Ustavni izmeni
Ustavni izmeni
OooOo Црвенковски прави свој тим за уставните измени Претседателот Црвенковски свикува нов експертски форум кој ќе ги размислува уставните измени во пресрет на собраниската седница за владината иницијатива. На работна средба на 5 мај Црвенковски покани дури 14 експерти по уставно право и правни науки, меѓу нив ја рехабилитира и екс владината експертска група од која владата беше незадоволна и ја распушти - Саво Климовски, Тања Каракамишева и советничката во кабинетот на Црвенковски Рената Десковска. Шкариќ, Камбовски, Митков, Сиљановска, Фрчковски и Владо Поповски, Ѓорѓи Цаца се дел од експертите кои Црвенковски ги кани на консултации и врз основа на чии препораки ќе го оформи својот став за уставните измени, велат во кабинетот на претседателот. Климовски е информиран и ја поздравува идејата, Фрчковски се уште не добил покана, но и да добие вели нема намера да учествува на таква општа семинарска дебата на која секој ќе каже како ги замислува уставните измени. За разлика од првиот сега разрешен експертски владин тим кој беше составен во координација со претседателот, овој пат Бучковски не е информиран за форумот на претседателот. Премиерот ќе ги заврши политичките консултации со партиите за уставните измени, а по собраниската седница на 15 мај на која се очекува да се постигне согласност за потребата од уставни измени, ќе се формира нов експертски тим. Овој тим, велат во кабинетот на Бучковски ќе креира амандмани, кои ќе бидат усогласувани во работна група составена од претставници на политички партии. Целиот процес на уставни измени ќе заврши кон крајот на годинава. Инаку клучното несогласување кое резултираше со распуштање на претходниот владин експертски тим е сомневањето од премиерот дека овој тим сака да воведе претседателски систем во Македонија. Тие пак му забележаа на уривање на концептот на независно судство со воведувањето на пробен мандат за судиите и намалувањето на цензусот за избор на судиите.
Strelec Средба Бучковски-Груевски за уставните измени Уставните измени - повод за средба на релација Бучковски-Груевски. Премиерот бара поддршка за промените од опозицијата, но Груевски има поинаков концепт од власта. „Ние и понатаму ќе бидеме отворени за дијалог, посебно со ВМРО-ДПМНЕ и со експертите кои тие ги предлагаат во моментот кога тие ќе прифатат дека за независноста на судството е потребно да се размислува и во делот како што размислува сега Владата, дека мора да се редефинира улогата на РСС и изборот на судиите. Ние излеговме со нашето становиште дека за тоа се неопходни уставни измени“, изјави Владо Бучковски, премиер. „Владата има еден предлог, кој што е во прелиминарна фаза, предлог за кој што ние имаме за некои работи различни мислења во правец на тоа дека за поголемиот дел од оние делови што се ставени во законот можно е да се завршат и преку законски измени, без да се менува Уставот“, рече Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. „Значи, веруваме дека добар дел од тие работи можат да се завршат само со промена на законите, што е и побрзо и поефикасно и нема да има потреба од менување на Уставот, а за еден дел спориме дека се добри, односно дека ќе бидат позитивни реформи во правец на менување на Уставот“, додаде Груевски.
Jakov Претседателот очигледно секој ден сваќа се повеќе и повеќе дека се “заеба“ што прифати место Претседател. Досадно му е, нема што да прави. Од друга страна “малиов“ се повеќе буца по свое. Сака да изгради свој сопствен имиџ подалеку од Претседателот и сега цврц....заглавија. Бучко ги отпушти експертите, а еден од тие експерти е советник на Црвенковски и ајде сега одма суети, плачки наваму натаму. Погледнете го составот на експерти што ги свикува Бранко: ““Шкариќ, Камбовски, Митков, Сиљановска, Фрчковски и Владо Поповски, Ѓорѓи Цаца се дел од експертите кои Црвенковски ги кани на консултации ““ Шкариќ и Климовски се најголемите критезери на овој денешен устав на РМ, од проста причина што не го имаат пишувано истиот. Кој имал прилика да слуша уставно право кај Шкариќ, знае што зборам. Тие досега немаат дадено некој аргументи зашто Уставот не чини, него си зборат нешто у облаци и си критикуваат. Камбовски е потполно ист како нив, ама не е експерт за уставно право нели. Камбовски и Климовски јадрото на славната Демократска алтернатива. Никола Митков, последниот претседател на Претседателството на СРМ.....експерт парекселанс на свои 85 години. После 25 минути од состанокот заспива, а кога ќе се разбуди почнува да дискутира како се гласани уставните промени, ама во 1953г???? Гордана Сиљановска, водачот на Здружението на Трифун, експерт за локална самоуправа....се гледа по локалната самоуправа.Нема форум на кој не присуствувала и на кој немала предавање од по саат и нешто.Фрчковски јавно кажа дека нема да одел на семинарот, Владо Поповски е вториот од твроците на Уставот, експерт за политички партии, само Чашуле има сменето повеќе партии од него.Ѓорѓи Цаца, потпретседател на Извршен Совет на СРМ во средината на 80тите. Мислам дека има заборавено што е устав и закон,човекот е у пензија веќе 25години,ако не и повеќе.
mako Kako bi se postignalo so ustavnite izmeni da se dojdit do 'predsedatelski sistem'? Del od sudiite da gi naznacuvat predsedatelot i/ili tie da nemozhat da se smenat bez negovo odobrenije?
трендафил Не знам од каде тие што Уставот кога се донесуваше го самопрогласија за идеален, сега малку малку па му наоѓаат по некоја „фабричка грешка“. Ниту Уставот ниту законите не ја прават правната држава, туку луѓето што треба да ги применуваат. Или тие треба да го сменат своето мислење или да бидат сменети. 15 години, по воведувањето на плурализмот чекаме припадниците на една партија да се сменат. Дури ниту по едномандатното сменување. Останува да видиме дали Бучковски има сили да се оттргне од октоподот. Доколку во тоа не успее во краток период (најдоцна до крајот на годината да почувствуваме некои резултати) тешко и на СДСМ но и на Македонија. Не му е лесно, затоа што за економија требаат пари, а со секоја пара странците бараат некоја политичка отстапка. Вклучувајќи го и името.