Кој ќе биде Бранко после Бранко
Кој ќе биде Бранко после Бранко
трендафил Оставката на Костов ја предизвика државотворната партија конечно да одбере лидер. Прашањето зошто тоа не се правеше до сега ќе остане отворено. Јас сум за демократски избор на лидер кој ќе биде предложен и изгласан со тајно гласање од членовите на партијата. Поаѓајќи од тоа дека повеќе глави подобро мислат од една. Но, за раководството на партијата е лошо што во тој случај тешко дека кандидат би бил некој од потесното раководство, затоа што не гледам причина некој да биде задоволен од нивната работа. Но, како и секогаш кога е СДСМ во прашање, работите се итни. Така за 60 години АСНОМ, поради немање време, на брзина, без тендер е градено Пелинце. Иако дека ќе се слават 60 години АСНОМ се знаело уште пред 60 години. Исто беше и со законот за територијална поделба. Се надевам дека сега нема повторно да седнат претседателот на сите граѓани, Црвенковски, и претседателот на ДУИ (партија во која раководството е самопрогласено бидејќи немале ни оснивачки конгрес) Али Ахмети и во четири очи да го изберат следниот лидер на државотворците.
Divider Radmila Sekerinska!! A na nejzino mesto UCKa za vicepremier.
NARCIS` Nikoj ne moze da bide kako nego on e edinstven unistuvac na drzavava nasa.
трендафил Зошто е тежок изборот на лидер во СДСМ? Прво секој од тие четворица што одлучуваат сака самиот тој да биде лидер. Второ секој од нив се плаши дека со тоа што се бори за себе се бори против другите. Ако биде избран друг, сигурно ќе ги казни за борбата против него, односно нема да бидат ниту министри ниту во врвот на партијата. Ако пресече друг, имаат шанса да не одат погоре, но не и подоле во партијската хиерархија. Решението на проблемот (за интелектуален детерминизам) го разработува филозофот Жан Буридан. Веројатно тоа ќе го искористи и СДСМ. Со користење на антилогика ќе избере лидер.
necromancer Хех...тоа само докажува дека никого од нив уво не го боли ниту за народот, ниту за државата...најважно е да се тие на власт... ...После мене, потоп...
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Зошто е тежок изборот на лидер во СДСМ? Прво секој од тие четворица што одлучуваат сака самиот тој да биде лидер. Второ секој од нив се плаши дека со тоа што се бори за себе се бори против другите. Ако биде избран друг, сигурно ќе ги казни за борбата против него, односно нема да бидат ниту министри ниту во врвот на партијата. Ако пресече друг, имаат шанса да не одат погоре, но не и подоле во партијската хиерархија. Решението на проблемот (за интелектуален детерминизам) го разработува филозофот Жан Буридан. Веројатно тоа ќе го искористи и СДСМ. Со користење на антилогика ќе избере лидер.
На која антилогика односно дилема мислиш ? Ваму се зборува само за магаре и неговата дилема околу јадењето , ако добро сум го разбрал текстов. http://psi.lib.ru/filosof/bosel.htm
трендафил Изборот на лидер на СДСМ станува интересен по тоа што од најстариот, Тито Петковски, во случај да биде избран, најголем број од граѓаните очекува да внесе нови идеи и да ја модернизира СДСМ. Веројатно затоа што е под најмало влијание на ГОЛЕМИОТ ДИКТАТОР. Од помладите се очекува да бидат само марионети во рацете на најголемиот социјалдемократ. Но чувствувам дека доколку Тито биде избран за лидер и премиер, многу веројатно ќе биде да имаме атентат на премиерот. За разлика од досегашната традиција на атентати на претседателите. Кога Бранко е премиер.