Буш на коледе со Македонците
Буш на коледе со Македонците
OooOo Буш на коледе со Македонците

Претседателот на САД, Џорџ Буш, се симнал од бината за да се поздрави со Светозар Стамески - Светле, на средбата што за коледе била организирана во Детроит, во реон во кој главно живеат Македонци.

- Со тоа Буш му направи голема чест на Стамески, кој е македонски лобист и член на Републиканската партија, но и на другите присутни Македонци - ни изјави Петко Зафировски, член на Македонско-американската национална асоцијација.

Американскиот претседател се заблагодарил за поддршката на претседателските избори. На средбата биле поканети неколкумина членови на Асоцијацијата, а Стамески бил специјален гостин.