Скопје ќе остане без вода
Скопје ќе остане без вода
NARCIS` Селаните од Рашче ќе го блокираат мостот и патот до резервоарите се додека не им се исполнат барањата за решавање на проблемите во селото, а се закануваат дека ќе ја исклучат водата за Скопје ако видат дека не им се исполнуваат барањата "Ако утре кога ќе станеш не тече вода од чешмата да знаеш дека ние сме ја исклучиле", вака се закануваа селаните од Рашче на вчерашната блокада на влезот од селото каде што минува главната цевка од која со вода се снабдува цело Скопје. Тие вчераутро, уште во четири часот со багер го блокираа мостот кој води кон резервоарите на изворот Рашче, на патот испаркираа коли и тракори и не дозволуваа ниту вработените на "Водовод" кои го испитуваат квалитетот на водата, ниту полицијата, ниту пак автобусите од јавниот превоз да го минат и да им се доближат на резервоарите. Со блокадата тие сакаат да извршат притисок врз надлежните да им ги решат проблемите во селото и велат дека ќе останат на блокадата се додека не видат резултат. Додека селаните без преседан блокираат и се закануваат дека ќе го остават Скопје без вода надлежните состанчат или се кријат. Селаните бараат во селото непрекинато да има вода и да не ја плаќаат се додека има вода во изворот, како компензација за тоа што за изградба на препумпните станици и резервоарите ги отстапиле нивите што биле нивни. Бараат да се направи пат од пругата до селото Рашче широк шест метри, да се вратат парите на вработените во "Водовод и канализација" од селото на кои долгот за вода веќе неколку месеци им се одбива од плата без нивна согласност. Бараат во село Рашче да има најмалку две фонтани за да се знае, како што велат, дека водата во Скопје доаѓа од нивните ниви. Селаните на блокадата велат дека нема да дозволат автобусите на ЈСП да минуваат низ селото се додека јавниот превозник не учествува во изградба на патот. "Ако не се исполнат барањата судбината на водата ќе ја преземеме во наши раце", рече Сабир Хаџиу кој вчера ги дочекуваше новинарите и им ги читаше барањата од жителите на село Рашче. Тој нагласи дека може да ја исклучат водата за Скопје доколку видат дека не им се исполнуваат барањата. Селаните се решени со блокадата да одат до крај и да не ја тргнат додека не им се исполнат сите барања. За да има луѓе на блокадата селаните што работат надвор од селото не одат на работа, децата не одат на училиште. "Ќе биде или Рашче или смрт. Што му должиме ние на 'Водовод'? Им ги отстапивме без пари нашите ниви, ја изградивме мрежата, а сега немаме вода. Водоводот го изградивме сами, тие не инвестираа ниту денар, а сега се прават газди", рече Али Авдуш, пензиониран работник на "Водовод" од селото Рашче. Блокадата доаѓа откако пред десетина дена "Водовод" им ја исклучил водата во селото бидејќи не плаќале. Селаните велат дека во неделата влегле кај резервоарите и сами си ја пуштиле водата. Директорот на "Водовод", Јане Ценев вчера постојано беше на состаноци и немаше време да разговара со новинарите. Тој кусо објасни дека блокадата не влијае на работата на "Водовод". "Штом имаш вода значи блокадата не влијае на работата на изворот. Не сум информиран дали денес се земени мострите вода од Рашче за испитување", рече директорот Ценев. Од Министерството за внатрешни работи рекоа дека кај резервоарите постојано има полиција и дека ситуацијата е под контрола. "Наши луѓе постојано ги чуваат резервоарите, а патрола одвреме навреме поминува и кај блокадата. Нарушување на јавниот ред и мир немаше. Блокадата загрижува, но настојуваме со убедување да ја растуриме бидејќи не сакаме да одиме со радикални мерки. И покрај блокадата смените се вршат нормално бидејќи користиме алтернативни патишта", рече Горан Павловски, портпарол на МВР. Градоначалникот на Општина Кондово, Раим Лимани вчера имал друга неодложна работа и не беше во Општината, а недостапен за медиумите остана и градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов. (М.И.) Директорот на "Водовод" побарал помош од полицијата и војската Директорот на "Водовод и канализација" Јане Ценев, вчера попладне, преку писма до Министерството за внатрешни работи и до Министерството за одбрана побарал полицијата и војската дополнително да се ангажираат и под итно да ја расчистат состојбата со блокадата, тврдат неофицијлано извори на "Вест". Директорот Ценев вчера цел ден беше на состаноци и не најде време да ја информира јавноста за случувањата во Рашче, ниту пак се појави на местото на блокадата да одговри на барањата на селаните. Владата не расправала за блокадата на Рашче Во врска со дводневната блокада на изворот Рашче од локалното албанско население кое не сака да плаќа сметки за вода, портпаролот Сашо Чолаковски на новинарско прашање изјави дека Владата е запознаена, но дека не расправала за ова на вчерашната седница. На прашањето дали Владата ја гарантира безбедноста на изворот имајќи предвид дека мештаните го блокираа главниот цевковод и патот до изворот, Чолаковски одговори потврдно, односно дека Владата го гарантира квалитетот. По ова, портпаролот на Владата, избегнувајќи да одговара, не дозволи да се поставуваат други прашања за блокадата на Рашче.
cile A be divo pleme mamata nivna kaj ne najde toa pleme uffffff se nerviram [}:)][}:)][}:)]
NARCIS` Ke pieme pelisterka dodeka bitolcanive i taa ne ni ja ukinat,a posle ideme na kozuvcanka:)
dejan ne go citav sve toa....ama sto problemi imat tie? nekoi gi brkaa od seloto? sto?
dejan http://www.vest.com.mk/default.asp?id=85432&idg=5&idb=1291&rubrika=Skopje abre stvarno se ludi ovie! tetkami ke ostane bez voda vo madzari!!
NARCIS` abe tetka ti a nie???? haha kolku si sebicen :)
StormAngel A be stosot e sto Rascani se bez voda i ne sakaat da platat za toa bidejki spored niv,tie ja proizveduvaat. Znaci treba niv da im ja pustat vodata,pa posle da tie pustaat voda. Glupa rabota ej. Whatever!
dejan a i vie narcis:p site zaedno:)
NARCIS` e taka moze,rascani nisto nema da dobijat vodata ne e nivna pa da baraat shto sakaat
slasa kako taka bre bez VODA zar vardar se isusi
SpaceLily Nie gajle nemame i da snemat voda ezerovo tuka ni e:)
dejan taka e, vardar e tuka, duri i moze do matka:p