Quo vadis, Macedonia!
Quo vadis, Macedonia!
sirius За разлика од речиси целиот свет каде што за имање храброст или моќ да се стори нешто се користи фразата to have balls (или: да се има муда), со јасна мачо-алузија на семената потенција во тестисите (семето раѓа), современиот Македонец ја користи фразата: да се има г'з. Би се рекло, фраза адекватна за кастриран евнух. Фразата го открива светот на Македонецот, кој како човечки свет (различен од животинскиот) е пред с#233; духовен. Таа антиципира снеможеност, малаксаност на духот и е знак за летаргија и за задреманост на битието. Во книгата Македонски катахрезис, авторот Бранислав Саркањац упатува на философијата на Хегел, којашто во сета нејзина примена во стварноста е немилосрдна кон Македонецот. За Хегел, државата како творба е цел на секој народ, бидејќи е негова самосвест, свест на еден народ за самиот себеси. Само оние народи кои имаат држава се суверени народи, достојни да се легитимираат како историски народи. Немањето држава во текот на историјата го прави македонскиот народ проблематичен феномен и поим. Тој народ немал свест за себеси, па затоа не создал држава. Но, затоа, денес ја има. Хегел би рекол: "Луѓе, тоа не менува ништо, бидејќи вие и натаму сте несуверени; на малите народи државите им ги создаваат или, во краен случај, им ги контролираат големите држави." Практично, минатото н#233; обесмислува, а денешницата н#233; обезличува. А на историската сцена играат само субјекти кои се моќни да владеат со битието - за Хегел тоа е светскиот апсолутен дух - и да учествуваат во неговото развивање. Произлегува дека фразата го покрива и минатото. Тоа е, сепак, едната страна на проблемот. Да видиме што кажува еден друг философ, во неговата книга Вовед во метафизиката. Нормално, и овој филозоф е Германец. Имено, Мартин Хајдегер смета дека за секој народ е од суштинско значење да се одреди себеси во однос на стварноста во целина, во однос на она што е, во однос на она што бивствува. Односот кон она што бивствува во целина, може да доведе до дофаќање на самото битие на она што бивствува. Иако ова дејствува како апстракција и како церебрална гимнастика, тоа може успешно да ја покаже историјата на Македонецот како дух. Токму така, Хајдегер го дефинира духот како "изворно усогласена и свесна отклученост за суштината на битието". Битието не се мисли, тоа се појавува и има изглед на нешто што извира од скриеноста. Музиката и танцот, како најапстрактни уметнички видови ослободени од обична содржина, се најподатни за да ја овозможат појавата на битието. Тоа се случува во Тешкото и во сите македонски танци што се нарекуваат тешки. Во Тешкото имаме експлозија на битието, како присуство и постојност. Го имаме јасно покажано сето она што Хајдегер го вели за суштината на човекот. Човекот се наоѓа во битието[/u],......... Значи, според етно-духовната генеза, ние сме хајдегеровци. Лупата на Хегел н#233; промашува. Н#233; промашуваат и сите околу нас, затоа што се хегеловци. Го имаме почетокот кој ја покажува несоодветноста на употребата на фразата (којашто беше повод за овој текст) за почетокот, кога Македонецот упаѓа во времето како хоризонт на историјата. Но, дали духот на современиот Македонец има континуитет со почетокот? Тешкото е токму полемос со стварноста и со битието. Прва полемика во форма на уметност. Но, народот во Македонија не сака да полемизира, поинтересно му е да озборува по кафеани. А философијата ја смета за бесмислена и со тоа покажува евнушки менталитет, зашто без неа тој нема да може секогаш одново "да го исткајува битието" и со тоа да опстојува во историјата. Во Македонија е нормално дури и еден Хелсиншки комитет да н#233; тероризира со правата на хомосексуалците, а притоа за истиот да не е толку суштински проблемот на 40% невработени, на кои им е ускратено правото на работа и на леб. Се создава проблем за тоа кога "некој Француз" доаѓа во Македонија за да го испитува Македонецот преку тоа дали во неговиот речник има збор за "пенис", за потоа истиот тој Француз да извлекува заклучоци за сексуалниот живот на Македонците преку читање на огласи каде што "млад брачен пар бара ист таков, или поединец, или поединка за остварување интимни средби". Репрезенти за тоа што е Македонецот не може да бидат вкусот за музика на некој си камионџија запиен во некоја биртија со кафеанска певаљка, ниту пак луѓе кои не ја сфаќаат разликата меѓу ерос и секс, и кои ја промашиле љубовта. Значи, македонска народна лирика, а не огласи; Мисирков, а не Ванчо Михајлов. Кога дојдовме на тоа ниво една Маја Синадиновска, заедно со некои сомнително квалификувани сексолози, да им дава совети на младите за сексуалниот живот, навистина стануваме медиокритетско општество. Една песна од Кучковки, пеењето на Вања Лазарова, една игра отсвирена на зурла, се хиероглифи за младиот Македонец, а за Хајдегер тоа се о-дело-творувања на битието, суштински однос, хоризонт на историјата. Ако Македонија го немаше Тешкото, феминизмот и хомосексуализмот можеби и би биле оправдливи феномени за втопеноста во декаденцијата на светот. Но, бидејќи го има како почеток, таа мора да го сочува како вечен извор на битието. Во Тешкото ја имаме машкоста, како апсолутно космички принцип што ја возглавува и женскоста, и ги редуцира лутањата на полот. Тешкото е дело на полисот, а не на државата. Хајдегер упатува на тоа дека полисот не значи град или држава, туку место "она-тука" во коешто се случува историското оп-стојување. Евнухот се плаши да создава историја, се плаши да остане во полисот, да остане во логосот, да се собере и да даде дело - држава како политеја (полис и полемос)..... longterm betting type:Или „поентата“ е некаква си апологија на збунетоста како нова нормалност? Секојдневната рационалност се покажа неиздржлива и сега станува збор за тоа да се пронајде некој филозофско-општествен програм кој одново ќе & даде место на човечката неспособност. Потфрлувањето како онтолошко начело, промашениот живот како идеал и исходиште, хаосот како давање смисла, критика на ефикасноста и перформансите, траумата како идентитет, фракталните пријателства, Fuzzy Logic како операционално начело, нејаснотијата како наддетерминанта: се поими на коишто не им требаат дополнителни објаснувања бидејќи ја дефинираат новата нормалност.“ (Agentur Bilwet, Период на добрите намери, 1997) Да се шифрира, а не дешифрира. Да се негува илузијата. Да се создава илузија за да се создаде настан. Да се направи енигматично она што е јасно, непоимливо она што е премногу поимливо, да се направи нечитлив самиот настан. Да се нагласи лажната проѕирност за во него да се посее терористичка збрка,.....Мислата стана исклучително ретка стока, која треба да се негува на тајни места, и по езотериски правила.
sirius koristeni se nekolku izvori na info. za prethodniot tekst