на 11 Октомври, денот на востанието. АРМ ќе изведе импровизиран напад на градот и на Меморијалниот музеј "11 Октомври", кој во 1941 година бил окупаторска полициска станица, а прославата продолжува со музичка програма во центарот. Претставници од локалната самоуправа, борци и граѓани в понеделник ќе положат цвеќиња на спомен паркот на револуцијата, а во музејот "Кузман Јосифовски-Питу" ќе биде промовирана книгата "Питу" од Благоја Талески. Предвидени се и повеќе спортски натпреварувања, изложба на расни кучиња, акција на гимназијалците "Сите на велосипед" и планинарскиот куп во ориентација во околината на селото Беловодица. (Љ.М.)