Средношколец казнет оти им испекол колач со канаби
Средношколец казнет оти им испекол колач со канаби
silijeski ЛИНЕБУРГ, Германија (ДПА) - Судот во Германија му одредил на еден завршен средношколец да и плати 500 долари казна како компензација на учителката на која и се слошило откако каснала колаче со канабис. Некогашниот ученик во средното училиште во Линебург, кој сега има 20 години, признал дека испекол чоколадно колаче во кое ставил хашиш и го оставил во кабинетот на професорите со белешка:"Благодарам за се! Уживајте!" Десет професори се пожалиле на вртоглавици, забрзан пулс и збрканост откако каснале од колачето. Една професорка побарала да и се плати компензација бидејќи ја фатило паника и викнала доктори убедена дека доживува срцев удар. По оваа случка училиштето вовело построги прописи за продажбата на пекарски производи на кампусот.