Што мисли Бранко за бојкот
Што мисли Бранко за бојкот
трендафил
quote:
Тие што повикуваат на апстиненција се губитници, кои досега пропуштиле многу шанси и немаат што да им понудат на граѓаните. (Бранко Црвенковски пред граѓаните на Пробиштип, во претседателската кампања на 19 април годинава)
СДСМ е партија со најповеќе шанси во Македонија. Всушност да беше добра (до 1998 и сега) никој друг и ќе немаше шанси.
quote:
На Македонија не и требаат губитници, туку победници. На 28 април Македонија мора да го избере својот претседател. Со масовен одѕив ќе се докаже дека во Македонија живее државотворен народ. (Бранко Црвенковски во предизборна кампања)
И мој впечаток е дека со потезите што ги прави, актуелната власт како да се бори да ги изгуби првите следни избори.
quote:
Јас знам дека има многу причини за незадоволство, знам дека во Македонија владее сиромаштија и невработеност. Овој проблем нема да се реши со неизлегување на гласање, затоа што во тој случај ќе има политичка криза. Апстиненцијата нема да ги реши проблемите. (Бранко Црвенковски на 12 април пред граѓаните на Штип)
По 7 месеци ситуацијата не е ништо подобра. Можеби сме и посиромашни од тогаш.
quote:
Никакви политички блокади или кризи не не водат кон подобро, туку само кон полошо. Убеден сум дека граѓаните многу добро го знаат тоа, дека на 28 април ќе се види целосната демократска зрелост во Македонија и дека ќе имаме масовен одѕив. (Бранко Црвенковски на 18 април пред граѓаните од скопската населба Ѓорче Петров) Тие што повикуваат на апстиненција бараат протекторат и сакаат да ја видат Македонија на колена. (Бранко Црвенковски на 23 април пред граѓаните на Пробиштип)
Тие што повикуваат на апстиненција заедно со странци не бараат ли протекторат? Цитатите не се мои туку на весникот ВРЕМЕ. http://www.vreme.com.mk/novost.action?id=14354&broj=231