Boris Trajkovski-Dijalog megju Civilizaciite!
Boris Trajkovski-Dijalog megju Civilizaciite!
AaaAa Во спомен на загинатиот претседател промовирана книгата "Дијалог меѓу цивилизациите" Керим: Трајковски го даде својот живот во мисија за Македонија ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА >†Меѓународната и меѓуцивилизациска комуникација и соработка нема да се заснова врз сила и моќ, туку врз надежта за мир и просперитет. Таа нема да се храни со стравот од другиот, туку од желбата да се разбере различнотооо”, напишал трагично загинатиот претседател Борис Трајковски во предговорот на изданието на книгата “Дијалог меѓу цивилизациитееи, што беше промовирана вчера во скопскиот хотел “Александар палассс”. На промоцијата, присуствува сопругата на Трајковски, Вилма, шефот на државата, Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски и претставници од јавниот и политичкиот живот во државава. >“Претседателот Борис Трајковски, едноставно речено, беше голем приврзаник на дијалогот меѓу луѓето и народите. Дијалогот котираше највисоко во неговата државничка агенда. Притоа, немаше помалку или повеќе важни настани или, партнери кога станува збор за неговите приоритети насочени кон унапредување на дијалогот. Со такви размислувања и сфаќања замина за Мостар, на уште еден дијалог, за жал, на пат без враќање. Нам ни останува аманетот. Уверени сме дека објавувањето на оваа книга не е само исполнување на овој аманет, туку и израз на желба на сите учесници на охридскиот Форум да се приклучат на идејата дека дијалогот секогаш и секаде треба да се претпочита пред конфликтот, без оглед на сите познати и непознати, признати и непризнати разлики меѓу луѓето, културите и нациите. Одбележувањето на овој настан не претставува ништо друго, туку свидетелство за една благородна мисија на човек, кој беше на чело на својата држава и го даде својот живот во мисија за Македонија. Претседателот Трајковски никогаш не го криеше својот ентузијазам за пронаоѓање форми и содржини за Македонија да се препознава, не само како држава која придонесува за стабилноста на регионот туку и да стекне широка меѓународна афирмација. Тој пледираше за создавање услови со кои дијалогот ќе стане постојана практика без алтернатива за меѓународните односиии”, истакна Срѓан Керим, генерален директор на “Медија принт Македонијааа”. Во книгата, која е издание на МПМ, содржани се говорите на сите учесници на истоимениот регионален Форум, што под покровителство и иницијатива на трагично загинатиот претседател Трајковски се одржа на 29 и 30 август 2003 година во Охрид. Во оваа пригода Керим се потсети дека токму пред една година бил повикан од Трајковски, на средба на која тој се интересирал кога ќе се објави оваа публикација и изразил желба задолжително да се појави на универзитетите и во училиштата во Македонија. Присетувајќи се на својот сопруг и неговите државнички идеи, Вилма Трајковска, видно вознемирена, истакна дека за него од суштинско значење било народите да имаат отворен и искрен дијалог меѓу себе...”На годишнината од неговата смрт да се зборува за секојдневната ангажираност на мојот сопруг околу подготовката на регионалниот Форум, значи да се разбудат спомените во моето срце како негова сопруга. Борис беше убеден дека од суштинска важност е народите да имаат искрен дијалог меѓу себе, затоа што алтернативата на тоа е премногу застрашувачка за да се спомне. Сакаше да биде опкружен со луѓе без разлика дали се претседатели, министри или обични луѓе. Тој знаеше дека животот е релативен и пледираше да изгради добри односи меѓу луѓето. Пораката на Борис од Форумот беше: “Упатувам универзален апел да замолкне оружјето и да се разбуди надежта во секое човечко срце, бидејќи сите ние сме гости на оваа земјааа”. Во неговата хумана визија се препознаваат надежите дека македонската цивилизација ќе влезе на големите врати во обединета Европа и во светските трендови. Тоа беше вечниот сон на мојот сопруг, кој се издигнува високо и засекогаш во меморијата на македонското небооо”, рече Трајковски. Во оваа пригода таа им се заблагодари на Керим и на МПМ бидејќи, како што истакна, без нивна помош книгата немало да се реализира. Зоран Јолевски, поранешен шеф на Кабинетот на Трајковски, рече дека Форумот во Охрид покажал оти земјите од Југоисточна Европа знаат да соработуваат и да ги разменуваат своите вредности...”Претседателот Трајковски со неговите активности успеа да ја претстави Македонија како лулка на хуманизмот. Книгата сведочи за неговиот претседателски мандат кој го одбележа како лидер и хуманист во регионот. Се надевам дека оваа публикација ќе биде четиво за сите граѓани, бидејќи во неа е собрана мудроста на највисоките политичари, интелектуалци и мислители за кои дијалогот претставува парадигма на човековата хуманост, цивилизација и културааа”, истакна Јолевски. Тој додаде дека во организацијата на Форумот во Охрид и во подготовките на публикацијата на говорите учествувале и соработниците на Трајковски, Ристо Блажевски и Анета Кришан-Лозановска, кои загинаа со него во несреќата кај Мостар