Македонците од Дебар ќе бараат да се подели „Здрав
Македонците од Дебар ќе бараат да се подели „Здрав
dejan ako moze toa uciliste da se smeni na skenderbeg ili nekoj drug, moze i na makedoncite da im se ispolni zhelbata. Македонците од Дебар ќе бараат да се подели „Здравко Чочковски“ 28.02.2005 Средношколците Македонци од Дебар ќе бараат да се подели единствената гимназија „Здравко Чочковски“ на албанска и македонска, доколку Советот на градот одлучи да се преименува училиштето со име на албански херој. Но, доколку сепак се одлучи гимназијата да носи албанско име, средношколците Македонци од Министерството за образование бараат да се изгради ново училиште. Вака денеска соопшти Средношколската унија. „Македонците бараат: Доколку се смени името на училиштето, тие да учат во посебни паралелки или пак да се изгради ново училиште, кое ќе биде оддалечено од училиштево кое ќе го носи името на албанската личност“, изјави Огнен Ѓорѓиевски, Средношколска унија на Македонија. Ваква одлука средношколците донеле откако албански професори покренале иницијатива до Советот на градот за промена на името на гимназијата. Средношколската унија реагира и на закаснетото известување за новиот начин на полагање на матурата. Тие од Министерството бараат матурата да се полага како и лани, мајчин јазик и писмена тема по одреден предмет, но не и устен дел. За решавање на овие проблеми, од министерот Положани бараат прием. http://a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=43498