Во престрелка уапсен Карлито Бриганде
Во престрелка уапсен Карлито Бриганде
DonVito
Дебарчанецот Вулнет Маќелара, алијас Карлито Бриганде, бил уапсен вчера изутрината во вооружена престрелка во центарот на Дебар, информира полицијата.

Во двочасовната престрелка меѓу Бриганде и полицијата немало загинати ниту повредени.

Полицијата имала информации дека Маќелара се криел во старата куќа на Рефик Ќатипи во центарот на Дебар. Кога го предупредиле да се предаде, тој почнал да пука кон нив, а полицајците возвратиле.

Центарот на Дебар бил блокиран повеќе од 7 часа, а вознемиреноста кај дебарчани била голема поради шпекулациите што се ширеле низ градот.

Полицијата потврди дека Маќелара, по кого имало распишано потерница, се предал околу 14 часот. Куќата во која бил засолнет била запалена. Противпожарната екипа навреме реагирала и спречила пожарот да ги зафати соседните згради и дуќани. (В.Т.)
DonVito ПОЛИЦИЈАТА ВО ДЕБАР ПРИВЕДЕ ОПАСЕН КРИМИНАЛЕЦ КОЈ СЕ БАРАШЕ ПО МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА Уапсен дебарскиот Карлито При апсењето Карлито Бриганде отворил жесток оган кон полицајците, но сепак бил совладан и приведен Карлито Бриганде од Дебар, познат криминалец кој се бараше по меѓународна потерница вчера утрото е уапсен во Дебар. При обидот за неговото апсење Бриганде отворил жесток оган кон полицајците, но сепак тој бил совладан и приведен. Веста за неговото апсење ја потврди и полицијата, но во интерес на понатамошната истрага други детали не се соопштуваат. Против Карлито Бриганде досега се поднесени безброј кривични пријави за нанесување на тешки телесни повреди, за киднапирање на полицајци, за недозволено држење на оружје и распрснувачки материи како и за други форми на насилство. Тој често беше притворан, а потоа пуштен на слобода. За серијата кривични дела против него беше распишана и потерница. Тој се криеше во дебарско-гостиварскиот крај, а извесно време престојуваше и во Италија. Тој деновиве повторно илегално се вратил во Дебар каде што му живее и фамилијата, по што против него била преземна акција за апсење. (П.А.Л.)
DonVito So Moi Oci Vidov KaKo Brigande Se Predava nA Policijata
DonVito auuu ne vidov deka ima topic za ovaa. zatoa ke gi zamolam adminite da go izbrisat i zatvorat topikov . sorry uste ednas moja greska .