Македонците во Париз имаат своја црква
Македонците во Париз имаат своја црква
Strelec Париз - Епископот на Сен Дени, Оливие де Бранже, во името на кардиналот на Париз, Жан-Мари Лустижие, свечено му ја предаде црквата “Света Богородица на Апостолите” на претседателот на Македонската црковна општина во Париз, Ване Стојчевски, Свеченото предавање на црквата, што ќе ја користи македонската заедница, беше организирано на денот “Свети великомаченик Димитрија Солунски”, при што пред големиот број претставници на македонската заедница кои живеат и работат во Франција, беше одржана првата литургија со која чиноначалствуваше архимандритот од МПЦ, отец Пимен. На свеченоста присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Франција Јордан Плевнеш. Свечената инаугурација на црквата се очекува да ја изврши архиепископот македонски и охридски г.г. Стефан во мај 2005 година. Досега македонската православна заедница во Париз, располагаше со свои простории, но не и вистинска црква за верските чествувања.