Телеком ќе отпушти илјада вработени
Телеком ќе отпушти илјада вработени
OooOo Газдите на „Македонски телекомуникации" продолжуваат со намалување на вработените во компанијата Процесот на рационализацијата ќе трае до 2007 година "Македонски телекомуникации" во наредните три години планира да отпушти 1.000 вработени. Процесот на рационализација, односно на намалување на вишокот во компанијата, кој започна во 2003 година, ќе трае до 2007 година, со цел телекомуникациската компанија да го намали трошоците за плати и да се ослободи од кадарот кој не му е потребен. До крајот на ноември оваа година, од ?Телеком" ќе си заминат 757 вработени кои доброволно се пријавија за технолошки вишок, добивајќи за тоа прималива испратнина од 14.000 до 40.000 евра. Но, менаџментот на компанијата, односно унгарски ?Матав" кој е доминантен сопственик на нашата телекомуникациска компанија, на вработените кои во идина ќе си заминат нема да им ги понуди истите услови како на оние кои беа отпуштени годинава. За разлика од 757 вработени, лицата кои од ?Телеком" ќе си одат во иднина ќе добијат по 8 просечни плати, сума која не е ни приближна во споредба, на пример, со 20.000 или 40.000 евра. Унгарците, и покрај тоа што се најавува дека ќе прогласат вишок од 1.000 луѓе, сў уште не решиле колку точно ќе отпуштат во 2005 година. Во јавноста се шпекулира дека идната година ќе си одат околу 450 вработени, но главниот извршен директор на ?Македонски телекомуникации", Атила Сендреи, вели дека не може да каже колку ќе си заминат од компанијата и потенцира дека за ова прашање се водат преговори со Синдикатот на вработените, а испратнината е една од темите околу која се бијат копјата. Синдикатот, но и Владата имаат цврст став дека вишокот вработени треба да си заминат од компанијата под еднакви услови, а не да бидат дискриминирани во однос на оние што си заминаа годинава. ?Кога компанијата ја реализира програмата за намалување на вишокот прв пат, нормално е дека е најдарежлива. Во наредните циклуси сумата ќе се намалува, затоа што целите се различни", вели Сендреи и додава дека, и покрај тоа што компанијата ќе отпушта, планира и да вработува нови кадри, односно таа ќе се подмладува со образовани и стручни лица согласно со деловната политика. Во договор со Владата досега требаше да се вработат 350 млади стручњаци, но од договореното нема ништо. Прогласувањето на вишокот вработени, што е предвидено во Бизнис-планот за 2005 година, е една од темите на дискусија и на наредната седница на Бордот директори која ќе се одржи на 8 декември. На оваа седница директорите треба да го прифатат планот, но тој сў уште не е јасно дефиниран затоа што многу од прашањата Унгарците не успеале да ги затворат, бидејќи не постигнале компромис прво со Синдикатот на вработените, а потоа и со Владата не само за отпуштањата, испратнината, за зголемување на платите и инвестициите, туку и за многу други. По сите овие точки Владата и Унгарците немаат изнајдено заеднички јазик, и станува неизвесно дали ќе успеат да се договорат за 20 дена, колку што останува до одржувањето на последната седница на Бордот директори за оваа година, кога треба да се даде виза на Програмата за работа за идната година. Претставниците на ?Матав" нудат услови кои не се прифатливи за нивниот партнер, во случајот државата, не само за отпуштањата на вишокот, туку тие воопшто не се придржуваат за целосно исполнување на обврските од Договорот во поглед на инвестициите. Владата е лута на ?Матав", бидејќи речиси ништо не инвестира, а Унгарците, пак, се правдаат дека не можат да вложуваат, бидејќи тешко им оди со изготвувањето, односно се доцни со подготовката на проектите.
gisot Racionalizacijata prodolzuva sekogash so namaluvanje na brojot na vraboteni vo drzavava. Ima da se racionalizirame do taa merka shto vraboteni ke ostanat samo 20-ina lugje,kolku da imame pretstavnici na shvedskite masi po evropa, koi ke ja prodolzat nashata poznata i priznata proevropska diplomatija.