Големоалбански тонови од Германија - Косово и МК
Големоалбански тонови од Германија - Косово и МК
Maleshevo Надворешно политичкиот потпарол на Германија Герт Вајскирхен побара процесот за статусот на Косово да се „паралелизира“. Според тоа би требало преговори за статусот на Косово да почнат да се водат помеѓу српската влада и раководството во Приштина и да бидат водени веднаш после изборите во Косово, при крајот на октомври. За возврат на возможна независност на Косово може на Белград да му биде понудено „ посилна и побрза интеграција во Европската Унија“, изјави Вајскирхен за новинарите на првиот германски канал „дневно огледало“, додека претстојуваше во Дубровник на седницата на Фридрих Еберт- штифтунгот. Исто така пратеничката на Социалдемократската партија (СПД), Ута Цапф изјави дека „прашањето за независност абсолутно не може да се заобиколи“....... ... А Вицепретседателот на фракцијата во СПД Гернот Ерлер побара од меѓународната заедница решението за прашањето за статусот на Косово, да го поврзе со иднината на Србија и Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина. „Тоа мора де се случи во 2005 година.“ Тој не ја исклучи можноста за повлекување на нови граници на Балканот. Извор: http://www.tagesspiegel.de/politik/index.asp?gotos=http://archiv.tagesspiegel.de/toolbox-neu.php?ran=on&url=http://archiv.tagesspiegel.de/archiv/20.09.2004/1369984.asp