Obrakjanje do javnosta!
Obrakjanje do javnosta!
AaaAa http://www.utrinskivesnik.com.mk/ Обраќање до јавноста Трајан Петровски, професионален дипломат, писател, актуелен претседател на ДПМ Се обраќам до јавноста со намера да соопштам дека јас лично и моето семејство, веќе подолго време, поточно од 2001 година наваму, сме жртви на беспримерен терор, разбојништво од најсуров и најпримитивен вид, уцени и изнуди, мотивирани од криминални структури за стекнување незаконска имотна корист. Како главна цел на овој беспримерен бандитизам, со добро разработено сценарио од подземјето, е мојот помлад син Александар, а како убиствено, заплашувачко средство се користи мојата опозиција на угледен писател и дипломат. Доживеав во сопствената држава, по цели педесет години творештво, да бидам уценуван и заплашуван со ликвидација дури и за тоа што сум го објавил пред триесетина години, за качаштвото и исламскиот фундаментализам. Доживеав да живеам во опсада, на штрек, со наострени сетила храбро да се сочувам со злото. Доживеав по толку возвишувања на мојата татковина, исполнувајќи ја со успех амбасадорската функција во најпреломните години од независноста, да бидам заложник на улична мафија, која дејствува во спрега со официјалните структури на прогонот и на власта. Во тоа се уверив лично. И јас опстојувам, храбро се борам, го бранам сопствениот интегритет. Го бранам моето семејство. Мојот досегашен влог во афирмацијата и во прогресот на оваа земја. Настапувам со чист образ. Некогаш не потклекнав и нема да потклекнам пред лигушите, пред џганот, чии босови слободно се шетаат како бендери среде центарот на Скопје, опремени со револвери и луксузни возила (џипови, "мерцедеси°) и легално, пред очите на наводните ефективни единици на полицијата за борба против криминалот, продуцираат планови за црни бизниси. Тие имаат слобода да убиваат, да малтретираат, да уценуваат, да бидат користени во фалсификатите на изборите, да создаваат атмосфера на страв. Тие се дел од нашите фалени реформи за правна држава и за влез во Европа. Но, за да биде сликата појасна, ќе приложам неколку конкретни податоци. Мојот помлад син е смислено втурнат во рекетарски кругови уште од есента 2001 година, со подривање на неговиот бизнис, под закана дека ќе биде ликвидиран заедно со семејството, при што е подло манипулирано со мојот статус на афирмиран писател и дипломат. Подолго време го прикривал случајот, обидувајќи се да се извлече, плашејќи се да не ми наштети на угледот. Но, кога ножот дојде до коска, работите излегоа на виделина. Нарачувачи на неговата ликвидација е Ване, Зоран и Влатко Јанчеви (татко и синови), препредени лихвари од Скопје, на кои им годеше бизнисот со мојот син додека можеа да го експлоатираат. Извршители (рекетари) се Влатко Киро Пановски, викан Типе, Меди Арифи, кој моментно е во Идризово на издржување казна затвор за обид за убиство на Дејан Пановски, викан Дешо. Цената што е платена и штетите што се претпрени, вклучително и тешко нарушеното здравје на мојот син, кој постојано бил под психичка и физичка тортура, држан среде бел ден како заложник пред очите на полициски функционери, е огромна. Но, проблемот е во неможноста да се излезе од тој пеколен круг, бидејќи криминалците уживаат заштита од полицијата, со постојано давање поткуп. За потсетување нека послужи случајот со пукањето близу бензинската пумпа кај Мешеишта, Охридско, кога беше изрешетено со куршуми едно лице. Како се скри тој случај и што се случи со распишаната потерница по сторителите? Нивните извршни пресуди и за други дела упорно се прикриваат во нечии фиоки во МВР. Ги нагризуваат молци. Зад нив, за жал, стојат бедни "авторитети° на луѓе кои работеле во обезбедувањето на СДСМ. Нашите бивши другари и сегашни наконтени господа го знаат тоа добро и ги заштитуваат од само за нив познати мотиви. Во сценариото за уништување на мојот син се приклучил и извесен Љупчо Костовски, наречен Рикверц, наводен добротвор, лихвар од балкански калибар, кој успеа со лихварски манипулации да присвои неколку туѓи станови и деловни објекти. Неговите "дела° добро Ј се познати на полицијата, како и фактот дека има дебели пари за потплаќање и за крмење... Кога му го пресеков лихварството со син ми, за наводно зајмени пари, ме заплаши со рекетари од Србија и од Косово, употребувајќи ги како "адут° моите пишувања за качаштвото. Манифестира симптоми на лудило. Постојано мавта со пиштол за кого поседува дозвола и со некаква жолта легитимација од Бардовци, дека бил непресметлив. Не знам кој и зошто дава оружје на такви особи? Почнувајќи од август 2004 година, случајот го пријавуваме во сите можни надлежни институции, започнувајќи од полициските станици. Со судни маки остваривме и неколку средби со инспектори на МВР. Бидејќи не се преземаше ништо, а заканите и уцените продолжуваа, се решив на лично писмено обраќање до министерот за внатрешни работи. На господинот Аврамовски му упатив две препорачани писма, на 21 октомври и на 15 ноември 2004 година. На министерот Михајловски му се обратив на 20 декември 2004 и на 15 март 2005 година. Му се обратив писмено и на претседателот на државата, господинот Црвенковски, на 21 декември 2004 година, со назнака многу итно! Не се огласи никој со каков било одговор, макар и куртоазен, потпишан од некој бирократ. Пример за елементарна бирократска култура. Обележје за влез во Европа. На 10 јануари 2005 година, поднесовме кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје, која е заведена под број КО 228/05. Со неа приложивме докази со потписи од рекетарите, во кои се наведени износите на исплатените средства од страна на мојот син за господата лихвари Јанчеви. Бидејќи ништо не се презеде и од Обвинителството, а притисоците врз син ми и лично врз мене продолжија, на 16 март 2005 година, имав средба со амбасадорот Михаел Салин, со цел да го информирам за случајот и да побарам совет. Потоа остваривме неколку средби со одговорни функционери на "Проксима°. По нивна сугестија поднесовме приговор до Внатрешната контрола на МВР на 8 април 2005. Тоа се накусо фактите. Никогаш не ми била загрозена личната и творечката слобода како денес. Се срамам што живеам во ваква стварност, во држава во која царуваат корупцијата, непотизмот, ароганцијата и бандитизмот. Во хаотичен поредок во кој профитира џганот. Во животот сум издржал секакви кијамети. Со чесен труд. Ќе ја издржам и оваа гроза.
melpomena Epa Trajane boli koga ne si vo vlasta a? Odozgora pa i nikoj ne saka da te soslusha? Te potsetuva toa na NEKOGO?[}:)] Mislam deka ni ti nemashe epitet na slushatel koga beshe "so vlasta" i toa bash so ovaa (SDSM), potochno tebe grbot ti go chuvashe Kiro[:(] A pismata odsekogash bile tvoja specijalnost. I togash prakjashe desetici, no so podruga sodrzhina... Ne sakam da zboruvam za tvojata diplomatija "na nivou"[|)] A i biznisot na sinot ne e bash celiot od chesni pari neli????[xx(]
Misirkov --------------------------------------------------------------------- "...На министерот Михајловски му се обратив на 20 декември 2004 и на 15 март 2005 година. Mу се обратив писмено и на претседателот на државата, господинот Црвенковски, на 21 декември 2004 година, со назнака многу итно!..." --------------------------------------------------------------------- XA XA XA!!![:D][:D][:D] Trajan mu se obratil na liceto B.C., a ovoj e Kumot! [:0] Samo zal mi e deka Mechkata (Aleksandar) e ucenet. Dobar dechko e.
mEnEmA c c c drzavava se podole i podole odi :(