Високо радиоактивен громобран паднал во Куманово
Високо радиоактивен громобран паднал во Куманово
Strelec Радиоактивен громобран со 10 пати поголемо зрачење од дозволеното паднал вчера во фабриката за метални конструкции Искра инженеринг со која стопанисува фирмата Метал-нет. Громобранот паднал при изведување на градежни работи. Работниците од Метал нет, според кумановската полиција изведувале реконструкција на кровот при што што се скинала сајлата која го држела громобранот. Радиоактивниот громобран работниците го оставиле во дворот на фабриката, по што веднаш биле повикани службите од полицијата, државниот инспектор за заштита на животна средина, завод за здравствена заштита и службите од радијациона дозиметрија, кои извршиле увид на местото на настанот. Полицијата информира дека денеска надлежните служби треба да одлучат кој ќе го изврши подигањето и каде ќе се дислоцира громобранот, кој со неговото зрачење претставува директна опасност за здравјето на луѓето и на работниците на фирмата.