VO DANSKI ZATVOR PORADI "PATRIOTSKA" TEPACKA!
VO DANSKI ZATVOR PORADI "PATRIOTSKA" TEPACKA!
Great_Macedonian СКАНДАЛ - НАВИВАЧИТЕ НА КОМЕТАЛ ЃП СЕ СТЕПАА МЕЃУ СЕБЕ ВО КОПЕНХАГЕН Во дански затвор за патриотска тепачка Тројца од шестемина приведени навивачи од Македонија вчера беа осудени на 12 дена затвор под обвинение за напад врз службено лице. Мотивот за тепачката помеѓу нашинци што живеат во Шведска и "комитите" што до Тројца македонски навивачи заработија 12 дена затвор под обвинение за напад врз службено лице по првиот финален натпревар од ракометната Лига на шампиони помеѓу Слагелсе и Кометал Ѓорче Петров, одигран во саботата во Копенхаген, Данска. Вкупно шестмина навивачи беа приведени, но само тројца ја дознаа својата судбина на вчерашното експресно организирано судење од затворен карактер, велат од нашето Министерство за надворешни работи. До затворањето на весникот немаше пресуда за другите тројца. Тие беа приведени по тепачката меѓу македонските навивачи што се случи веднаш по завршувањето на натпреварот, на паркингот пред салата. Во обид да ја расчисти ситуацијата, данската полиција посегна дури и по огнено оружје, истрелувајќи еден куршум во воздух. Мотивот за тепачката помеѓу нашинци што живеат во Шведска и "комитите" што допатуваа од Македонија беше да докажат кој бил поголем патриот?! Испровоцираните "комити", од кои некои 40 часа патуваа со автобус од Скопје до Копенхаген и пристигнаа на еден час пред почетокот на средбата, му се нафрлија на еден поднапиен охридски Швеѓанец од Малме, што беше иницијална каписла за хаосот околу салата. Наскоро пристигнаа и бројни полициски сили кои, според тврдењата на нашите навивачи, погрешно протолкувале еден потег на еден од водачите на "комитите". Тој другарски погрубо се обиде да им укаже на "комитите" да влезат во автобусите, што полицијата го сфати како почеток на нова тепачка. Популарниот Жути со палки беше соборен на земја, а во желба да му помогнат на својот другар, "комитите" ја направија кобната грешка - нападнаа и повредија полицаец. Во целата мешаница еден полицаец извади пиштол, првин го впери во самите "комити", а потоа истрела еден куршум во воздух. Шестмина навивачи со лисици на рацете беа спроведени до затворот, а останатите со полициски кучиња беа избркани да влезат во автобусите. "Што си мислите вие, каде сте? Ова е Данска", ни малку нежно ни се обрати еден полицаец кога му покажавме новинарска легитимација. Од Кометал Ѓорче Петров особено се лути на нашиот конзул во Данска кој откако видел што се случува, веднаш избегал, не обидувајќи се ни да помогне како посредник. Автобусите со полициска придружба буквално беа депортирани до аеродромот, со закана дека ако се случи и најмала глупост, сите ќе бидат приведени. Еден од петтемина полицајци во автобусот, кој ги враќаше навивачите кон аеродромот, појасни каква судбина би можела да ги снајде притворените. Според него, вообичаена казна за вакви инциденти е затвор од 30 до 60 дена. "Не се така лоши данските затвори", се обиде да не утеши полицаецот, додавајќи дека редовно се соочуваат со вакви ситуации по тамошни локални фудбалски дербија. Стотина навивачи од Македонија пристигнаа во Копенхаген со чартер-лет на МАТ во саботата околу пладне. Педесетина во сопствена режија дошле со автобуси, а стотина нашинци што живеат во Данска и во Шведска беа дојдени со сопствени возила. Раководството на клубот се оградува од инцидентот бидејќи навивачите што го направиле инцидентот дошле во сопствена режија, а не со закупениот авион. Г. Конев http://www.vest.com.mk/default.asp?id=97047&idg=5&idb=1464&rubrika=Makedonija
Great_Macedonian "patriotite" "pokazaa" kako se reklamira makedonija.
toni_a a,toa tuka muabet za "zutiot" od aerodrom?
Great_Macedonian ??
toni_a mislev nekoj ako znae,dali toj "Жути" sto go spomnuvaat i sto prael belji e od skopje/aerodrom?