aj
aj
ozonce po vtor pat ne mozam da pisham, prochitajte... Odberete si omilena ili omileni :) Za mene e ovaa: Јас не го ценам тој патриотизам кој ги тера нашите синови во војна и ги повикува да умрат за татковината, туку го ценам оној кој ги учи како треба да живеат за неа. Знај ги правилата добро, за да ги кршиш правилно Направи го влезот на непријателот доволно тежок и нема да можеш да излезеш. Сексот е една од девете причини за реинкарнација. Другите осум се небитни. Кокошки: Единственото животно кое го јадеме пред да се роди и откако ќе умре. Фактите, иако интересни сепак се небитни 43% од сите статистики се тотално безпотребни Секој алат што ќе ти паднe ќе се одтркала во најнепристапниот агол Ако непријателот е на домет, тогаш си и ти. "Компјутер прави толку грешки за две секуни колку што ќе направат 20 луѓе работејќи 20 години" Помогни му на човек во невоља, и ќе те запамти за следниот пат кога ќе биде во невоља Барам шанса за да докажам дека парите нема да ме направат среќен Секое решение ствара нови проблеми. ЗЛАТНО ПРАВИЛО - Тој што има злато ги ствара правилата Дежа: Она чуство како да никогаш не сте биле тука Ден без сонце е како... ноќ Искуството е прекрасна работа која ќе ти помогне да ја познаеш одкога ќе ја направиш Секогаш има начин Во светот има многу убави места, но најубаво е местото што човек може да го има на својата дланка и коешто го создава со својата рака. Секојдневно радувај му се на животот и биди задоволен од она што си го постигнал, но секогаш барај нова цел за исполнување. Слушај се себе си. Имај аналитички став кон работите и не им верувај секогаш на авторитетите. Секој ден е создаден да се проживее или да се напушти овој свет. Со децата и со здравјето не се фали. Никогаш не знаеш кога ќе те изневерат. Живеј и пушти ги другите да живеат Тагував зошто немав чевли. Минувајќи покрај црква видов човек без нога. Престанав да тагувам и на судбината да и префрлам. Во државата во која поголем дел од луѓето безделничат, не може да се раѓаат големи дела. Јас не го ценам тој патриотизам кој ги тера нашите синови во војна и ги повикува да умрат за татковината, туку го ценам оној кој ги учи како треба да живеат за неа. Ако дозволи разумот, сакај од срце. "Не ветувај: """"вечно ќе те сакам""""." Будалиот целта ја гледа на крајот, паметниот на средината, а само мудриот целта ја гледа со првиот чекор. Мирисите како и музиката чуваат спомени Секогаш имај при рака некоја книга за читање. Денот никогаш нема да ти биде празен и здодевен. (за жените) Имај пријателки со кои од време - на време ќе се посетувате, но не за сметка на домашните обврски. Секогаш консултурај стручни лица за стручни работи Тоа што можеш да го претпоставиш, никогаш нема да те изненади. Немој да бидеш суеверен. Тоа ќе те окова во железни прангии. Човек го живее само актуелниот момент. Сето друго е минато или е нешто што е неизвесно дека ќе дојде. На децата биди им добар родител, а другари нека си побараат помеѓу своите врсници Кога ќе одлучиш да имаш дете, не започнувај голема работа. А кога си во голема работа, не планирај дете. Ако има век ќе има и лек. Учењето во староста е пишување по песок. Учењето во младоста е длабење во камен. Од сите добра на светот, знаењето е најдобро. Кога ќе го стекнеш, никој не може да ти го земе. Голем човек е оној којшто поддржува многу луѓе да живеат по свое, паралелно со него. "Кога ќе посакаш, а можеш да потрошиш повеќе пари, купи си некоја ситница што во друга прилика би ти била луксуз. Задоволствата подмладуваат" Научи да работиш, за да можеш со таа работа да опстанеш. Ако сакаш некого, остави го слободен. Ако ти се врати, твој е. Ако не ти се врати, никогаш не бил твој Отстрани ја сопствената љубомора. Таа само ќе ти внесе немир во душата. Сакај го, но верувај дека можеш да живееш и без него. Здравјето го цениме кога почнуваме да го губиме. Во светот има многу убави места, но најубаво е местото што човек може да го има на својата дланка и коешто го создава со својата рака Сите животни освен човекот знаат дека основниот принцип во животот е да го уживаш. Да се биде дама значи да се пропуштат многу нешта. Да се биде џентлмен значи да не се дозволи дамата да пропушти нешто. Сакам помалку корупција, или поголема шанса да учествувам во неа. Немој да делиш ров со некој похрабар од тебе. Стар е оној кој нема повеќе желба да научи нешто ново. Пред да донесеш некоја важна одлука, преспиј една вечер. Цени ги луѓето по големината на нивните срца, а не по големината на нивната сметка во банка. Одбегнувај кавги со соседите или со луѓето кои секојдневно ги сретнуваш. Секојдневно ќе се чувствуваш непријатно Јас не го ценам тој патриотизам кој ги тера нашите синови во војна и ги повикува да умрат за татковината, туку го ценам оној кој ги учи како треба да живеат за неа.
AaaAa Nice... mozda bash zatoa e vo navodnici, ovaa podolu sto nekako ne mi stima, a i nekako ne i e mestoto so site drugi mi se cini...ili mozda da? ili ne?... de objasnete :)))
quote:
"Компјутер прави толку грешки за две секуни колку што ќе направат 20 луѓе работејќи 20 години"
Ceki
quote:
Odberete si omilena ili omileni :) Za mene e ovaa: Јас не го ценам тој патриотизам кој ги тера нашите синови во војна и ги повикува да умрат за татковината, туку го ценам оној кој ги учи како треба да живеат за неа.
I mene mi e ta omilena. Здравјето го цениме кога почнуваме да го губиме. Ova e isto taka vistina. Сакам помалку корупција, или поголема шанса да учествувам во неа. Uste edna aktuelna :)
angel Сите се добри ама онаа: „Секогаш имај при рака некоја книга за читање.Денот никогаш нема да ти биде празен и здодевен.„ може да претрпи мала модификација во согласност со современоте текови па да гласи: „Секогаш имај при рака некоја книга или компјутер.Денот никогаш нема да ти биде празен и здодевен.„
dada Sani Mene ovaa mi faka oko:)) "Сите животни освен човекот знаат дека основниот принцип во животот е да го уживаш"
mArInCe "Будалиот целта ја гледа на крајот, паметниот на средината, а само мудриот целта ја гледа со првиот чекор." HaH!
RaGeAnGeL Секогаш има начин Знај ги правилата добро, за да ги кршиш правилно Секој ден е создаден да се проживее или да се напушти овој свет. Тоа што можеш да го претпоставиш, никогаш нема да те изненади Немој да бидеш суеверен. Тоа ќе те окова во железни прангии Пред да донесеш некоја важна одлука, преспиј една вечер. Цени ги луѓето по големината на нивните срца, а не по големината на нивната сметка во банка.
darkjesus Секојдневно радувај му се на животот и биди задоволен од она што си го постигнал, но секогаш барај нова цел за исполнување. Цени ги луѓето по големината на нивните срца, а не по големината на нивната сметка во банка. [;)]
Strelec
quote:
Originally posted by darkjesus
...Цени ги луѓето по големината на нивните срца...
Мене на лекар ми најдоа проширено срце!
OooOo Da, bash vchera za toa diskutiravme ... jas mozham da potvrdam deka e tochno!
dalila Na vas dvajca celta da ne vi e topikov na seir da odi?[;)][:D]
RaGeAnGeL
quote:
Originally posted by darkjesus
Секојдневно радувај му се на животот и биди задоволен од она што си го постигнал, но секогаш барај нова цел за исполнување. Цени ги луѓето по големината на нивните срца, а не по големината на нивната сметка во банка. [;)]
za prvono vervam so e za pravo ama vtorono......[:D][:D][:D]