Македонска пијанистка славна во Австрија
Македонска пијанистка славна во Австрија
Strelec Се мислев дали топикот да го отворам на форумот за имиграција или на форумот за музика, па се одлучив привремено да го ставам овде!:) Австриски авион доби име по Елена Мисиркова Двомоторниот луксузен авион на австриската авиокомпанија “Diamond air craft”, во која акции има компјутерскиот магнат Бил Гејтс, го доби името по македонската пијанистка Елена Мисиркова, а нејзиниот лик ги краси и 500-те почесни поштенски марки што ги издаде владата на Австрија. Елена Мисиркова-Лоза е македонската пијанистка од Виена и е потомок на Крсте Петков Мисирков. Таа веќе има богата меѓународна кариера. Извонредно љубезна, Мисиркова раскажува: - Среќна сум и кариерата ми е во подем. Но секое доаѓање дома, во Македонија, ми е ново возбудување. Возбудена сум кога настапувам пред своите - вели Мисиркова. Елена Мисиркова-Лоза, по завршувањето на средното образование во Скопје, дипломирала на музичка академија „Гнесини" во Москва, каде што и магистрирала во 1987 година. Во минатата година имала 14 настапи во Австрија, а годинава ја очекува настап во Данска. Имала концерти во „Карнеги хол" во САД, во Шведска, Русија, Украина, Италија и во други земји. Последен пат во Македонија настапи лани во август на Охридско лето, а во тек се преговори со Македонската опера и балет за нејзино гостување годинава во јуни на Скопско лето. - Се надевам дека во јуни пак ќе настапам во Скопје. Сакам да одржувам контакти со македонската публика - рече Мисиркова. Пред две години, заедно со Ана Стаменковска, Игор Дурловски, Михајло Куфојанакис и Марија Вршкова, Мисиркова одржа концерт на современа македонска музика во виенската концертна сала „Безендорфер".
dejan http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=9107 :))))))
Strelec Ups!:( Go zakluchuvam topikov!:)