Уметнички дела од македонски автори
Уметнички дела од македонски автори
Strelec [img]http://www.tugjinojabano.com/images/vesti_canada/vibrant_art.jpg[/img] Во сабота, на 23 октомври, во 18:00 часот, ќе се одржи свечено отворање на VibrantArt Gallery во која ќе бидат прикажани оригинални дела од македонски автори. При неодамнешната посета во Македонија, македонските иселеници Бојан и Катерина Петрови, ја согледаа потребата од претставување на македонските уметници на северноамериканскиот пазар. Брачниот пар Петрови ќе вложи напори за да развие мрежа за македонските уметници, како и на уметниците од другите заедници што потекнуваат од бившите YU простори, да можат своите дела да ги претстават на овој пазар и тука да го најдат својот дом. Во VibrantArt Gallery ќе можат да се најдат дела од класични и апстрактни уметници кои во своите дела го ’говорат’ интернационалниот јазик на модерната уметност.