Jose Carreras go otvara Ohridsko Leto 2005-to.
Jose Carreras go otvara Ohridsko Leto 2005-to.
AaaAa НЕЗАПАМЕТЕНО ИНТЕРЕСИРАЊЕ ЗА ОТВОРАЊЕТО НА "ОХРИДСКО ЛЕТО" Европјани се тепаат да дојдат до билет за концертот на Каредрас во Охрид Светскиот тенор на 12 јули ќе го отвори македонскиотлетен фестивал во Охрид, резервации за билети се бараат од Данска, германија Холандија, и сите земји околу нас [img]http://vest.com.mk/images/{FAACBB04-0121-4702-A9EC-CE0B02BCA082}_kareras-2.jpg[/img] Најавите дека годинава отворањето на "Охридско лето" на 12 јули во Античкиот театар ќе го направи со концерт светски познатиот тенор Хозџе Карерас резервации за билети неговиот концерт се бараат од цела од Европа..Од западноевропските земји најголемо интересирање имало во Германија,Данска Холандија,а влезници купувале и почитувачи на Карерас од сите соседни земји..И покрај тоа што цената на билетот чини 50 евра , резервации извршиле голем број македонски граѓани.Сите билети веќе биле резервирани, но се прават напори да се зголеми бројот на седиштата во Античкиот театар,јавуваат од дирекцијата на Фестивалот во Охрид. “Поради големото интересирање за настапот на тенорот Хозе Карерас ние правиме напори да го зголемиме бројот на седиштата на Античкиот тетатар.Планираме да обезбедиме место за 2.200 до 2.300 гледачи,иако и тоа нема да биде доволно да се прифатат сите што сакаат да присуствуваат на концертот.Во преговори сме со МТВ да врши директен пренос од настапот на Карерас на отворањето на “Охридско лето”,со тоа што на Градскиот плоштад би се поставил и голем видео-бим за сите оние што нема да можат да го следат големиот уметник во Античкиот тетатар”,појаснува директорот на Фестивалот Зоран Стрезоски. Засега се знае дека Хозе Карерас во Охрид ќе престојува два дена,а негови луѓе веќе прибирале информации за можностите на охридските хотели.Дознаваме дека луѓето на Карерас ги бендисале апартманите во хотелите “Горица” и “Метропол”.Голема е веројатноста светскиот тенор да се смести во еден од нив.(Д. Ч)