Втор протест на студентите од Тетовскиот универзит
Втор протест на студентите од Тетовскиот универзит
WhyAsker Протестот на студентите од Тетовскиот универзитет повторно започна кај Ректоратот на Универзитетот низ централните градски улици, за потоа групата, која за половина беше помалку бројна во однос на вчера, половина час да го блокира сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје во двете насоки, на излезот од градот. Учесниците на протестот, повторно на ист начин, на сите поголеми раскрсници од својата маршрута низ градот, како и на блокадата, со организирани скандирања и транспаренти, бараа признавање на сеуште нелегализираните факултети за медицина и фармација при Тетовскиот универзитет, како и ослободување на двајцата нивни приведени колеги, Фљорим Саити и Ваљон Аземи, при петочната акција на полицијата во блок 82. „Ова право ни се негира и продолжува да ни се негира од славомакедонската Влада, силно помогната и со зачудувачка посветеност од високи албански структури. Конкретно, Ректоратот на државниот универзитет во Тетово, Сенатот на овој универзитет и Министерството за образование и наука, обете водени од Албанци“, изјави еден од учесниците на протестот. Протестите на студентите, според најавите, ќе продолжат и утре. Sho e ova be? Ovoj ja ponizhuva celata drzhava, cela istorija i saka fakultet taa drzhava da mu plakja? Ama i toj si nashol ovca ke ja strizhe...Isto i ovie[V][V][V] Хотелско сместување за двајцата уапсени во тетовската акција [url]http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=41170[/url]
Strelec Dali ova znachi deka ako protestite traat 10 dena, nie treba da otvorime 10 novi topici?