Екологија
Екологија
Strelec Кој го сече Водно? Кај нас најмрачните работи се прават набрзина. Така деновиве "диви" или питоми сечачи се видоа во зелениот појас на Водно, под хотелот Панорама. Сечат, товарат, мака немаат, дека станува збор за државно земјиште, Национален парк-шума "Водно" и 'плуќата' на градот. Некој тоа го дозволил. Самите работници велат дека тоа се луѓе на "Паркови и зеленило", други велат дека се луѓе на "Систин", која наводно е сопственик на ова земјште. Дали има право на земјата или не, ќе каже судот, откако Јавниот правобранител, кој по функција се грижи за интересите на државниот имот, покрена судска постапка за поништување на договорот за купување на овој појас. Рочиштето е на 21 април, но дотогаш што може повеќе да се исече. Можеби земјата, односно шумата ќе му припадне на оној кој е побрз во својата намера, а не на оној на чија страна е Законот?
Strelec БОЛНИЦАТА "МАЛА БОГОРОДИЦА" ЌЕ ГРАДИ ДЕВЕТ СЕМЕЈНИ КУЌИ, ПА И ПРЕЧИ ПАРК ШУМАТА Водно станува Голо брдо?! Ако зеленилото и шумите на Водно се белите дробови на Скопје, тогаш таму во моментов се врши сериозна операција. Пред неколку дена на улицата "Салвадор Аљенде" почна "ампутација" на еден хектар шума, за наскоро на нејзино место да никнат девет семејни куќи. Сите тие се сопственост на "Мала Богородица", чија директорка е Олга Камчева, ќерка на новоизбраниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски. Парцелите, за минимална сума од 5 евра по квадрат, се купени од државата во времето меѓу двата изборни круга од парламентарните избори во 2002 година. Поради сомневања за нелегалност на купопродажбата, договорот беше "замрзнат", а судот реагираше и стави забрана за градба, што траеше до 28 октомври минатата година. Тогаш, Судот ги отфрлил сомневањата и издава ново решение за отворање постапка за градба. Така, инвеститорот, во случајот "Мала Богородица", од Подрачната единица на Министерството за транспорт и врски во Општина Центар во периодот од 7 до 17 март ги добива одобренијата за градба. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека според Деталниот урбанистички план, што е донесен во март 2002 година, на оваа локација се предвидени и зацртани девет маркички за изградба на девет семејни куќи. "Тие парцели се во сопственост на "Мала Богородица", и инвеститорот со оглед на одобренијата може да гради" - велат во ресорното Министерство. Но, за да го расчистат просторот и за да започнат со реализација на градбата, Камчеви од градските власти побарале дозвола за сечење на Парк шумата. И и неа ја добиле по легален пат. Од Градскиот комитет за урбанизам дознаваме дека дозволата ја потпишале тие, но врз основа на тоа што за овие парцели има одобренија за градба, издадени од Подрачната единица. Тие велат дека налогот за сеча го дале само заради нејзина контрола и стручно изведување. Со одобрението, нагласуваат, исечената граѓа ќе му припадне на Градот, а по завршување на градежните работи инвеститорот се задолжува сите парцели хортикултурно да ги уреди. Во спротивно, додаваат, инвеститорот можел да пристапи кон самоиницијативно расчистување. Од Општина Центар, пак, тврдат дека Деталниот урбанистички план не е спорен, но дека по неговото донесување сите ингеренции се префрлаат во Подрачната единица или, пак, на Градот. - Ние ниту даваме одобренија, ниту пак смееме да даваме налог за сечење на Парк шумата Водно - се огради Соња Марковска, раководител на секторот за урбанизам во Општина Центар и потврди дека дозволите за сеча ги издале Градските власти. Во меѓувреме, побаравме мислење и од Министерството за екологија, за кое сметавме дека треба да биде најзасегнато во овој случај. Но, откако побараа да им испратиме писмено барање кое уредно им го доставивме, за жал останавме без одговор. Очигледно, во ова Министерство немаат слух за сериозноста на состојбата, па не се многу засегнати од сечата на еден хектар шума. И додека топката се префрла од еден на друг, Камчеви со сите дозволи в рака ги сечат неколкудецениските дрвја.
angel Тоа што Камчеви ги сечат дрвата е жално но по жално е тоа што ќе го избркаат турскиот инвеститор на болицата во објектот на хотел Панорама кој се надевал дека таа шума ќе биде опкружување на болницата. Ќеркара на Трифун Костовски не е директор на ПЗО МАЛА БОГОРОДИЦА - СКОПЈЕ туку извесна г-ѓа Нина Пијаде (правник) а СИСТИНА МЕДИКАЛ - СКОПЈЕ е сосема друго правно лице кое во моментов е во ликвидациона постапка со одговорен ликвидатор Ацо Дамчевски. Инвеститорот на болницата која Камчеви сакаат да ја градат на Водно е сосема трета нивна фирма. Ги менуваат фирмите се со цел да ги злоупотребат доверителите односно да не плаќаат таму каде што должат и тоа им успева. Ова ќе биде „ватрено крштење„ за новиот градоначалник. Ќе видиме дали сум во право кога постојано тврдам дека нивното сватовско раскинување е фиктивно секогаш кога Костовски е со намера политички да се активира.
dejan ajde zhicara nad pustinja. ova e gluposti, vodni treba da se napravi vo nekoja ubava planina, kade ima ubavi parkovi. a ne ova, a ne kukji na ministeri ili neznam sto.
angel „Мала Богородица“ направи големо сечење на Водно Екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ деновиве сечат дел од шумата околу хотелот „Панорама“ на Водно, за фирмите „Ексико“ и „Мала Богородица“ таму да изградат девет резиденцијални објекти. Компаниите, како што дознаваме, ги имале набавено сите потребни документи за изградба, а сечењето на шумата било по налог на Градскиот комитет за урбанизам. Екологистите ги осудија овие градежни работи бидејќи, како што рекоа, по огромниот хотел во Градскиот парк, се уништува и зеленилото на Водно. - Под хотелот „Панорама“ ќе се изградат девет резиденцијални објекти што ќе функционираат во склоп на болницата „Мала Богородица“, односно таму ќе може да се сместуваат пациенти - рече претставник од оваа фирма. Од Градскиот комитет велат дека фирмите поднеле регуларни документи за изградба од сите институции и врз основа на нив, тие издале налог до претпријатието „Паркови и зеленило“ да ја расчисти шумата. Фирмите „Ексико“ и „Мала Богородица“, според Комитетот, имале градежна дозвола од подрачната единица на Министерството за транспорт и врски, а објектите биле предвидени во Деталниот урбанистички план што го усвоил Советот на општината Центар. Оттаму додаваат дека е подобро нивното претпријатие да го изврши сечењето на шумата, за да се спречат можните злоупотреби. Еколошкото друштво „Екомисија“ остро реагираше на сечењето на шумата. - Уништувањето на зеленилото на Водно е за осуда. Во Скопје станува практика да се прават резиденцијални објекти среде зелените површини. Прво беше хотелот во Градскиот парк, сега овие објекти на Водно, па којзнае што не очекува потоа. Досега Водно беше загрозено од дивите градби, но сега почнуваат да ги уништуваат и легалните објекти. А како тие се легализирале е сосема друго прашање - вели Петар Бошевски, претседател на друштвото. (од Време 13.04.2005 год.)
dejan Grrrrr