Teтово денеска
Teтово денеска
Thief За почеток ме интересира коментар од оние кои ја гледаа емисијата Чуму вечерва на А1: од една страна тетовци тврдеа дека не се чувствуваат загрозени во Тетово, дека факт е дека се живее „едни покрај други“, а не „едни со други“, но меѓунационални инциденти нема (што е и факт). Од друга страна, телефонската анкета покажа дека 90% од оние кои гласале мислат дека Македонците во Тетово се загрозени. Од една страна го имавме сопругот на Теута Арифи и Џевад Адеми кои беа умерени (Адеми умерен, отакко е во ДУИ, за разлика од неговите ставови кои ги имаше како дел од НДП), а од друга страна оној професор на Тетовскиот универзитет и сопственик на фабриката за мебел „Молика“, кој имаше (на моменти) националистички испади. Македонците - тетовци, стандардно со умерени изјави, одмерени ставови и изјави за солиден живот во Тетово (идеално = иреално, зарем не?!). Карапејовски, Томиќ и Митовски со податоци, искуство и уверувања дека во Тетово животот не само што е можен, туку е и подобар од мноштво други македонски градови, односно - каде на друго место во Македонија подобро се живее? Како вие ја видовте емисијата, гостите и, осбено, какво е вашето мислење за „големо Тетово во мала Македонија“ или „мало Тетово во голема Македонија“ ?!
Strelec Јас да комемтирам сега за емисијата (што се разбира дека НЕ сум ја гледал) е исто како и Thief да кажува дали и’ е добро или лошо на дијаспората!:)
Thief Што никогаш не сум кажал, туку само сум посочувал дека таа ништо не прави за матицата - држава!:)
јузер интересен беше податокот што го кажа Чуму дека со последниот попис бројот на македонците во Тетово е зголемен, што индиректно кажува дека нема иселување на македонците, и фактот дека во Штуловиот универзитет студираат се повеќе македонци оди во прилог на градење доверба.
lav Јас ќе се обидам да ја разбијам илузијата која беше „прикажана„ во ЧУМУ за градот Тетово. Колку што сум слушал од АС-Тетовци еве на пример од членови на познатото семејство ТАНТОВЦИ , одсекојпат било така и оти се живеело еден над друг , оти шќиптарите се до пред 20-сетина години живееле претежно по селата низ Тетовската (тогаш) Околија , но и по планинските села на Шар Планина.Познати се како крадци и препродавачи на дрва и секојпат биле фаќани од (тогашната) Милицијата во Горно Маало , а најпознати се селаните од с.Вејце Еден дел биле „како„ Турци населени во дел од Горно маало - кое исклучиво било населено со Македонци , преставени со големите семејства Аџиљовци и Кузмановци. Денес едниот од тоа семејство е познат уметник-сликар , а другиот познат стопанственик и сопственик на ЧАЈКА и тркач со мотори и автоомобили како и сервисер на познатата марка на автомобили PORSHE. Тоа е Историјата...а сегашноста е дека шќиптарите полека ги населуваат куќите најпрво во Горно Маало што Македонците ги продаваат за да „слеза„ во градот. И познатиот крај на Тетово Дреноец , сега населен со дојденци од КосМет и Санџак претежно , всашност е месност позната по ЛОЗЈАТА кои сопствениците Македонци за „големи паре„ им ги продавале на шќиптарите дојденци од КосМет. Патот кон Урошевац каде се познатите од војната села биле всашнос ниви а сега се „окупирани„ од ЗГРАДи кои од него напаравија да изгледа „ка улица у мау Парис„. Засега тољку кољку моем да кажуем туекац за мали паре.