Хуманоста нема граници- да ја покажеме
Хуманоста нема граници- да ја покажеме
Jakov Еве конечно начин како да и помогнеме на Душица. За оние кои не се од Македонија може да се контактира со банката да се види како да се донираат средства. Мобилниот број е само за во Македонија. Се надевам дека ќе ја покажеме својата хуманост. [img]http://www.vest.com.mk/images/{9F9397BA-6509-4B0A-9055-DF66CDBCC593}_dusica.jpg[/img]
Strelec ПОП-SВЕЗДАТА КАЈ ПОВРЕДЕНОТО ТЕТОВСКО ДЕВОЈЧЕ Тоше ја израдува Душица Вчера на малата Душица Павловска и се оствари единствената желба. Неа ја посети Тоше Проески. Радоста на Душица беше неизмерна. Се радуваше и нејзината помала сестричка Марија. "Леле, дојде Тоше", воодушевено извика таа кога го здогледа Проевски. Срамежливо му се фрли во прегратка кога Тоше и подари мече. Средбата беше куса и трогателна. Гушнати еден со друг тие меѓусебно нешто се договорија. Тоше и вети дека пак ќе ја посети, а потоа така гушнати ја запеаја "Ој тетовско девојче". Набрзо дворот во домот "25 мај" во кој привремено е сместена Душица, заедно со нејзиното семејство, се исполни со луѓе. Сите беа воодушевени од ненајавената посета на поп-sвездата. Хуманоста на Тоше, која многупати досега ја покажал, на затаи ни вчера. Тој на сите деца што дојдоа да го видат им подари мечиња, делеше автограми и се поздравуваше со сите. Во полчасовната средба, Душица не се оддели од Проески, но не сакаше да каже ниту збор, само срамежливо го гушкаше и го бакнуваше. Средбата меѓу Проески и Душица беше остварена по пишувањето на "Вест" за несреќата на девојчето кое тогаш единствено што кажа беше: "Сакам да го видам Тоше Проески". Душица Павловска, заедно со нејзиниот татко беа ранети во војната во 2001 година кај тетовското село Брвеница. Во неа терористите пукаа и тешко ја повредија во стомакот. По повредите врз девојчето беа извршени четри тешки операции, од кои една во Германија. Таму на Душица, бидејќи и бил повреден нервниот систем, и биле ставени две ќесиња. Едното на левата, а другото од десната страна на стомакот во кои таа ги извршува секојдневните физиолошки потреби. Во декември годинава тетовското девојче повторно треба да оди на контрола во Германија каде што ќе се одлучи дали таа по петти пат ќе биде оперирана. По објавувањето на сторијата за малата Душица, "Мобимак", за да му помогне на девојчето, отвори хуманитарна линија со телефонскиот број 070 143-143 на кој граѓаните донираа средства. Пари беа уплатувани и на жиро-сметката 540-0000000001-61/80700-7711-10 Тетовска банка АД Тетово. Помош во лекови и облека дадоа и фармацевтската куќа "Крка" и бутикот за деца "Магнолија". "Мак стил" го вработи и нејзиниот татко Горан Павловски кој вчера при нашата посета ни се пофали дека добил и решение за работа.