Sve se prodava vo Makedonija!
Sve se prodava vo Makedonija!
dejan ЌЕ ДОБИЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА СВЕТСКИ СКИЈАЧКИ ЦЕНТАР Шапка се продава Одлуката за продажба е донесена во јануари годинава. Интерес да го купат овој атрактивен планинско-туристички центар, кој има природни услови да прерасне во скијачко-рекреативен центар од светски ранг, веќе п Управниот одбор на ЈП "Електростопанство на Македонија" на 14 јануари годинава донесе одлука за приватизација, односно за продажба на скијачко-рекреативниот центар Попова Шапка. Почната е постапка за приватизација на двата хотела "Славија" и "Попова Шапка", шесте скилифтови, двете двоседешници, кондолната жичница Тетово - Попова Шапка, како и на ресторанот "Жичница" во градот. Адем Неими, управител на Друштвото со ограничена одговорност "Попова Шапка" на ЕСМ, вели дека сега се прибираат потребната документација и имотните листови, а се подготвуваат и извештаите за финансиското работење на друштвото. Потоа ќе се изврши процена и објектите ќе се огласат за продажба. "Приватизацијата може да се изврши до крајот на годинава, може тоа да се случи и за неколку месеци. Не постои термин до кога тоа треба да заврши", нагласува Неими. Неофицијално дознаваме дека минатата и оваа година интерес да го купат овој атрактивен планинско-туристички центар веќе пројавиле лица од Франција, Турција и од Австрија, но се чека на подготвување на потребната документација и на дефинирање на условите за продажба. Потенцијален купувач од Франција, наводно, имал најава дека ќе инвестира во изградба на нови хотели, ски-лифтови и друга инфраструктура за да се оспособи Попова Шапка за прием на 20.000 до 25.000 посетители дневно во шпицот на зимската сезона. Во некогашните најдобри времиња на Шапка, како што велат спортските работници, имало 5.000 до 10.000 посетители дневно, колоната автомобили се протегала и 4-5 километри, а честопати доаѓале и до 50 автобуси дневно. "Сега овој центар има по неколку илјади гости во месеците јануари и февруари. Во другите месеци посетеноста е минимална. Оваа година, сепак, работевме значително подобро од лани, кога имавме многу послаби ефекти. Зимава имавме повеќе гости, покрај другото и од Косово, детски екскурзии, а двата хотела беа насочени кон т.н. семинарски туризам. Но со изградба на соодветен паркинг-простор, нови хотели од повисока категорија, нови ски-лифтови, Шапка може многу повеќе да се искористи" , ни изјави управителот Неими. ЕСМ управува со комплексот на објектите на Попова Шапка од 1986 година, кога го презеде од тогашниот ХЕК "Југохром", кој, пак, од периодот од 1977 година многу инвестираше на Попова Шапка. Крсте Серафимовски, секретар на спортови на Тетово и долгогодишен скијачки тренер, вели: "Попова Шапка е огромно богатство на Македонија. Ако се најде добар стопан, таа може да се претвори во вистински финансиски рудник. Словенците не еднаш ни рекле ако ја имаше оваа планина во Словенија, таа одамна ќе беше претворена во европски скијачки туристички центар". Серафимовски укажува дека Шапка има скијачки патеки на 1.750 до 2.450 метри надморска височина, без шуми и карпи, погодни и за почетници и за скијачи професионалци, со уникатна вредност во Европа. "На Шапка до мај опстојува квалитетен снег. Има предуслови за развивање врвен туризам и за организирање скијачки куп натпревари од светски ранг", посочува овој спортски работник. Сега, наместо да се наоѓа на европскиот каталог на врвните скијачки центри, Шапка не ретко се наоѓа во документацијата на загадените планински простори зашто на неа може да се види еколошки хаос и купишта ѓубре. С.Тоевски *** Кодра е диелит - Сончева долина Попова Шапка е прекрстена со албанско име Кодра е диелит, што во превод значи Сончева долина, во времето кога со комплексот раководеше кадар од ДПА. На годишнината на Рамковниот договор ДУИ ја славеше победата во хотелот "Попова Шапка". Оттогаш и на ски-пасовите, освен македонското Попова Шапка, стои и албанското Кодра е диелит. Новото албанско име стои и на таблата на хотелот "Попова Шапка". Менито во хотелот е на албански и на англиски јазик. Македонски нема. ova nemozam da veruvam!!![:(!]
n/a [?] Tetovo e Makedonsko.
n/a
quote:
Originally posted by dejan
ЌЕ ДОБИЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА СВЕТСКИ СКИЈАЧКИ ЦЕНТАР Шапка се продава Одлуката за продажба е донесена во јануари годинава. Интерес да го купат овој атрактивен планинско-туристички центар, кој има природни услови да прерасне во скијачко-рекреативен центар од светски ранг, веќе п Управниот одбор на ЈП "Електростопанство на Македонија" на 14 јануари годинава донесе одлука за приватизација, односно за продажба на скијачко-рекреативниот центар Попова Шапка. Почната е постапка за приватизација на двата хотела "Славија" и "Попова Шапка", шесте скилифтови, двете двоседешници, кондолната жичница Тетово - Попова Шапка, како и на ресторанот "Жичница" во градот. Адем Неими, управител на Друштвото со ограничена одговорност "Попова Шапка" на ЕСМ, вели дека сега се прибираат потребната документација и имотните листови, а се подготвуваат и извештаите за финансиското работење на друштвото. Потоа ќе се изврши процена и објектите ќе се огласат за продажба. "Приватизацијата може да се изврши до крајот на годинава, може тоа да се случи и за неколку месеци. Не постои термин до кога тоа треба да заврши", нагласува Неими. Неофицијално дознаваме дека минатата и оваа година интерес да го купат овој атрактивен планинско-туристички центар веќе пројавиле лица од Франција, Турција и од Австрија, но се чека на подготвување на потребната документација и на дефинирање на условите за продажба. Потенцијален купувач од Франција, наводно, имал најава дека ќе инвестира во изградба на нови хотели, ски-лифтови и друга инфраструктура за да се оспособи Попова Шапка за прием на 20.000 до 25.000 посетители дневно во шпицот на зимската сезона. Во некогашните најдобри времиња на Шапка, како што велат спортските работници, имало 5.000 до 10.000 посетители дневно, колоната автомобили се протегала и 4-5 километри, а честопати доаѓале и до 50 автобуси дневно. "Сега овој центар има по неколку илјади гости во месеците јануари и февруари. Во другите месеци посетеноста е минимална. Оваа година, сепак, работевме значително подобро од лани, кога имавме многу послаби ефекти. Зимава имавме повеќе гости, покрај другото и од Косово, детски екскурзии, а двата хотела беа насочени кон т.н. семинарски туризам. Но со изградба на соодветен паркинг-простор, нови хотели од повисока категорија, нови ски-лифтови, Шапка може многу повеќе да се искористи" , ни изјави управителот Неими. ЕСМ управува со комплексот на објектите на Попова Шапка од 1986 година, кога го презеде од тогашниот ХЕК "Југохром", кој, пак, од периодот од 1977 година многу инвестираше на Попова Шапка. Крсте Серафимовски, секретар на спортови на Тетово и долгогодишен скијачки тренер, вели: "Попова Шапка е огромно богатство на Македонија. Ако се најде добар стопан, таа може да се претвори во вистински финансиски рудник. Словенците не еднаш ни рекле ако ја имаше оваа планина во Словенија, таа одамна ќе беше претворена во европски скијачки туристички центар". Серафимовски укажува дека Шапка има скијачки патеки на 1.750 до 2.450 метри надморска височина, без шуми и карпи, погодни и за почетници и за скијачи професионалци, со уникатна вредност во Европа. "На Шапка до мај опстојува квалитетен снег. Има предуслови за развивање врвен туризам и за организирање скијачки куп натпревари од светски ранг", посочува овој спортски работник. Сега, наместо да се наоѓа на европскиот каталог на врвните скијачки центри, Шапка не ретко се наоѓа во документацијата на загадените планински простори зашто на неа може да се види еколошки хаос и купишта ѓубре. С.Тоевски *** Кодра е диелит - Сончева долина Попова Шапка е прекрстена со албанско име Кодра е диелит, што во превод значи Сончева долина, во времето кога со комплексот раководеше кадар од ДПА. На годишнината на Рамковниот договор ДУИ ја славеше победата во хотелот "Попова Шапка". Оттогаш и на ски-пасовите, освен македонското Попова Шапка, стои и албанското Кодра е диелит. Новото албанско име стои и на таблата на хотелот "Попова Шапка". Менито во хотелот е на албански и на англиски јазик. Македонски нема. ova nemozam da veruvam!!![:(!]
Toa ti e Dejane, after Ramkovska Makedonija [V] I nekoj ovde kazuva kolku mnogu ja sakal RM, a glasa i propagira za onie koi ja unistija i ja ja dokusuruvaat RM, a so toa samiot pridonesuva kon kataklizmata na RM. Dolg jazi, kratok um[:D]