Македонија во НАТО пред Албанија и Хрватска
Македонија во НАТО пред Албанија и Хрватска
Divider Македонија е најсериозен кандидат од Јадранската група за членство во НАТО и ако се одржи расположението што сега владее во Алијансата, можно е таа да биде единствената што до крајот на годинава или почетокот на идната ќе добие покана за прием.
Оваа информација деновиве циркулира низ дипломатските канали на Алијансата во Брисел и во Македонија и, иако е на ниво на расположение, а не како став или препорака, дава надеж дека е на дофат остварувањето на една од стратегиските цели на државата. Како што се дознава, сигналите се дека следното проширување на НАТО нема да биде групно, иако тоа беше некакво правило досега, и дека Хрватска има сериозен проблем да го фати "возотти за прием поради проблемите со Хашкиот трибунал кои иритираат одредени земји-членки на Алијансата. Албанија, според овие информации, значајно заостанува во реформите и ќе мора да направи многу повеќе за да се квалификува за прием, а сериозен тест за неа ќе бидат и претстојните избори годинава. Дипломатските сигнали велат, исто така, дека НАТО нема да чека до самитот за да упати покана и дека таа може да стигне порано, на крајот на оваа или почетокот на идната година. Во македонските политички кулоари веќе е во оптек информацијата дека името на земјата или земјите што ќе добијат покана за прием во Алијансата ќе се знае годинава, поради што забрзано се прават планови како да се одговори на очекувањата од Брисел.
Аргументите што стојат зад ваквите сигнали се дека за Брисел е битно новите земји-членки да не ја нарушат безбедноста на Алијансата како целина, а ако е на почеток на реформите земјата што ќе ја поканат, таа сепак да има правилна проекција во кој правец ќе се движи во одбраната и на внатрешен и надворешен план. Во НАТО сметаат дека многу отворени прашања околу одбранбениот систем на Македонија не се решени докрај, но се отидени напред, при што се посочува дека во планирањето и буџетирањето во Министерството за одбрана се отидени толку напред, што негови претставници сега обучуваат службеници на Министерството за финансии. Во прилог на Македонија е и фактот дека 95 отсто од буџетот во одбраната претходно се трошеше само на одржување на армијата, т.е. за плати и просто функционирање, а сега тој процент е сведен на 55 отсто, со тенденција уште повеќе средства да остануваат за опремување, модернизирање и развој.
Она што стои зад ваквите сигнали од Брисел, а јавно не се кажува, е дека Македонија има посилна политичка поддршка од САД отколку другите две земји во Јадранската група - Албанија, бидејќи заостанува во реформите, а Хрватска, бидејќи место американскиот го преферира европскиот пат. Неофицијално ваквата атмосфера за прием само на Македонија ја создаваат токму САД со помош на Велика Британија, која формално Ј забележува на Хрватска за несоработката со Хашкиот трибунал, но во основа Ј испраќа пораки за Меѓународниот кривичен суд и за приклонувањето кон ЕУ место кон неформалната алијанса на Вашингтон.
Очекувањата дека Македонија може да добие покана за прием во Алијансата го отворија и прашањето под кое име ќе се оствари оваа стратегиска определба. Атина веќе се закани дека тоа нема да се случи под уставното име на Македонија, а во нашите дипломатски кругови НАТО се мерка како една од меѓународните организации во кои е можен пробив со името, бидејќи не важи принципот на консензус што го има во Унијата. Сепак, според официјални извори од НАТО, до вчера САД не побарале формално да стои фуснота како за Турција со која ќе се декларира дека како земја го признаа нашето уставно име. Според овие извори, за да се случи тоа постои конкретна процедура, а неа не ја активираа ниту САД, ниту Словенија, ниту Бугарија, иако стојат зад уставното име. Неформално, од НАТО се најавуваше можноста проблемот да се реши на пооригинален начин, односно место фуснота за Турција, САД и другите земји што нў признаа како Република Македонија да стои фуснота дека Грција не го признава нашето уставно име. Засега расположението во НАТО е да се остави да легне правот од признавањето на САД, па потоа евентуално да се бара решение.

од утрински весник

Ете, Ѓорѓија дуплове повторно изненадува, освен ако не ја засереме како по обичај.
Туку колку ние ќе профитираме со влез во НАТО останува да се шпекулира. Контра на грците, ако ништо друго, ќеиф ми се прави.
dejan nemoj da se nadevate....ne e dobro da se nadevas tolku. samo nemoj da se nadevat, da kazete toa na site sto gi znaete!
Divider Де бе убав тој на баба, што си се загрижил толку. Ќе биде, надевале се ние или не. Мислиш некој не прашал што сакаме. да не се лажеме, ние не сме ни предградија во Њујорк за некој да не сајкали сериозно. Ќе биде како наумил батко Ѓорѓија и империјата, а ние можеме да свиркаме и да викаме охохо што ни е убаво. Нам ни е скроена капата уште одамна, останува да се види дали ни е точна.
intel
quote:
Originally posted by lav
Толку посакуваниот од скоро сите Македонци „влез„ во НАТО е само можна и единствена (по се изгледа) форма за одржување на власт на оваа балистичко-комунистичка коалиција.
Коментар Бај ЛАВ.Оние кои го растураа комунизмот(нато) ширум светот сега ќе ја примат ако треба и Македонија само да не падне Комунистичката власт.ХАХАХАХА...Бог с’тобом лав. Абе Ти дали се читаш што пишуваш жити се????????
lav
quote:
Originally posted by intel
quote:
Originally posted by lav
Толку посакуваниот од скоро сите Македонци „влез„ во НАТО е само можна и единствена (по се изгледа) форма за одржување на власт на оваа балистичко-комунистичка коалиција.
Коментар Бај ЛАВ.Оние кои го растураа комунизмот(нато) ширум светот сега ќе ја примат ако треба и Македонија само да не падне Комунистичката власт.ХАХАХАХА...Бог с’тобом лав. Абе Ти дали се читаш што пишуваш жити се????????
Јок , има за тоа задолжен и омиљен кољега на форумов. пс И наеднаш повикаа: Напред напред комуњаре преко воде до слободе ппс И ден денешен нејасно ми беше но и сега не ми е јасно: Зашто им требало да идат преку вода? Која ли вода ја имале предвид ...мислам на комуњариве овдеспоменати? Човекот кој кога ќе си подпивнеше во кафанчето кај Чешма си ја „пееше„ оваа незнам, како да ја наречам парола ли ...!!! Ама одговор нема оти тој УМРЕ , како што и комунизмот што ќе умре во Македонија.А сеуште тука си живурка , разбира се притаено. За Северна Кореа и Куба ...не знам кога
lav Толку посакуваниот од скоро сите Македонци „влез„ во НАТО е само можна и единствена (по се изгледа) форма за одржување на власт на оваа балистичко-комунистичка коалиција. Народот наш мисли дека дури тогаш од НАТО ќе „потече„ мед и млеко , а самиот влез само преставува голем трошок за државата. Во секој смисол кажано. Копуци не се канат на свадба оти се такви , а не дека сакаат да бидат поинакви-де , секако мислеејќи на побогати и повеќе почитувани.
трендафил Вакви информации од наводно доверливи извори од Брисел (од НАТО или ЕУ) најчесто потекнуваат од Бихаќка 7 (седиштето на СДСМ). Оваа партија има силна озборувачка машинерија и благодарејќи на вакви сплетки и интриги успешно владее и покрај катастрофалните резултати. Не велам дека оваа желба не е убава, но ме потсетува на тоа кога некој спомнал хамбургер за 5 денари, па кога го прашале каде може да се најде одговорил: „Никаде, но убаво би било да има“. Интерсно е што во овие приказни стално добриот е СДСМ и тие со него, а лошиот се нивните политички противници. Без разлика кој е на власт, а кој во опозиција. Дали наравоучението од ова и „доверливите информации од Брисел“ постепено до локалните избори нема да значи дека ќе треба да гласаме за коалицијата ЗА Македонија заедно за наводно да се исполни тоа што сите го сакаме, односно само еден ќе ни биде изборот како на 15 септември 2002. Затоа што демократијата со СДСМ од 1945 наваму стално ни се сведува на еден избор. За жал ваквите непроверени информации што ги пласираат новинарите блиски до „државотворците“, најчесто се исполнуваат обратно. Да не се случи како некоалицирањето со терористи на пример, само Македонија од Јадранската група да не влезе во НАТО. Не дај Боже, затоа што за нас во моментот НАТО е сепак нужно зло.
Divider Ако се следат ртрендовите на империјата и нивното поигрување со цел свет, а особено осветољубивоста на Ѓорѓија дуплове кон грците што му отидоа контра и за Ирак, аи за изборите 9поддржувајќи го Кери), ништо чудно и да влеземе поскоро во НАТО. Инаку, навремето, додека Чашуле беше министер, влезот во НАТО беше повеќе од иминнентен, подоцна Илинка тоа не успеа да го доизведе. Сега, којзнае зошто, САД не протежираат нас. Но, дека влезот во НАТО нема да претставува крај на бедата е повеќе од очигледно. Само будалите можат да веруваат дека ќе ни тргне со влезот во НАТО. За жал, од двете зла со кои се соочуваме, НАТО помалото. Работава на крај ќе биде, змија или магаре... Во секој случај земајќи обзир колку Буш не ги сака грците, ќе можеме да ги нападнеме да си ги повтариме териториите, на грците нема да им успее повикувањето на член 5 за одбрана на земја членка, бидејќи и ние ќе бидеме членки, а дуплове ќе ни помогне логистички и авојно, хехеххе. Последново ми беше радувај се куре на пијано пиче, хехехе. Ама се бидува, важно е да сонуваме и да се трудиме соништата да станат стварност.
Strelec
quote:
Originally posted by lav
...за одржување на власт на оваа балистичко-комунистичка коалиција.
А ти би да се врати на власт иредентистичко-врховистичката коалиција, така? Абе престанете со ваквиот стил... Ако е еднаш кажано, можеби ќе изгледа и интересно, ама ако се кажува по илјада пати, станува досадно и одвратно! Без оглед што е кажано и за кого е кажано!? И уште нешто...
quote:
Originally posted by lav
...има за тоа задолжен и омиљен кољега на форумов.
На два топика утрово се занимаваш со работи што не се поврзани со темите... остави тие работи да ги тераат администраторите (и престани да ги провоцираш), затоа што наредниот бан за lav не би бил само на одреден рок! Да не испадне после пак да се ’чудиш’, демек не знаеш зошто си баниран!?
lav
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by lav
...за одржување на власт на оваа балистичко-комунистичка коалиција.
А ти би да се врати на власт иредентистичко-врховистичката коалиција, така? Абе престанете со ваквиот стил... Ако е еднаш кажано, можеби ќе изгледа и интересно, ама ако се кажува по илјада пати, станува досадно и одвратно! Без оглед што е кажано и за кого е кажано!? И уште нешто... На два топика утрово се занимаваш со работи што не се поврзани со темите... остави тие работи да ги тераат администраторите (и престани да ги провоцираш), затоа што наредниот бан за lav не би бил само на одреден рок!
Во потполност се сложувам дека вакви илјадакратни повторувачи на едно те исто кажано овде треба да се игнорирааат ..мислам директно на писанието на колегата Интел. Иако не е во склоп со темата те молам поради неможност да си ја поправам грешката сам да видиш што е со моите ПМ Патем кажано (btw) ако можеш да ја исправиш грешката при отварање на ПМ (Private Messages) ...кога ги отварам новите тогаш се јавува трендафил’box и автоматски комјутерот пробува да се прелогира како да сум трендафил. Ова молам да биде избришано за да не биде злонамерно и во пежоративен смисол разработено од некој од форумџииве (како Интел), па пак Јас да бидам виновникот без вина. Благодарам
Strelec Na ovoj problem ne mu e mestoto naforumot za politika... Ima forum so naslov "FAQ VMacedonia.com"... http://forums.vmacedonia.com/forum.asp?FORUM_ID=23
трендафил
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by lav
...за одржување на власт на оваа балистичко-комунистичка коалиција.
А ти би да се врати на власт иредентистичко-врховистичката коалиција, така? Абе престанете со ваквиот стил... Ако е еднаш кажано, можеби ќе изгледа и интересно, ама ако се кажува по илјада пати, станува досадно и одвратно! Без оглед што е кажано и за кого е кажано!? И уште нешто... На два топика утрово се занимаваш со работи што не се поврзани со темите... остави тие работи да ги тераат администраторите (и престани да ги провоцираш), затоа што наредниот бан за lav не би бил само на одреден рок! Да не испадне после пак да се ’чудиш’, демек не знаеш зошто си баниран!?
За какви врховисти станува збор. Дали за проалбански, какви што во моментов имаме во власта. Бидејќи во времето за наводните врховисти не забележав некакво приближување до Бугарија. Сите средби во тек на целиот мандат на Георгиевски со некој од бугарското раководство беа помалку отколку што Бучковски како премиер и Црвенковски како претседател ги имаат со лидери од Албанија од како се на последните должности. Всушност со скоро никој друг и не се среќаваат. А ако сметаме од 15 септември наваму... Можеби немаме големи шанси за ЕУ, па пропагандата се префрла на НАТО. Да се вратам на темава. Со скоро 100% сигурност можам да тврдам дека се работи за уште еден пропаганден трик на најголемите лажговци и озборувачи на другите, самонаречените државотворци. А можеби и стварно се, па какви државотворци имаме таква ни е и државата. Ползувањето на Брисел во ваквите лаги е поради тоа што ние повеќе им веруваме на странците, отколку на самите себе си. Самиот почеток на написот „Македонија е најсериозен кандидат изгледа неверојатно. Во Македонија нема никаква сериозност, има повеќе комедија. Доклку не се работи за трагедија. Не велам дека ваква вест и не е можна, но побрзо би дошла од Вашингтон отколку од Брисел. А кога сум кај озборувањето на СДСМ против опозицијата, тоа ми личи на поговорката: ПОДРЖИ МИ ГО КОПИЛЕТО ДА И СЕ НАСМЕАМ НА КОПИЉАРКАТА! Сепак, нема нешто лошо што направи тогашното ВМРО-ДПМНЕ, што СДСМ и ЛДП не го направиле уште полошо. Дали многу се трудат или тоа им поаѓа само од себе. И да повторам. Веста би било многу добро кога би била вистинита.
chuvash Македония в НАТО като се откаже от безумните идеи за връзката с античните македонци и махне гръцката звезда на знамето. Иначе има вето, няма НАТО, а без НАТО няма и ЕС.
lav Како надополнување на исказот на колегата Трендафил ќе ве подсетам само да прогледате конечно со свои очи: Сите акции кои (се обиде да) ги спроведе тогашниот НАЈУСПЕШЕН во Историјата на Македонската економија во пракса министер т.е. г.Груевски Никола , и беа напаѓани од сите „орадија„ под команда на сдсм , сосе сателитите (трабанти некаде ги викаат оти ногу ја загадуваат околина човечка , исто како и нивните истоименици на 4 тркала од поранешната ДДР) и дури од Мгр-ето по економски науки викан и 5-ре од ПИРАВА , СЕГА ги спроведуваат во дело , АМА со ЗАДОЦНЕНИЕ ОД 3 ИЗГУБЕНИ ГОДИНИ. А знаете ли колку тоа ќе не чини сите нас тој магарешки инает кај сдсм-овците....сметајте со можна 30 годишна стагнација на државата на Македонците. Во секаков смисол , разбира се. И после се некој друг ќе им биде КРИВ само затоа што е ЖИВ но и попаметен од нив. Проста селекција на природата , разбира се генетска.
concrete
quote:
Originally posted by chuvash
Македония в НАТО като се откаже от безумните идеи за връзката с античните македонци и махне гръцката звезда на знамето. Иначе има вето, няма НАТО, а без НАТО няма и ЕС.
Dobro be, mrsen ne ti se cini deka si zalutal malku po na zapad????? Ne se mesaj so noble narod ne si ni akran!!!! Gledaj si gi bugarskite problemi, ne se mali!!!
Divider НАТ и Македониа, некако преубаво звучи, да почеканме да видиме. „ ќоравата кокошка знае да боцне понекое зрно“, „blessed are the meek for they shall inherit the heavenly kingdom“, па и кај нас може да се случи чудо и да е примат. Како и да е, ниту СДСМ ниту ДМПНЕ се заслужни за било што а убаво случено во државава. Да се прашуваа тие, досега ќе бевме продадени ѓутуре.
трендафил Сакав да отворам тема „Дипломатските извори на Утрински“, но за тоа каква вода истекува од нив ќе напишам овде. 16 септември 2004 година
quote:
Според дипломатски извори Брисел ќе ја притисне ДУИ за децентрализацијата Од страв дека успехот на референдумот за територијална организација може да го проблематизира Охридскиот договор во целина, Брисел ќе бара решение, притискајќи ја ДУИ да попушти и да се согласи на нова поприфатлива територијална организација на македонската страна. http://www.utrinskivesnik.com.mk/default.asp?pBroj=1577&stID=22469
Резултат. Притисокот на ЕУ не беше кон ДУИ, туку кон македонците да не излезат на референдумот. А зошто СДСМ ја измисли и ја пласира оваа лага? За да попушти притисокот (преку излегување на улица) и да се разводени гневот на македонците поради предавничката територијална поделба. Власта со оваа и други мерки успеа во намерата. На 18 април 2003 Утрински пишуваше:
quote:
Дипломатот уште тврди дека нема да биде изненадување ако околу велигденските празници, а сигурно пред конгресот на партијата, заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за повторно да ја избере Димовска на потпретседателското место. http://www.utrinskivesnik.com.mk/default.asp?pBroj=1148&stID=5675
Не знам што беше целта на оваа лага пласирана од Бихачка. Да и помогне ли на пријателката на држвотворците Доста Димовска, што наводно ги прислушкуваше. Можеби се работи само за лажење од навика. Во секој случај, побарајте сами. Ќе видите дека од дипломатските извори на Утрински најчесто истекува матна вода. Еве и една недипломатска туку владина изјава од 24 септември 2003.
quote:
"Зградата на 'Тетово табак' не влегува во ниту еден план за идниот тетовски универзитет за кој е почнат процесот на акредитација со сите програмски и технички параметри", изјави вчера за "Утрински весник" портпаролот на македонската Влада, Сашо Чолаковски, кој на прашањето дали е можно по една година, тетовскиот универзитет, сепак, да "се најде" во зградата на тетовскиот тутунски комбинат, одговори со "не". http://www.utrinskivesnik.com.mk/default.asp?pBroj=1278&stID=5935
Се работи за ноторна лага. Сега таму е универзитетот кој уште во меѓувреме стана и државен. Иако лажгото сега е портпарол на владата и не е дел од Утрински, да напоменам дека пред тоа Чолаковски беше уредник во весникот и токму за вакви заслуги дојде на портпаролското место.
lav Кога ќе видам на билокое ТВ некоја си фаца на сдсм-офца , се што ќе кажува а е битно за државата и состојбите во неа , Јас веднаш во главата си го „инвертирам„ и види чудо гулемо ...секојпат погодувам дека ТИЕ никојпат не се во право. Напред напред комуњари преко воде до слободе Си викаше така еден веќе покоен комуњар.
Divider Се повеќе и повеќе се шушка дека приемот во НАТО ќе се лсучи кон крајов на годинава, почетокот на идната, со что ќе им се овозможи на крадачите од СеДеСе и арнаутските иредентисти да останат вечно на власт со што ќе се продолжи со разнебитувањето на Македонија и се што е македонско.
Christian Edinstveno dobro e sto so vlezot vo NATO granicite na Makedonija ke ostanat kako sto se, i ideite za nekoj da ne osvoi ke propadnat vo voda odma. Mislam deka USA ke ostavat da nie so grcite go resime problemot so imeto prvo pa posle vlez vo NATO. osven ako grcive ne ja utnat na golemo i gi iznerviraat SAD pa da odma vlezeme pod ustavno ime vo NATO. a veruvam deka makedonskoto lobi vo USA pa i vo ostanatite drzavi na zapad imaat izigrano golema uloga vo seto ova. PS. daj be dosta so prepukuvanja koj e podobar SDSM ili VMRO, i ednite i drugite se makedonci. Samo obedineti ke ne bide.
lav
quote:
Originally posted by Christian
Edinstveno dobro e sto so vlezot vo NATO granicite na Makedonija ke ostanat kako sto se, i ideite za nekoj da ne osvoi ke propadnat vo voda odma. Mislam deka USA ke ostavat da nie so grcite go resime problemot so imeto prvo pa posle vlez vo NATO. osven ako grcive ne ja utnat na golemo i gi iznerviraat SAD pa da odma vlezeme pod ustavno ime vo NATO. a veruvam deka makedonskoto lobi vo USA pa i vo ostanatite drzavi na zapad imaat izigrano golema uloga vo seto ova. PS. daj be dosta so prepukuvanja koj e podobar SDSM ili VMRO, i ednite i drugite se makedonci. Samo obedineti ke ne bide.
Во суштина , ти си потполно во право за погоре искажаното , секако со најдобра намера. Но , Јас ете припаѓам на генерацијата од оние Македонци-скептици или популарно викани и „неверни Томи„ , кои сега , но и во минатото се ИЗНАСЛУШАА разноразни ветувања од држалниците Македонски , а реалицацијата на ветеното им беше никаква , и за да останам во границите на нивото од овој форум ќе кажам дури и негативна по граѓаните. Како иде времето понатаму од осамостојувањето досега , Државата но и Народот тонат во беда , очај и безсперктивност , факти кои НИКОЈПАТ нема да ги прочиташ ниту чуеш во ниту еден од медиумите кои се во т.н. „административен брак„ со државата , односно нејзините репресивни институции , секако мислам на тие чија „работа„ дури и со Устав и Закон е „покриена„(читај легална е). Просто кажано НЕ ГИ БИВА ЗА РЕАЛИЦАЦИЈА НА НИШТО што го ветиле. И за да не бидам вброен во „оние„ кои само критикуваат личности а не само идеи (а каде пак има идеја позади која не стои личност-и) ќе споменам една „тазе„ идеја , секако племенита , искажана во 2002 година: Од секое семејство ЌЕ вработиме по еден невработен , а сега гледаме само ОДПУШТАЊА од работа но и во блиската ни иднина. Ќе го намалиме данокот а тој оп оп и од 5% скокна(л) на 18%. Како сега тие , што многу ветуваа(т) , а НИШТО или барем МАЛКУ реализираа(т) од ветеното би ги нарекол ?.
Christian
quote:
Просто кажано НЕ ГИ БИВА ЗА РЕАЛИЦАЦИЈА НА НИШТО што го ветиле.
ne deka ne gi biva, tuku teski kopilinja se. Samo da se krade plemeto nivno.so maliot prst nemaat mrdnato za Makedonija i makedonskiot narod.