Скопје било и ќе биде албанско
Скопје било и ќе биде албанско
dejan SIK! nekoj treba so kopac da gi uplasi ovie koj jadat mnogu *. posle toa, da ne ni pomislat za da zborat javno! Скопје секогаш било албанско и такво ќе го зачуваме, а тоа најдобро може да го направат тие што го сакаат градот, порача лидерот на ДПА, Арбен Џафери, на завчерашното претставување на кандидатот за градоначалник на Чаир на коалицијата ДПА и ПДП. Тој смета дека најголема политичка перверзија е коалицијата помеѓу ДУИ и СДСМ, кои беа на спротивни страни во војната од 2001 година. Џафери рече дека неговата партија не е во коалиција со ВМРО-народна, а ако соработува со која било партија, тоа нема да биде скришум. Партијата на Али Ахмети ги обвини дека во договор со Љубчо Георгиевски ја напаѓале ДУИ пред меѓународните претставници дека планира да ги намести изборите. - Подобро е ДУИ да ги коментира своите успеси отколку да бара дежурен виновник во ДПА. За нив нема друг излез освен пораз на изборите - порача Џафери. Коалицијата се решила да го кандидира Адем Исени за градоначалник на Чаир бидејќи тој бил најфанатичен скопјанец и дека повеќе го сакал Скопје отколку својата партија. ДПА и ПДП ја критикуваа ДУИ дека бадијала се фали со новата урбана општина Чаир, зашто Албанците повторно извисиле, зашто од општината се исклучени сите битни стопански и културни објекти. Исмет Рамадани, обвинувајќи ја ДУИ, рече дека првоодделенче подобро би ги исцртало границите на Чаир, а Џафери додаде дека картата на Скопје не ја направила ДУИ, туку "итрите Македонци". - Некои албански партии зборуваат за отстранување на границите во време кога Македонците на секоја педа наметнуваат граници. Ние не им го стеснуваме просторот на Македонците, туку го чуваме нашиот интегритет. Затоа ќе го зачуваме албанско Скопје, а тоа најдобро може да го направат тие што го сакаат градот рече - Џафери. Во контекст на тоа дека Скопје секогаш било албанско, Џафери рече дека Шкупи, како што го викаат Албанците, произлегува од античкото Скупи. Затоа, според него, и Османлиите Скопје го нарекле Искип, а не Ископје.