На 20 години станал шампион во решавање крстозбори
На 20 години станал шампион во решавање крстозбори
silijeski СТАМФОРД, Конектикат (АП) - Светот на љубители на крстозбори доби нов шампион. Тајлер Хинман (20) е најмладиот шампион во Натпреварот за решавање крстозбори во Америка, кој се одржува веќе 28 години,. "Не можам ни да прославам. Не сум доволно стар за да можам да појдам во кафана и да се напијам", рече Хинман кој излезе како победник меѓу 450 натпреварувачи. Тој вели дека наградата во износ од четири илјади долари ќе ги вложи во своето образование. "Мислевме дека тоа е добар начин да си го збогатува речникот, а потоа почна да составува крстозбори кои му ги објавуваа во "Њујорк тајмс", вели мајка му Криста. Уредникот на енигматиката во "Њујорк тајмс" Вил Шорц прв го организирал натпреварот во 1978 година. "Ова не е тест за нечија интелигенција или нешто слично туку само тест за способноста да се решаваат крстозбори. Многу луѓе кои се интелигентни не умеат да решаваат крстозбори, но сите добри решавачи на крстозбори се паметни", вели Шорц